Големото се-англиско финале на Лига на шампиони е закажано за 29. мај во Лисабон. УЕФА, по договор со португалските власти и управите на двата клуба, реши да подели по 6.000 карти за Челси и за Манчестер Сити.
„Тренерот Пеп Гвардиола и екипата имаа врвна сезона и нивниот пласман во финале на Лига на шампиони, после тешката година, претставува историски момент за клубот. Поради тоа многу е важно сите навивачите да имаат шанса да присуствуваат на овој посебен натпревар. Посебно оние кои беа со клубот во сите добри и лоши години“, изјавил сопственикот на Манчестер Сити.
Шеик Менсур решил од свој џеб да ги плати сите 6.000 влезници предвидени за навивачите на новиот англиски шампион Манчстер Сити.
Највредниот натпревар во европскиот клупски фудбал требаше да се игра на стадионот „Кемал Ататурк“ во Истанбул но по голем притисок на британската влада местото на одигрување да се премести поради тоа што Турција е на црвената листа земји кои Британија ги смета за високоризични од вирусот, финалето ќе се игра во Порто.
His Highness Sheikh Mansour will fund the flight and transfer costs for the Official Club trip to the #UCLfinal in Porto at the end of the month 💙
— Manchester City (@ManCity) May 18, 2021
🔷 #ManCity | https://t.co/axa0klD5rehttps://t.co/FxFwnS5WJB