Деновиве почна да кружи по нетов една многу јака фотка која според изгледот на фудбалерите изгледа дека е тазе, а всушност се работи за јули 2017-та. Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино организираше натпревар меѓу легендите во швајцарското градче Бриг каде што е роден.
На 85 годишна возраст во Белград почина српскиот стратег Владица Поповиќ со кој Панчев и Најдоски станаа светски прваци во 1991-ва. Од него се памти една јака анегдота по која добро што дочека длабока старост.
Се работи за Роман Широков, поранешен репрезентативец на Русија за која има 57 настапи и 13 гола и кој беше дел од легендарниот состав на Зенит кој во 2008-ма година освои првенство, Супер куп на Русија, Куп на УЕФА и Супер Куп на УЕФА.
Данците синоќа беа жилав противник кој го измачија фаворитот 120 минути, а по крајот на средбата камерите снимија фудбалер на поразениот тим, кој и не е баш разочаран што Манчестер Јунајтед мина во следната фаза.
Добро не е дека одлепи како кај син му на свадба, ама пак сака да е центар пажња, па имаше пеење, скокање и веење на знамето на Динамо Загреб, а на репортоар одеа „Кошуља плава“ и „За стара добра времена“.
Црвените ѓаволи се пласираа во полуфиналето на ЛЕ со гол од пенал во продолженијата, но малку фалеше во последните 25 минути да бркаат негатива, откако играчот по име Расмус Фалк им направи беља во шеснаесетник и прати двајца играчи во Манчестер.
По 90 минути игра во Келн на мечот Јунајтед - Копенхаген, падна само гол, оној на Гринвуд во 45 минута кој беше поништен поради офсајд. Мечот отиде во продолженија, а таму човек на одлука беше Бруно Фернандеш од пенал.
Фудбалерите на Интер се први полуфиналисти во Лига Европа откако со 2:1 го совладаа Баер Леверкузен во топ 8 фазата која се игра на неутрален терен во Германија без реванш. Лукаку стана прв играч со гол на девет меча по ред.
Оптоварени со тоа до каде одат и какви рекорди поставуваат Меси и Роналдо, подзабораваме по малку на Роберт Левандовски. Човекот кој шест сезони е константна гол машина во Баерн, шест сезони шампион и во пет од нив не е под 40 гола по сезона.
Велиме во кариера, затоа што ова не го направи во кариера, туку лани на хуманитарен натпревар. Еден од најдобрите бразилски бекови на сите времиња е спектакл за гледање и на 46 години.
Костакурта, Капело, Дел Пјеро, сите гости во очекување што ли ќе искоментира Џенаро на тоа што Пирло го назначија за нов тренер на Јувентус. Нема кај него дипломатски одговор, честито или слично, туку ваква реакција: Епа сега се заебал.
Лео вечерва за седум минути му стегна два комада на Наполи. Вториот му го поништија со ВАР поради наводно играње со рака, а на првиот фалеше уште Гатузо да се обиде да му влезе со клизачи. Нема лимити за човеков.
Барселона и Баерн се екипите кои ќе ги вкрстат копјата во четвртфиналето на ЛШ. Пет души не можеа да го сопрат Меси први вториот гол на мечот. Елиф Елмас го почувствува Камп Ноу во последните десетина минути. Баварците немилосрдни.
Децава не се од Европа или Бразил, ниту пак се сениори, туку средношколска екипа од САД, која да повториме, заслужува чиста 5-ка по физичко, без да треба да полага.
Два гиганти за кои само трофејот е успех, се простуваат уште во осминафиналињата во ЛШ кои завршија 2:1. Реал без Рамос беше хотел промаја во одбрана и прими два гола после недозволени киксови на Варан, а Јуве направи пресврт со двата гола на Роналдо, недоволни за топ 8.
Лион го замрзна Јувентус стадиум со 0:1, а Роналдо од пенал израмни на 1:1, резултат со кој се отиде на пауза. Но Јувентус можеше да израмни порано, ако Бернардески го финишираше овој страшен соло продор во кој легна пола екипа со се голманот. Лео Меси ќе му честиташе ако ја дадеше.
Вардарци се сеќаваат и на Твитер потсетуваат, а ние со задоцнување од еден ден им го гледаме твитот кој не врати на тој историски 6 август 2003-та, кога сите патишта водеа накај Градскиот стадион во Скопје. Каков делириум беше тоа, само тој што беше знае.
Петок 21:00: Јувентус - Лион и Манчестер Сити - Реал Мадрид. Сабота 21:00: Барселона - Наполи и Баерн Минхен - Челси. Имате по два телевизори дома така?
Шпанско италијанската пресметка од осминафиналето во Лига Европа се одигра на неутрален терен во Дуисбург. Германците го пробуваа семафорот дали е исправен и го впишаа резултатот 2:0. Да, го погодија, така заврши, ама не за Рома.