И на Пеп знае да му прекипе претерана прослава

Финалистот во Лига на шампиони и шампионот во Премиер лига, Манчестер Сити имаше играч помалку уште во 10' минута на гости кај Брајтон, но и покрај тоа „граѓаните“ во 48' минута веќе водеа со 0-2. До крајот домаќинот направи тотален пресврт, па Гвардиола и колегите беа разочарани од односот на домашниот тренер Грем Потер.

Пеп после дуелот изјави:

„Тоа што му го реков е лично и не сакам да зборувам овде на таа тема“.

А тренерот на Брајтон, Грем Потер рекол:

„Ми рече дека е многу разочаран од мене. Бев премногу емотивен при прославата на нашиот прв гол и тоа не беше убав гест од моја страна. Се извинувам поради тоа, емоции ме понесоа“.

 

19 мај 2021 - 08:36