На листата на најбогати Шпанци во фудбалот и натаму е газдата на Ѕара, Амансио Ортега со богатство од 50,4 милијарди евра. Но нас не нè интересира тој, туку газдите на клубовите кои во животот не седат само на претседателски фотељи.
1. ФЛОРЕНТИНО ПЕРЕЗ
Реал Мадрид е еден од најбогатите клубови во светот, со богати спонзори, ама и со богат претседател и единствен во Шпанија кој тежи 1,2 милијарди евра. Флорентино Перез е најбогат меѓу газдите во Ла Лига и се наоѓа на 40-та позиција на најбогати Шпанци. Тој е претседател и главен извршен директор на групацијата ACS, светски лидер за развојот на инфраструктура на пет континенти. Така што немој да мислите дека од трансфери живее.
2. ФЕРНАНДО РОИГ
Не е за жалење ниту претседателот на Виљареал кој е 52-от најбогат Шпанец. На жолтата подморница нешто не и оди сезонава и се бори за опстанок, ама Фернандо е далеку од опстанок бидејќи има 930 милиони евра и е влезен во фудбалската индустрија и онаа за храна.
3. МИГУЕЛ АНХЕЛ ЖИЛ МАРИНДИЛ
Извршниот директор на Атлетико Мадрид поседува 51% од акциите и со 240 милиони евра се наоѓа на 192-та позиција на најбогати Шпанци. Тој ги покрива Торе де Валенсија, стадионот Ванда Метрополитано, урбанизацијата на Сан Рафаел, а има и семејни фирми.
4. ЏЕУМЕ РОУРЕС
Се наоѓа едно место зад Мариндил со богатство од 230 милиони евра, а со уште еден ортак поседуваат 24% од медиумскиот гигант Медиапро, вреден 430 милиони евра. Минатата година ги добија правата за француското првенство на 4 сезони 2020-2024, а телевизиските права за Серија А ги имаат до 2021-ва година.
5. ЕНРИКЕ СЕРЕЗО
Претседателот на Атлетико Мадрид е на 195-то место со 230 милиони евра. На чело на клубот е од 2003-та година, а тој е исто така продуцент во шпанската кинематографија и газда на компании кои произведуваат 80% од шпанските филмови.
Рафаел Надал е единствениот спортист кој е тука некаде, но не влегува на листата на 200 најбогати Шпанци. Се наоѓа на 239-та позиција со 185 милиони евра.