Денеска полнат 73 години, но за жал не им е до славење бидејќи дишат на респиратор и на три недели до стартот на новата сезона имаат непозната иднина. Но колку и да е ситуацијата со 11 кратниот првак на Македонија тешка, сепак навивачите веруваат дека македонскиот бренд ќе биде спасен.
Борусија Дормтунд има нов хит, тинејџер за кого дадоа огромни 23 милиони евра и за кого Манчестер Јунајтед го активираше дури и Сер Алекс Фергусон ама безуспешно.
Едниот е доктор, тоа знаеме и што сака прави со топката, а другиот е со мев и 13 години постар. Ама не е лош Карло, ај ти, ја има контролата. Инаку ова треба е да 2014-та или 2015-та кога Анчелоти го тренираше Реал, а Зидан беше на чело на Реал Мадрид Кастиља.
Навивачите на Лидс важат за едни од најжестоките во Велика Британија. После цели 16 години сонот на многу генерации се исполни - клубот се враќа во Премиер лига. Легендарниот тренер Биелса е најзаслужен за големиот успех и навивачите го сакаат како идол.
Шампионот на Шпанија од 2000-та, клубот за кој играа Рој Макај, Диего Тристан, Валерон, Пандијани, Ривалдо, Мауро Силва, Консеисао, Ѓукиќ, Молина, Џалмиња и други, од следната сезона ќе игра во шпанската трета лига.
Парижани се спремаат за нокаут мечот од ЛШ против Аталанта и до сега одиграа три подготвителни меча кои ги добија убедливо со гол разлика 20:0. Синоќа го победија Селтик со 4:0, а погледнете каква топка му даде Нејмар на Мбапе по само 50 секунди игра.
Авес е фудбалски клуб од Португалија и нов второлигаш во оваа земја. На табелата во првата лига имаат само 17 бода и дури 26 порази на 33 меча сезонава. Испаднати се уште одамна. Синоќа пред мечот со Бенфика шоферот наводно ги изгубил клучевите од автобусот, па сите играчи морале да одат со коли до стадионот.
38-годишниот Ибра му донесе нови три бода на Милан кој не знае за пораз по рестартот на сезонат0 (7 победи на 9 меча), а и има гарантирано место во Лига Европа. Ибракадабра има 8 гола и 4 асистенции по враќањето на „Сан Сиро“ на 17 декември лани.
Милан продолжува со фантастичната серија после карантинот во Италија, а синоќа го совлада и Сасуоло на гости со 1:2. Одеше и на трет гол, ама голманот на домаќините запна ептен и реши да не прима повеќе.
Поради театарската атмосфера и ехото кое се прави без публика, до сега чувме како пцујат играчите на Милан и Њукасл. Синоќа во Серија А се сретнаа Аталанта и Болоња, а сочни пцовки летаа од устата на Михајловиќ кој му се сипа на Гасперини.
Творците на големиот шампионски успех на Реал Мадрид имаат исто потекло. Нивните родители се од северен Алжир а и Зизу и центарфорот се родени во Франција но не забораваат на своите корени.
Фино направија што ниту една екипа од топ 4 во Италија, Шпанија, Англија и Германија нема потреба повеќе да игра квалификации и може директно да се пласира во Лига на шампиони. Но пак постои едно ако, кое реално е многу тешко изводливо.
Како велат, еднаш мајстор, засекогаш мајстор, а мајсторот си гази и на 43 години како учесник во првенството познато во Италија како „Campionato di calcio a 8“ кое се игра со локални екипи. Победата е уште послатка бидејќи Франческо Тоти со својата екипа Тоти Спортинг клуб го совлада противникот кој се вика Лацио.
Жозе имал сенс за топка. Не бил дунстер. Иако главен тренер едно време му бил татко му, Мурињо никогаш не ја користел таа положба и бил крајно љубезен со сите други фудбалери, а на постарите им ги чистел копачките.
“How you given that you wee dick”, му рече Мет Ричи од Њукасл на линискиот судија, само затоа што се налути поради досуден фаул. Така е без публика, да кивнеш се слуша.
Кристијано Роналдо синоќа постигна два гола против Лацио и стигна до бројка од 30 сезонава, исто колку Имобиле со кој сега се израмнети. Овој дрес има посебна вредност, а привилегија да го добие имаше Никола Секулов.
Благодарение на Кристијано Роналдо кој со два гола му се одмазди на Лацио кој победуваше на претходните два дуели, Јувентус сега има +8 на 4 кола до крајот.
Јувентус го совлада синоќа Лацио со 2:1 и на 4 кола до крај има +8 од Интер, што значи титулата е речиси решена. Гостите намалија преку Имобиле, а во финишот за влакно не израмнија. Голот го спаси Пољакот кој извонредно реагираше на слободниот удар на Милинковиќ Савиќ.
Не се знае дапи е од периодот кога снимаа реклама или пак е од сега, ама не е ни битно. На новото видео кое го објави италијанската спортска новинарка од DAZAN, таа танцува, а Златан доаѓа од позадина и ужива во погледот.
Викендов го немаше меѓу стрелците, туку меѓу асистентите, но го има на насловните страници и тоа со највисока оценка во еден од најважните дуели на Џенова во борбата за опстанок. Фрчат пофалби за легендата.
Шпанска Ла Лига спушти завеса на сезоната 2019/2020. Шампион е Реал Мадрид, а од лигата испаѓаат Еспањол, Мајорка и Леганес. Токму последниве можеа да се спасат зошто во 84' минута на дуелот со Реал Мадрид при резултат 2:2 не добија пенал по играта со рака Лука Јовиќ.
Лампард стана тренер на Челси во еден од понезгодните моменти во историјата на овој клуб, кога соочен со суспензија од УЕФА поради кршење на финансиски фер плеј, мораше да игра со веќе постоечкиот состав зачинет со неколку младинци кои беа позајмени по други клубови.