Фудбал

Претседателот кој му ја врати славата на Реал Мадрид, а потклекна пред коронавирус

Претходникот на Флорентино Перез, легендарниот Лоренцо Санз имал интересен животен пат. Со баба му одел кога продавала пијалаци на Сантијаго Бернабеу и сонувал еден ден да работи во „кралскиот клуб“. Децении подоцна го исполни детскиот сон.

Не сум таму, му рече Меси на Карлос

14 години разлика во фудбал значи искуство и пол за постариот, ама затоа младост, полетност и брзина за помладиот. Дупли термин му закажаа на ортопедија после ова.

Не за џабе го викаа Халк

Има 33 години ама толку долго е отсутен од Европа што ќе помисли човек дека Бразилецот Халк е веќе во пензија. Неговиот топ со левицата уште долго ќе се памети. Толку јак и прецизен шут не се гледаше никаде.

Анегдота на Куман за големиот Кројф кој го возел 6 часа со кола до породилно

На 23-ти март се навршија 4 години од смртта на еден од најголемите европски фудбалери на сите времиња - Јохан Кројф. За тоа каков бил како човек надвор од теренот раскажа Роналд Куман, неговото фудбалско дете.

Ах каква штета за Роналдињо

Еден од најјтрактивните соло голови во Ла Лига и општо во цел свет, требаше и мораше да биде овој на Барса - Атлетик Билбао пред 13 години. Кај го личи бре ова човече да биде у затвор, погледне го како изеде тројца, како да е најлесна работа во фудбалот.

Влегов, видов, излегов - Мики Рапаиќ

Вечното хрватско фудбалско дерби Хајдук - Динамо Загреб, натпревар од 1993 година.  Место Стипе Андријашевиќ, влегува младиот Милан Рапаиќ, дава луд гол за 3:2. Присутни на мечот раскажувале дека го прославил така што се свртел кон тренерот Каталиниќ и му барал измена. Доста е, што повеќе.

Ицо Стоичков со лук и врела вода се штити од вирусот

Најдобриот фудбалер на светот во 1994 година, добитник на Златна топка, Христо Стоичков за Mundo Deportivo даде пар совети од Мајами каде живее во време на пандемијата.

Кај Милнер нема челенџи и тоалетни, вице-капитенот на Ливерпул корисно го проаѓа времето

Кога веќе ги фати сафра во карантин, голем дел од фудбалерите безделничат: жонглираат тоалетна хартија, играат некои глупи танци или се глупираат. Само Џејмс Милнер е прав пример.

Ешли Јанг со совети од жариштето Милано

Репрезентативецот на Англија и доскорешен капитен на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг во јануари дојде во Интер. Кај би можел да претпостави што ќе се случува само неколку недели подоца.

Ве поздрави Пипо Инѕаги

Барселона и Милан играат пријателска на Камп Ноу на 25 август 2010-та. Како гостин доаѓа Роналдињо, но чудесното ремек дело на изненадување на цел стадион го прави Пипо после еден златен пас на Сидорф. Лудило од гол.

Малдини раскажа како се справува со коронавирус

Легендата на Милан и технички директор на овој клуб, Паоло Малдини заедно со син му Даниел беа позитивни на тестот за Ковид-19. Капитенот раскажува како минува низ симптомите.

Капитенот на Аталанта: Страшно е тоа што одигравме меч во ЛШ со 45.000 навивачи

Осминафиналниот натпревар не се играше во Бергамо, но една третина од овој мал град беше на Сан Сиро и сега се најпогодени во Италија. За противник ја имаа Валенсија, каде една третина од клубот се заразени.

Бомбастичниот еврогол на стружанецот во Премиер лига

Можеби сте го заборавиле бидејќи веќе три години игра во Сион. Инаку роден е во Швајцарија, но има струшки корени, бидејќи неговите се од таму. 27 годишниот играч од среден ред постигна три гола за Фулам, а еден од нив беше прогласен за наградата Пушкаш во 2014-та.

Види го ти Жозе

Каде е и што прави Мурињо? Остана на островот и во ова невреме се вклучи во хуманитарна акција. Стратегот на Тотенхем донира храна и лекови за постарите кои се ризични да излегуваат и да се мешаат. И тоа кај Енфилд. Браво бе царе.

Кај нив нема корона, што значи има фудбал

Делат 2.100 километарска граница со Кина, им се вратија 10.000 работници од Тајланд, подготвија центри за карантин, па дури и пет стадиони ако затребаат, ама за сега тврдат дека Ковид 19 не им влегол дома.

Навивачка химна за ФК Баби

Тоа што спортот стагнира, ни дава уште повеќе време за буричкање по неоткриеното. И кога оп, ете ти ги „The Grandmothers“ од Штип кои пејат вака: „Се собравме сите, стегнавме заби, го создадовме ФК Баби. Почнавме од трета, влеговме во втора, ќе газиме и во прва“.

Нов челинџ на фудбалерите, ама со жените

Ај сега остајте ги тоалетните и смислите нешто ново по дома, бидејќи ова за кратко време ќе ви го пробијат жените откако ќе почне да се шири. Пробајте си, без гајле, бидејќи таа секако не може да ве фати.

Господ е българин

Една од најголемите сензации во историјата на мундијалските квалификации ја имаат приредено Бугарите. И одат на Франција на гости и за пласман на СП 1994 мора да победат, што звучи невозможно. Резултатот е 1:1 и во 90-та минута прават акција по која се раѓа легендарниот коментар кој го ставивме во наслов.

Кога жена ти работи од дома, а ти без фудбал 1 месец

Само кога би имало фудбал да се гледа, карантинот би бил многу поолеснат, опуштен и драгоцен.

Акцииштето на Аргентина на Светско 2006-та

Рикелме, Савиола, Кареспо, Лучо Гонзалес, Макси Родригез и плејада други асови тргнаа тоа Светско 2006 во Германија да го освојат пехарот. Меси тогаш имаше неполни 19 години. На меч од групна фаза против Србија и Црна Гора (6:0) „Гаучосите“ буквално везеа.

Роналдињо прослави роденден во затвор, му спремиле и торта

Бразилскиот ас доживеа да пристигне во Асунсион, главниот град на Парагвај и таму поради фалсификувани документи да го стрпаат во притвор. Ама жив човек на сè се навикнува, па така и Рони.

Фудбалот против вирусот: клубови помагаат болници, играчи даваат од плата

Фудбалскиот свет помага во борбата со COVID-19 како може: од купување маски и респиратори, до организирано донирање средства за болниците.

Најдобрите голови од 2009 до 2018 кои ја добија наградата Пушкаш

Сите маестрални погодоци на едно место. Микс од врвни голови на светски познати и помалку познати играчи. Кој од кој појак гол.