Да, Оливие Жиру важи за оспоруван напаѓач, а всушност се работи за уште една стара коска меѓу напаѓачите или ако сакате старо добро вино. Сам ја потепа Севиља со 4 комада и му донесе прво место на Челси на едно коло до крај.
Најлудиот меч синоќа во елитата, се одигра во Истанбул каде домашниот Башакшехир и Лајпциг постигнаа вкупно 7 гола. Тимот на Јулиан Нагелсман водеше 0:2, па 1:3, ама домаќинот го имаше неверојатниот Ирфан Кавеџи.
Во големото дерби од 1/8 финале на Копа Либертадорес, Бока на гости го совлада бразилски Интернасионал со 0:1. Голот го даде Карлитос Тевез во 63' минута, а при прославата го соблече својот дрес и под него го носеше легендарниот кој Марадона го носел во Бока во 1981-ва.
Наместо како колегата од спротивната страна Нејмар да биде ладен ко шприцер во завршницата, Антони Марсијал синоќа се посрамоти против ПСЖ и тоа само што почна вториот дел при резултат 1:1.
Фантастичен фудбал гледавме вечерва во претпоследното коло од групната фаза во ЛШ. Пари Сен Жермен успеа да освои 3 златни бода против Јунајтед и да остане во игра за нокаут фазата. Лацио до важен бод во Дортмунд, а Жиру направи чудо со 4 комада во Андалузија.
Прашање на време беше кога францускиот мајстор ќе заигра на врвно ниво. По евроголот минатиот викенд во Ла Лига, вечерва во Будимпешта постигна фантастичен гол со пета. Барса на полувреме води 0:3 против Ференцварош.
Мечот од 6. коло во фудбалската лига на Ирак меѓу Ал Талаба и Ал Касим (1:0), во еден момент бил прекинат за да помине погребната поворка со ковчегот на поранешниот тренер на Ал Карах и Ал Талаба, Карим Салман кој починал од вирусот.
Гледавме оро на терен во Тбилиси, прес со лудории, големо славје со трубачи во хотел, но не видовме, ниту чувме што се случувало во соблекувална пред историските 90 минути. Ќе каже лично селекторот.
Секоја скопска населба или преградие кое има фудбалски клуб, со себе носи и некоја урбана легенда. Таков е и Бецко од Драчево под чија палка поминаа многу генерации фудбалери од овој крај.
Ќе му стојам скроз десно за да го навлечам да ми шутне лево беше маалска фора во 90-те и таму заврши. Арно ама се најде голман во руската втора лига, со цел памет да го проба тоа на официјален меч. Не му се смее цел свет.
Французинката Стефани Фрапар (36) продолжува да импресионира. Таа вечерва на 2 декември ќе стане првата жена која што ќе суди меч во Лига на шампиони: Јувентус - Динамо Киев.
Ирецот Кејвин Келехер (22) е втор голман во Ливерпул. Во ситуација кога Алисон се повреди, Келехер доби шанса да го чува голот и го сочува на маестрален начин против Ајакс.
Аманда Рантанен е веројатно единствената женска која даде гол, не со нога, глава, колено или стомак, туку со нос. И тоа јакото е што оваа чудесија и успеа на 0:0 во 95-та за конечни Шкотска - Финска 0:1. Не можеш ова да го изрежираш и да сакаш.
Не дека имаат место за паника, бидејќи секако се веќе пласирани во топ 16, ама вечерва во Порто, момците на Гвардиола ја произведоа најголемата утка оваа сезона во Лига на шампиони. Па ова беше потешко да се промаши од таа позиција.
Атлетико Мадрид и Аталанта пропуштија победи на домашен терен и сега се доведоа во ситуација во последно коло да играат директни дуели за второ место во А и Д групата, каде Баерн и Атлетико се сигурни патници. Во групата Б е каша попара, а група Ц е решена.
Во азиската Лига на шампиони Јокохама со 4:1 го победи Жеонбук од Јужна Кореа. Третиот гол на мечот, во 71' кој го даде Терухито Накагава беше по ненормална асистенција на 26-годишниот Бразилец Ерик.
Потенцијално една од најголемите ѕвезди на Европското првенство следната година ќе биде младиот Унгарец кој стои на прво место во тефтерите на Барселона, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Јувентус.
И покрај тоа што оваа приказна е оддалечена 15.000 км од кај нас, во неа има македонштина всадена од порано која зрачи и ден денес. „Нашето наследство е чисто македонско и нашата култура е македонска“, вели првиот човек на клубот.
Во понеделникот вечер Германскиот фудбалски сојуз (DFB) објави: На Евро2020 репрезентацијата на Германија ќе ја води селекторот Јоаким Лев и нема никакви промени. Ова е дополнителен удар на интересот на германската јавност за бундестимот.
Фудбалскиот свет некако со посебна страст се изразува и со денови го испраќа Диего Армандо Марадона. А пак за неговата страст да не зборуваме. Цел живот го живееше така, не само фудбалот. Погледне со колкава жар и емоции пее песна за себе и колку моќна кулминација има во рефренот. Морници.
Во неделата вечер Манчестер Јунајтед губеше со 2-0 но на крајот благодарение на неверојатниот Единсон Кавани успеа да направи целосен пресврт и да слави со 2-3. Ама Уругваецот сега е на удар на англиската јавност и го чека казна.
Доаѓа во сиромашниот Југ и среќава скромна екипа со ограничени можности. Во конкуренција на моќните и богати Интер, Милан и Јувентус на Наполи му носи две скудета и ја добива титулата крал на Неапол.