Андерлехт пред дербито со Генк немаше победа цел месец, така што овој триумф им беше прав подвиг: ја прекинаа победничката серија на ривалот од 7 меча по ред.
Победничкиот гол од пенал го даде Лукас Нмеча. Твитер профилот на Андерлехт после мечот објави видео од соблекувална со говор на тренерот Венсан Компани кој лани беше играч-тренер. Некогашниот капитен на Манчестер Сити одржал краток говор кој потсеќа на монологот на Тони Д'Амато во филмот Any Given Sunday.
„Сакам да ви кажам само два збора: „фала“ и „извинете“. Фала за вашиот настап. Благодарност не од мене или од стручниот штаб, зошто ние сме со вас заедно, туку од сите навивачи кои денес имаат нов повод да веруваат во вас. А извинете зошто од сега е**но ќе ве изгорам за повеќе!“