Еден куп фудбалери фатија да жонглираат со тоалетна хартија за време на седењево дома и со тоа да испраќаат џелинџ на други играчи кои ги тагнуваат. Од Несторовски до Меси. Дефанзивецот Александар Игњатовиќ кој беше на позајмица во Феенорд, а сега игра во Албанија, му дојде преку такво и им ја прекина играта.
Лоренцо Санц, кој беше прв човек на кралскиот клуб во периодот од 1995 до 2000 година, почина вечерва на 76 години во мадридската болница како последица од коронавирусот.
Според првичните најави на Пандев може да земе 35.000 евра помалку, што е ништо во споредба со Лукаку, 1,8 милиони или па уште повеќе со Роналдо, 9 милиони. Зависи кој колку е платен.
Бенедикт Хеведес е германски фудбалер кој игра за Локомотив Москва, а во минатото со успех го носеше дресот на Јувентус и Шалке. Одвреме-навреме пишува колумни.
Бугарија го просласи рекордни 7 пати за играч на годината, повеќе и од Христо Стоичков, Тотенхем го плати 16 милиони евра и го направи најскап бугарски фудбалер во историјата, за кој Манчестер потоа искешира дупло. Добро познат е и муабетот дека Вардар на 17 години го одбил со образложение дека не бил доволно талентиран.
Фудбалската федерација на Македонија го соопшти денот на одигрување на полуфиналето од Лига на нации меѓу Македонија и Косово кое требаше да се игра на 26 март.
Фудбалски навивачи, пазете го ова. Над 200 радиа од цела Европа ја рокаат во исто време "You Will Never Walk Alone", сè со цел да се обединат луѓето за скапаниот Ковид 19.
Во цела Европа фудбалските и првенствата од другите спортови се прекинати на неопределено време. Исклучок е Белорусија каде веќе се одиграа два меча со навивачи на трибините.
Во Шпанија се разгоре пандемијата: Околу 18.000 заразени, повеќе од 800 смртни исходи. Додека спортистите седат дома во строг карантин, некои судијки отишле доброволно да помагаат како медицински сестри.
Коронавирусот ја ИСпрати фудбалската сезона во карантин, стадионите се пусти, клубовите не заработуваат. Ако сезонава не заврши според предвиденото, само клубовите од Топ5 лигите ќе изгубат 3,4 милијарди евра, смета KMPG.
Пред Роналдо и Меси во 2009-та да се сретнат во досега нивното единствено финално соочување во ЛШ, Манчестер Јунајтед во полуфинале за противник го имаше Арсенал. Неблагодарно е да се каже кој му е најјак слободен во кариерата.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во синоќешното обраќање отворено кажа дека некои фудбалери „кои заработуваат милиони евра“ во странство, ај што се вратиле дома, туку и не ја почитувале вонредната состојба и мерките за ограничено излегување надвор.
За оние на кои најмногу им недостигаат фудбалските натпревари, има нешто колку да не се без ич. Топката се тркала уште во австралиската А-Лига и во Белорусија. Турците најверојатно ќе донесат разумна одлука за прекин.
Треба да е коментатор во душа, да меле и по можност да е Јужноамериканец. Добро и по малку да почнува да му фали микрофонот. Ќерка му си го знае добро и затоа воопшто не се збуни додека го спремаше какаото.
Фудбалот е сосема неважен во ситуација кога цела Италија, цела Европа и цел свет водат битка против Ковид-19. Меѓу оние клубови кои чувствуваат најгорчлив вкус поради прекинот е и клубот кој после долги години тргна во сериозен поход кон скудето.
Додека трае хаштагот на десет жонглирања со тоалетната хартија ширум светот, еден од најгрубите фудбалери кој долго играше во Европа, има план за оваа акција.
Одложувањето на Евро 2020 за следното лето е историски настан, преседан. Овој турнир никогаш во историјата не се преместил а првпат се случува поради вирус да се премести еден голем фудбалски настан.
Знам дека ова не е многу, но сакам да ја разбудам свеста на сите добронамерни луѓе и заедно да ги испочитиваме луѓето кој што се секојдневно изложени на ризик.
Некои голови се целосно уникатни и неповторливи, а еден од нив е овој на Жереми Менез на гостување против Парма. Колку само со памет ја одигра и заврши оваа акција, ни самиот не е свесен.
Пеколно дерби на градот Бирмингем: Астон Вила против Бирмингем, Дејвид Дан сака да направи рабона и да испадне шмекер, ама нешто не му тргнува по планот како што замислувал.
Во овие булшит денови на спортско затишје во скоро цела планета, да се потсетиме и на иконата на Формула 1, Михаел Шумахер кој веќе седум години нема мрднато од дома и за кој и натаму немаме јасна слика во каква состојба е после лошиот пад на скијање и тешката повреда на главата.
Дечково е анонимен голман од Франција, односно беше сè додека не го фати с`клет пред гол. Се вика Лорент Монд, играше во пониските лиги и еден ден се реши да се претвори во Мбапе, кој додуше тогаш не бил роден, бидејќи снимкава е од 89-та. Тројца ги издрибла и ја дувна од преку 20 метри.