Никитас Николис е член на Олимпијакос У19 за кој сите зборуваа викендов во грчкиот фудбал, а има и зошто. Па не гледаме секој ден како некој понижува пола тим. Па уште и дефанзивец е, па зидановка на последниот и на крај имаше душа и за силен и сигурен удар. Браво дете.
Да не постоеше ќе требаше да го измислиме. Луѓе 17 години да просперираш во лига каде се мисли најмногу на одбрана, па уште и да освоиш 10 трофеи и пази да стрелаш во 17 сезони е за поклон до земја. Ќе доживее ли некогаш вакво нешто друг Македонец и општо странец?
Тотенхем помина тешко на гостувањето во Бугарија и со пресврт речиси на крајот од мечот го совлада Локомотив од Пловдив. Во четврток доаѓаат во Скопје и ќе играат против Шкендија во 3. квалификациско коло од ЛЕ. Жозе, ќе се стрпиш друже за еден ден, тоа е.
Челси со задоволство објави дека потпишал договор со нов голман - Едуард Менди кој за 22 милиони фунти го купуваат од Рен. На Лампард и навивачите конечно ќе им олесни зошто најскапиот голман на сите времиња Кепа Аризабалага направи еден куп киксови и минатата сезона и сега.
Ливерпул по убедливо освоената титула минатата сезона, продолжува да гази и во новата. Го совладаа големиот ривал Челси со 0-2 со два гола на Садио Мане, откако домаќинот играше со играч помалку по црвениот картон на Кристенсен. Кога судијата го исклучи Данецот некои од клупата на Ливерпул аплаудирале, па Клоп им се свртел.
Ливерпул го доби дербито на гостувањето против Челси со двата гола на Мане, а дуелот за кој сите зборуваат е овој на средина од теренот кога Робертсон го прати италијанскиот репрезентативец во пензија.
На само 20 години направи трансфер од соништата вреден 35 милиони евра, Пирло му даде шанса во прв тим уште во прво коло во тандем со Роналдо, а тој ладнокрвно и елегантно ја збрца во гол против Сампдорија.
Само 9 минути игра му требаа на мајсторот на фудбалската игра со гол да ја отвори новата сезона 2020/2021 во Серија А. Топ не го бие и дели лекции по фудбал и на 37 години. Погледнете ја оваа игра еден на еден со голманот на Кротоне кој Џенова го декласираше со 4:1.
Само месец дена поминаа откако ја попарија Барселона со 8:2 во полуфиналето на ЛШ. Кога се одморија, кога се вратија на подготовки, кога истренираа за да се вратат во форма и повторно да експлодираат на ист начин.
Се вика Салвадор Апарисио, покоен е, а кога му го направиле интервјуто на тема Лео Меси го совладаа емоции. Плачел кога го гледал на натпревари за Барселона и Аргентина.
Го имаме фудбалскиот натпревар меѓу највнимателните во време на корона кои дошле дефицитарни само да нема контакт, против немилосрдните и безосетните кои секој втор напад им давале гол.
Откако пред три години им се падна Милан, Шкендија повторно ќе нагости светски познат фудбалски тим кој лани беше финалист во ЛШ. Ама твитерџиите ги измешаа брзите со стадионот.
Во 3. коло од Копа Либертадорес, клубот Жуниор со 1-2 ја победи еквадорска Барселона. Првиот гол на мечот уште во 7' минута го даде Себастијан Виера, голманот на гостите кој ризикуваше евентуално одбиена топка да му отвори контра на празен гол.
Тотенхем ги почна квалификациите во Лига Европа од 2. коло. Првиот противник Локомотив Пловдив се покажа како многу тврд орев, па Спарс едвај се спасија од историска бламажа.
Локомотив Пловдив синоќа го изненади Тотенхем со водство во 71-ва минута, но големиот фаворит не дозволи резил и им ја сврте со головите на Кејн од пенал и Н'Домбеле во 80-та и 85-та. На овој вториот Бугарите како да не ја видоа топката.
Се сеќавате на неправдата на Англичаните против Германија на СП 2010 кога на Лампард не му признаа чист гол така? Епа еве реприза од синоќа со тоа што сега на толку технологии нејасно е како може овој гол никој да не го види?
Поранешниот македонски репрезентативец го постигна еден од најатрактивните голови синоќа во Лига Европа со кој го елиминираше романски Ботошани на гости за пласман во третото квалификациско коло. Лоб на Ибраими за сите пари.
Синоќа по цел свет се одиграа стотици натпревари во разни натпреварувања и паднаа стотици голови. Еден од поубавите во шведската прва лига го даде Бесард Сабовиќ кој ги постави конечните 2-2 на мечот Елфсборг - Мјалби.
Норвешки Розенборг со 1-5 го декласираше летонскиот Вентспилс и се пласираше во следна рунда од квалификациите во Лига Европа. Ај што паднаа 6 гола, туку таков ветер дуваше што чудно е како ја контролираа топката воопшто.
Денес на големо се зборува за неверојатниот дуел во квалификациите за Лига Европа меѓу српскиот претставник ТСЦ Бачка Топола и романскиот ФКСБ (на времето Стеауа).
Иако секогаш изгледа како строг и лут, сепак зад таа фасада на неговиот лик се крие човек со широка душа, особено кога треба да се помогне. Но она што сакал да биде на терен, го посакувал отсекогаш. Разговорно на нашки, кољач во среден ред.