Заврши потрагата по исчезнатиот авион на Емилијано Сала кој заедно со својот пилот се урнаа во каналот Ла Манш.
Приватната фирма која го бараше авионот по барање на семејството, синоќа соопшти дека авионот бил пронајден во 21 часот.
Денеска се појави и првата фотографија направена од подводна снимка, а според официјалното соопштение на пребарувачите, меѓу остатоците од авионот е пронајдено и едно тело за кое сè уште нема потврда дали е на фудбалерот или на пилотот.
Емилијано Сала стана најскапиот фудбалер на Кардиф кој потпиша од екипата на Нант за 17 милиони фунти, но никогаш не успеа да заигра за премиер лигашот.
Од Франција за Англија тргна со приватен мал авион кој на 21 јануари се урна во англискиот канал. Сè уште нема официјална потврда за причините за несреќата. За сега се зборуваше само дека ноќта кога полетале лошо било времето.
Откако англиските и француските служби по неколку дена завршија со трагање, семејството на аргентинскиот фудбалер со помош на донации ангажираше приватна агенција која ја продолжи истрагата.
BREAKING: Body found in search for Emiliano Sala and David Ibbotsonhttps://t.co/dLe4VgdPJ3 pic.twitter.com/BX9Pd0xJbL
— Daily Mirror (@DailyMirror) February 4, 2019