Фудбал

Наполи - Сасуоло со епизоди за Гинисова книга на рекорди

Наполи со 2-0 го победи Сасуоло (Хисај и Алан стрелци), Елмас играше од 79' минута кога влезе на терен наместо Зјелински, ама мечот го одбележија дури 4 епизоди со поништен гол на гостите. Никогаш и никаде не е видено во фудбал вакво нешто. 4 поништени гола. 2 на Филип Ѓуричиќ поради наводен офсајд а сите 4 по првиот и пред вториот гол на Неаполците.

Бане, што му направи на пехарот?

За време на церемонијата доделување пехар на фудбалерите на Зенит кои го освоија Купот на Русија и со тоа двојната круна во оваа земја, капитенот Бранислав Бане Ивановиќ го скрши пехарот откако му падна на земја.

Лукаку кога ќе тргне ти доаѓа да му се тргнеш

Интер ја совлада Џенова на гости со 0:3 и му се доближи на Јуве на -4, кој инаку вечерва ја пречекува Сампдорија. Ромелу Лукаку беше двоен стрелец и стигна до бројка од 23 сезонски погодоци. Ко бик е кога влезе во контра.

Фантастични и голот и асистенцијата на Кулушевски

Швеѓанецот со македонското потекло растури сезонава во Серија А за Парма на само 20 години. Синоќа славеше 1:2 против Бреша на гости, а тој беше главен протагонист со мајсторски погодок и убава асистенција. Има одличен учинок од 9 гола и 8 асистенции.

Турска драмолетка пред гол во 92-та

Анталијаспор му извади реми 2:2 на Галатасарај во судиско, а Адис Јаховиќ овој пат не беше меѓу стрелците. Па немаше да се помират домаќините ако не влезеше еден од овие три обиди. И тоа на крај уште и атрактивно во изведба на аргентинецот Густаво Бланко.

Спектакуларен еврогол на Чалханоглу

Продолжува серијата на Милан без пораз. Овој пат на Сан Сиро ја пречекаа незгодната Аталанта со која одиграа 1:1. Хакан се надмина себе си со мајсторија од слободен удар. Од ваков агол еднаш во годината паѓа гол.

Рускиот тинејџер го преживеа громот и потпиша нов договор

Језиво беше видеото кое излезе пред околу 20 дена, а на него се гледа како 16 годишниот голман од Русија, Иван Зарабовски го удира гром и паѓа како покосен. Но малиот некако преживеа, се крена јуначки, даде интервју во врска со случката и потпиша нов договор во трета лига.

Како дошло до тоа центарфорот во фудбал да носи број 9?

Во април 1933 година фудбалерите на Евертон и Манчестер Сити првпат во историјата на ФА Купот излегле на терен со бројки на дресовите.

Ако Бирмингем, и треба да ве ребраат аматери

На 22 јули Џуд Белингем, 17-годишниот бисер кој за 23 милиони евра потпиша со Дортмунд, го одигра последниот меч за својот матичен клуб. Ама Бирмингем се реши за чуден потег кој предизвика потсмев на социјалните мрежи.

Пандев е додадена вредност на Џенова со неспоредлива техника

Додека Горан наш растура во Серија А и на 37 години, кои ги полни на 27 јули, од студио се слуша женски коментаторски глас. Тоа е Џулија, 27 годишна навивачка на Џенова задолжена за преносите на клубот кој го носи во срцето. Што вели за Пандев? Па што може, освен што го величи.

Промашување на денот, месецот и сезоната

Во Данска се игра плејоф за Лига Европа. Во првото полуфинале Оденсе дома го победи Хорсенс со 3:1. Ама мечот остана во сенка на надреалното промашување на домашниот фудбалер, Тунижанецот Исам Жебали.

Јуве во јули има 1 победа на 5 меча, во Удине изгуби првпат после 10 години

И покрај тоа што со едната рака веќе го држат големиот пехар за шампион на Италија, малку кој во Јувентус е задоволен од она што екипата го прикажа во последните месеци, како на домашно тло така и во Лига на шампиони. Статистички Јуве не бил полош во Серија А многу одамна.

Сергеј дали е реален волејов?

Лацио првпат после цели 12 години обезбеди место кое води во Лига на шампиони, откако синоќа со 2-1 го совлада Каљари после пресврт. Гостите поведоа, а израмни српскиот репрезентативец Милинковиќ-Савиќ со страшен гол, најубав негов сезонава.

Фантастичен гол на Несторовски против Јувентус

Матијас де Лихт го доведе Јувентус во водство во 42' минута, а Илија Несторовски само 10 минути подоцна, во вториот дел маестрално го израмни резултатот на мечот Удинезе - Јувентус на кој „Старата дама“ играше за скудето. Во 90+2' минута од судиското продолжение, Фофана со супер продор си поигра со одбраната на гостите и го урна шампионот - 2:1.

Ваков гол македонски репрезентативец во историја нема дадено

Стефан Спировски имаше деби настап за АЕК Ларнака како никој. На пријателски меч против Докса така јако ја опали од преку 30 метри, мислиш Роналд Куман е ова, а не Стефан наш. Неверојатно е ова голчиште, пет пати го изгледавме. Величе од таму не можеше да ја добаци.

Лидс и Лајпциг на суд ќе докажуваат на кој помалку му треба еден шпиц

Според договорот изгледа дека германскиот клуб е поблиску до вистината, затоа што велат, не можеле да влијаат на тоа што фудбалот ќе трае подолго од предвиденото сезонава поради глобалната пандемија.

Малку фалеше Лампард и Клоп да ја направат големата

По фаулот на Ковачиќ врз играч на Ливерпул после кој Александар-Арнолд постигна преубав гол од слободен удар, Френк Лампард бил фрустриран од судиската одлука (интересно судијата во даден момент му вика на Ковачиќ 'yes, you did get the ball.' ама свири фаул). Тренерот на Челси во налет на нервоза му се пушта и на Клоп и тоа ептен жестоко.

Масовни шампионски прослави во време на глобална пандемија

Англискиот фудбал полека спушта завеса, а на многу локации ширум земјата периодов имаше МАСОВНИ собири на навивачи кои славеа од разни причини. Кога викаме масовни, мислиме над десетина илјади луѓе без многу маски и без ама баш никаква социјална дистанца меѓу нив.

Гол вреден внимание во втора лига во САД

Тајлер Пашер (26) е канадски фудбалер кој игра во американската втора лига за клубот Инди Илевен. На тоа како го реши мечот против Питсбург на гости во 90+7' минута од продолжението, може да му позавидат и многу посериозни фудбалери од Европа. Браво мали!

Спектакл акција на Порто

Фудбалерите на Порто предводени од Серџио Консеисао ја одбранија титулата во Португалија, а против Мореирензе го постигнаа голот на сезоната. Се изгубија гостите во поставувањето на одбраната.

Слалом на Ѕаниоло од своја половина ала Меси

Рома го декласираше СПАЛ на гости со 1:6. Голот на колото, кој сигурно треба да влезе во топ 5 на сезоната е овој на Николо Ѕаниоло. Напаѓачот на Рома се отвори леле мајко. Еден, двајца, тројца, четворица, море вкупно пет души ги изеде. Страшен гол. Го сметаат за наследник на Тоти.

Топовски удар каков што се гледа многу ретко

Шпицот на Свонси кој е позајмен од Ливерпул, Рајан Брустер реши да распали од 35 метри и да го ишиша голманот на Рединг, Рафаел. Многу, многу блесав гол.

Каква мајсторија на Александар-Арнолд од слободен

Ливерпул со 3 ефектни гола во првите 45 минути го испраши Челси во дербито. „Црвените“ одиграа шампионско полувреме. Мераклии сме на евроголови од слободен удар, па само затоа му даваме предност на ова што го изведе бекот Александар-Арнолд, а не дека бомбата на Кеита не е страшен гол.

Што сакаше правеше со топка

Пред 17 години беше претставен на Камп Ноу, а Каталонците добија играч на кој секој втор потег му беше за клип на Јутјуб. Роналдињо беше спектакл кој ќе се зборува со години.