Фудбал

Голманот на Еибар му даде гол на Атлетико Мадрид

На мечот Еибар - Атлетико М. во 12' минута беше досуден пенал. Тренерот на домаќините Мендилибар му дозволил на српскиот репрезентативен голман Марко Дмитровиќ да го изведе, со цел ризик ако му го одбранат да се отвори брза контра. Дмитровиќ беше сигурен реализатор за 1-0.

Реплика на денот на тема ФК Вардар

Како тоа Вардар тебе те вреѓа? И како може најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија да е губитник? 11 првенствени титули има и испиша нова фудбалска историја со излезот во Европа. Зарем не заслужува помош? Него да преминеме на клизачов или со други зборови burn на годината.

Првиот од вкупно 760 голови на Роналдо

Пилиштар е тука, 17 години има на кои ќе го памети првиот гол во кариерата постигнат на 7 октомври 2002-ра на мечот Спортинг - Мореиренсе, конечни 3:0. Всушност два им даде тој ден, ама првиот ќе остане историски, затоа што од синоќа е прв стрелец во историјата. 19 години подоцна стигна до неверојатни 760.

Зидан 9 пати тргнал по еден драг пехар, ама никогаш не го освоил

Зинедин Зидан како играч и тренер има освоено еден куп трофеи. Највредни му се светската и европската титула со Франција, а бројни пехари освои и на клупски план. Само едно нешто му бега од рака повеќе од 30 години.

Кенеди, ај што имаш славно име и презиме, туку и јака левица

Синоќа додека Реал се бламираше во Купот на Шпанија, се одигра и еден меч од Ла Лига. Виљареал и Гранада дадоа по 2 гола, а од сите 4 највреден за гледање е оној на Роберт Кенеди во 75' за конечни 2-2.

На стативата најде бе?

Сме виделе фудбалери и кај нас и во други лиги како малата нужда ја решаваа брзопотезно, ама бар се кријат во некој ќош. Овој апла зема стативата да ја подмачкува и плус тренер е.

Погба ти знаеш ли да дадеш нормален гол?

Една недела откако со волеј го реши Барнли, Пог Погба повторно распали со јако голчиште, а овој гостински 3 бода на својот тим му донесе од гостувањето против Фулам, конечни 1:2. Јунајтед е прв на табела со 2 бода повеќе од Сити.

Роналдо стана најдобар стрелец во историјата и му донесе Суперкуп на Јувентус

Кристијано Роналдо (35) постигна гол во триумфот на Јуве од 2-0 над Наполи во Суперкупот на Италија и го надмина апсолутниот рекордер Јозеф Бицан на вечната листа најдобри стрелци на сите времиња.

42-годишен голман го водеше малиот третолигаш до сензација против Реал Мадрид

„Кралскиот клуб“ не престанува да разочарува. По поразот во шпанскиот Суперкуб од Атлетик Билбао, тимот на Зинедин Зидан срамно испадна од Купот од скромниот третолигаш Алкојано од Сегунда Б.

Реал Мадрид се избламира со третолигаш

Сензација во 16 финалето од Копа дел Реј каде Кралевите дозволија да бидат елиминирани од третолигаш и тоа со пресврт и плус со играч повеќе. Тимот се вика Aлкојано, ако ви значи нешто.

Најјаките анегдоти за Пирло со Гатузо

Вечерва за трофејот во италијанскиот Суперкуп ќе се борат Јувентус и Наполи, предводени од Пирло и Гатузо кои повеќе од десет години беа блиски соиграчи во Милан и репрезентацијата на Италија. Има куп јаки анегдоти поврзани со двајцата.

Пандев-Роки каков тандем беше тоа

Сезоната 2007/2008, Томазо Роки и Горан Пандев се искачија на седмата позиција на најдобри стрелци како напаѓачко дуо во историјата на Лацио. Многу добро се читаа и заедно растураа во напад. Погледне ја оваа комбинација, топка со очи на Пандев и мајсторија на Роки за делириум на коментаторот.

Шишко му одбрани пенал на Тричко на Кипар

„Македонското“ дерби меѓу Докса и АЕК Ларнака во фудбалското првенство на Кипар кое заврши 0-0, голманот на домаќините му одбрани пенал на неговиот пријател и репрезентативен колега Иван Тричковски.

Фолксваген Буба, народната кола на Хитлер и подемот на Волсфбург

Волсфбург, град на реката Алер, 75 километри источно од Хановер е град со најголемата фабрика за автомобили на светот, изграден врз село во 1938-ма година. Најголема забава за жителите е бундеслигашот Волфсбург кој во 2003-та сензационално ја освои шампионската титула.

Бомбастичен погодок на Сусо вреден победа

Севиља го доби гостувањето против Алавес со 1:2, а домаќините промашија пенал за реми во 91-ва минута. Голот на колото без конкуренција е на поранешниот фудбалер на Милан кој се отвори од 30 метри како никогаш до сега. Многу опасна левица извади.

Да му пратиме македонско пиво на Реј Парлоу

Се сеќавате ли на него? Трикратен шампион на Англија со Арсенал. Среден ред држеше со виткано косиче? Сака наше пиво да проба.

Најубавиот лоб на месецот со кој Рома испадна од Купот

Рома по дебаклот од Лацио во римското дерби (3:0), синоќа се посрамоти и со Специја во 1/8 финалето на Копа Италија. „Волчицата“ губеше со 0-2 после само 15 минути игра, па ирамнија на 2-2 но во продолженија со два играчи помалку изгубија 2-4. Точка на мечот стави Рикардо Сапонара со оваа убавина од лоб, негов втор гол на мечот.

Ретко виден погодок на голман од гол на гол

Во четвртата англиска лига второпласираниот Њупорт Каунти одигра 1-1 на гости кај Челтенам. Во водство ги донесе голманот Том Кинг кој во 12' минута постигна еден стварно ретко виден гол од крај до крај.

Како градот Билбао ја прослави победата над Барса во финале

Атлетик Билбао, еден од најстарите фудбалски клубови во Шпанија, го освои трофејот во Суперкупот откако во само неколку дена ги совлада Реал Мадрид во полуфинале и Барселона во финале. Во услови на глобална пандемија, градот вака им честиташе на своите миленици:

Рулет гол на неделата

Во иранската Про лига, лидерот Ештеглал со 1-3 го победи Трактор Сази на гости. Чеик Диабате' постигна два гола за Ештегал, а мајсторот демонстрираше и рулет, фора позната како „зиданка“.

Една година од дебито на Халанд во Борусија кој распали со хет-трик

Момче од 19 години може само да сонува деби настап во Бундеслига со три гола со кои прави пресврт и го решава мечот, па уште и за голем клуб. На Ерлинг Халанд тоа му се оствари на 18 јануари 2020-та. Малиот не застана.

Како Барса му го честиташе 50-от роденденот на Гвардиола

Точно е дека Барселона со овој човек ги имаше најубавите мигови кога во само четири години успеа да им донесе 14 трофеи. Но Пеп испишуваше историја на Камп Ноу и како играч каде во 90-те освои 15 трофеи. Погледнете како знаеше да изненади со левицата.

Гундоган, што стори бе пријателе?

Манчестер Сити сериозно се враќа во трката за титулата откако врза 5 победи по ред (8 во сите натпреварувања). Синоќа во Премиер лига падна Кристал Палас чиј голман 4 пати ја вадеше топката од мрежа. Илкај Гундоган го даде третиот гол за домаќинот. Еврогол уствари.

23-годишникот јунак на Билбао кој ја урна Барса па свиреше на труба

На Барса не ѝ помогна ниту фантастичниот Антоан Гризман кој постигна два гола за две водства на Каталонците во финалето на шпанскиот Суперкуп. (Французинот има 4 гола и 3 асистенции на последните 4 меча). Атлетик Билбао два пати се врати, а во продолжение и го нокаутираше ривалот.