Фудбал

Нејмар, Кавани и Навас како да ги пуштиле на апсолвентска екскурзија

Батали ти Халанд, Борусија и пораз во ЛШ, дај ние да се направиме летви вечер на роденден. На кого му е? Па Кавани и Ди Марија на ист ден се родени, 14-ти февруари, а Икарди на 19-ти. Во ист ден ќе го слават тројцата, Ванда ќе организира забава.

22 години од ненормалниот гол на Роберто Карлос

На 21 февруари 1998 година, Реал Мадрид му гостува на Тенерифе во рамки на Ла Лига. Мечот завршува 4:3. За домаќините два гола дава Мехо Кодро, еден Рој Макај и Хуанеле. А за гостите Карлос, Пеѓа Мијатовиќ и Салвио. Она што го направи Карлос, тогашниот голман на Тенерифе Марсело Охеда, уште не може да си го објасни.

Секој напаѓач посакува барем еден ваков гол во кариерата

Ако може некој таму во Кувајт, зошто да не можат другите? Само треба да ти се погоди и да не бидеш Величе се разбира.

Барса, засилувањево ако игра ко што жонглира, свршивте работа

По долги натегања, Барселона конечно го искористи чудното правило на шпанската фудбалска федерација, еден тим кој има играч повреден повеќе од 5 месеци, да може да купи друг играч надвор од зимскиот преоден рок. Се решија за Мартин Брајтвајт, Данец, кој дојде од Леганес за 18 милиони евра. Ама не се прослави на промоцијата.

Мали, дојди сликај се со нас

Синоќа пред да почне еден од поинтересните дуели во Лига Европа, Олимпијакос - Арсенал, едно мало дете доби прилика за фотографија која ќе ја памти цел живот.

Детево одржа час по фер плеј и тоа во ривалски екипи

Прво што се работи за деца од основно, второ што едниве се Бенфика, а другиве Спортинг дополнително му тава тежина на фер плеј потегов од кој треба да учат нивните врници, па и постарите. Што се случи?

И по Хаџи, Хаџи

Јанис Хаџи има 21 година и во моментов важи за најдобар романски фудбалер. По кратката авантура во Фиорентина се врати во Виторул Констанца каде тренер е татко му, а од таму отиде во белгиски Генк. После само 6 месеци Стивен Џерард го носи на позајмица во Глазгов Ренџерс и малиот Јанис Хаџи веќе му се оддолжува на Стиви.

Поздрави се бе цреп

Една од главните особини кај тренерите во Премиер лигата е ракувањето, кое речиси е задолжителна пракса. Оле Гунар Солскјер мислеше дека таа култура е иста и во Лига Европа, како на пример кај Филипе Клемент од Клуб Бриж.

Лудак го прекина молкот, па цел стадион во Франкфурт загрме

Пред мечот Ајнтрахт Франкфурт - Салцбург од Лига Европа кој домаќините го добија со убедливи 4:1, имаше минута молк по страшниот напад на психички пореметен маж кој убил 11 лица во германскиот град Ханау. Некој нацист го прекинал молкот со урлање, па цел стадион згрме „Nazis raus“.

Рубен, ти знаеш некогаш обичен гол да дадеш?

Португалецот од Вулверхемптон, Рубен Невес е играч од среден ред, плејмејкер, организатор на игра. Ретко дава голови, ама кога дава, цел стадион се држи за глава. Вулвс синоќа во Лига Европа му ја наполни мрежата до врв на Еспањол. Хет-трик имаше Диего Жота.

Комедија на сезоната во Лига Европа

Џабе ќе биде каков гол и да падне вечерва во ЛЕ или некој да направи лудачки дриблинг или пресврт, кога шоуто го украде Рајан Бабел. Холанѓанецот минатиот месец по трет се врати во Ајакс, овој пат на позајмица од Галатасарај и според ова што го гледаме, изгледа преку главна му е од глумење.

Деби гол на Ериксен после убава акција на Интер

Големото и звучно засилување на Интер од редовите на Тотенхем, вечерва го постигна првиот гол. Падна на гости против Лудогорец каде тимот на Конте славеше 0:2, после една навистина убаво искомбинирана акција која почна од Алексис Санчез.

Одличен пробив и асистенција на Рики

Фудбалерите на Спортинг славеа 3:1 против Башакшехир во нокаут фазата од Лига Европа. Стефан Ристовски одигра 90 минути и беше асистент при вториот гол откако се проби по десно и го најде на пеналтикот Шпорар.

Сите бегаат од таму, фудбалер на Севиља потпиша за кинески Вухан

Шпанскиот клуб Севиља соопшти дека нивниот долгогодишен фудбалер и освојувач на три пехари во Лига Европа со Андалузијците, Даниел Карико направил трансфер во Вухан Зал.

Кога на Мурињо ќе му кажеш дека тимот му бил лош

Он знае како со новинарите, ама зарем новинарите после толку години не научија како со него? Треба да се биде директен да, ама со Жозе не до толку.

Ама се струполи на земја, мислиш од Ван Дајк се одби

Фудбалерите на Зенит одржаа тренинг по кој им се продолжи животот од смеење. Вежбаа некоја комбинација со влез во шеснаесет, ама еден од нив излезе многу несмасен. Пола играчи легнаа на земја и не можеа да се соземат.

Необична тактика на Папу Гомез - се отвора каде што оди судијата

Фудбалска вест на неделата е триумфот на Аталанта над Валенсија од 4:1. Еден од хероите на мечот беше Аргентинецот Алехандро Папу Гомез, лидер на тимот и најдобар асистент.

Можеме ние и повеќе од 68-мо место, а тоа ќе се потврди против Косово

Со оглед на тоа што немаше активности, македонската фудбалска репрезентација како и другите селекции нема поместувања на најновата ранг листа на ФИФА.

Специјална роденденска честитка за стрелецот број 1 во Европа

Лацио сезонава се однесува слично како Лестер пред некоја година, а Имобиле како Варди. Велат дека клучот на нивниот успех од 19 послeдователни меча без пораз е заедништвото и дека функционираат како фамилија.

Убав домаќински гест на Тотенхем

Тимот на РБ Лајпциг, еден од најмладите во Лига на шампиони, во своето прво историско учество во Лига на шампиони стигна до нокаут фазата каде го чекаше европскиот вицешампион. Германците не само што 90 минути му држеа лекција по фудбал на тимот на Мурињо, туку и со победа се вратија дома и мирни го чекаат реваншот.

Какви тренинзи има Ибра на 38 години

Да се измори човек само што гледа, а камо ли да го прави ова кое не знаеме колку му трае. Ние имавме чест да изгледаме само 1 минута од еден индивидуален негов тренинг. Каков ѕвер.

Како татко правда син во школо кога има ЛШ

Фудбалерите на Аталанта синоќа испишаа историја на деби настапот во нокаут фазата од Лига на шампиони, а тоа го сторија на спектакуларен начин со голема победа од 4:1 против Валенсија. Само ако сте му ставиле неоправдани на детево.

Аталанта Бергамо пишува историја, на прагот се од 1/4 финале

Во своето прво историско учество во Лига на шампиони, Бергамашите направија подвиг и се пласираа во нокаут фаза. А таму вечерва за 60 минути до врв ја наполнија мрежата на Валенсија и со една нога се во четвртфиналето. РБ Лајпциг направи огромен чекор за 1/8 финале.

Копенхаген, не им фрлај бензин во оганот

Во продолжение од Лига Европа, а паралелно со излегувањето на Британија од Европскиот сојуз, луѓето од ФК Копенхаген спремија необично видео на темата (со келтска детелинка со сè) во пресрет на мечот со шкотски Селтик (четврток 18.55)