Фудбал

Ти го мислиш уште е во Реал, тој даде два во Бундес

На 32 натпревари во Шпанија постигна 2 гола, потоа се врати таму од каде што дојде и за 32 минути постигна 2 гола. Што ти е фудбал.

Голчиште на Билбао против Барса вредно трофеј

Само неколку дена откако Барселона го совлада Атлетик Билбао на гости во првенство, Баскијците во финалето на Супер Купот им вратија со иста мера од 2:3. Барселона го имаше мечот во свои раце, но Атлетик израмни во 90-та минута за продолженија, а потоа ја завери победата по само 3 минути игра со јак гол на Инаки Вилијамс.

Меси го доби првиот црвен картон во Барса после 753 меча

Барселона на неверојатен начин го испушти првиот трофеј под водство на Роналд Куман иако два пати водеше против Атлетик Билбао во финалето на шпанскиот Супер Куп.

Колку играчи на Сиваспор во бели дресови гледате на снегов?

На мечот Истанбул Башакшехир - Сиваспор (1:1) во турската Суперлига се било во ред до 20' минута, но почнал да паѓа снег па гостите едвај се познавале со бели дресови.

Лудница во соблекувалната на Лацио

Римското дерби во Италија важи за натпревар на сезоната, посебен од сите други. Ако го добиеш си херој, ако го изгубиш лузер, па цела година ќе те ребрачат. Се слави како да си освоил ЛШ.

Клатенбург тврди дека Клоп е лицемерен, ама дека Јунајтед стварно добил повеќе пенали

Во недела се игра најголемото дерби на англискиот фудбал: Ливерпул - Манчестер Јунајтед, а главна тема деновиве е судењето.

Поплава на американски таленти по Европа, се острат за Светско

Фудбалската јавност не би требало да биде неспремна за бранот американски бисери кои во најскоро време би можеле да блеснат на големите натпреварувања.

Какво голчиште на дербито во Холандија

АЗ Алкмар со 1-3 го урна ПСВ во Ајндховен и ја продолжи борбата за врвот. Два од трите гола за гостите даде капитенот Теун Компејнерс. Првиот од пенал, а вториот чудесен.

Приказна за пеколното детство на Карлос Тевез во опасниот реон Фуерте Апаче

Фудбалот наскоро ќе остане и без еден од најголемите асови на оваа игра. Човекот кој можеби од сите познати ѕвезди имал најтешко детство, растен без убиениот татко и мајка му која го оставила како бебе.

Се сеќавате ли на Хименез?

И да сте подзаборавиле на него е нормално затоа што веќе 10 години како не е дел од европскиот фудбал. Смени неколку арапски екипи, а од лани е на своја почва во чилеанскиот прволигаш Палестино. На 36 години се отвори со ножички, а во истата акција претходно за влакно испушти чудесија од гол.

На Швеѓаните па им ја утнаа химната

Му рипна цедето на Диџејот а?

Ангеловски: Како што ветив пред јавноста, националниот интерес го ставив пред личниот

Управниот одбор на ФФМ го потврди новиот договор со селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски кој сосема заслужено ќе ја води на дебитантското Европско првенство.

Чилеанска дибировка

Египет синоќа домаќински со 35 комада и победа над Чиле од +6 го отвори 27-то Светско ракометно првенство. Но голот на мечот го постигна еден од поразените играчи со магија каква што обично гледаме во Јане Сандански.

А пази ова, Лацио довел играч и платил на погрешен клуб

Се случува човек да утне шифра на сметка за струја, за вода, за телефон, ама да опнеш 11 милиони евра на туѓа сметка ѝ успеало само на управата на Лацио.

Туку што беше со парадиве на Тер Штеген

По разни перипетии, шпанската Ла Лига го организираше Фајнал Форот на Супер Купот, со тоа што лани премиерното издание се играше во Саудиска Арабија а годинава дома. Во првото полуфинале Барселона на пенали го победи Реал Сосиедад откако претходно благодарение на Тер Штеген мечот заврши 1:1.

Крајниот север на Германија одамна не славел вака, FC Bayern raus

Европскиот првак и германски шампион Баерн Минхен синоќа сензационално изгуби од второлигашот Холштајн Кил на пенали откако мечот претходно заврши 2-2.

Кил е во транс, невиден кикс на Баерн 19 години

Името на оваа екипа сигурно ви е асоцијација за ракомет, спорт во кој два дена пред нова година станаа европски прваци. Синоќа во фудбал го елиминираа Баерн Минхен на кој последен пат му се случило да испадне во второ коло од Купот на Германија во сезоната 2000/2001.

Левицата на Марадона против Фиорентина

Диего за Наполи даде 115 погодоци, а еден од поубавите му беше против Фиорентина во сезоната 1984/1985. Голот (втор на видеото) бил единствен на мечот во Фиренца и победнички за Наполитанците.

10 најсмешни киксови во Бундеслигата

Не е дека кардинални грешки има само по фудбалските ливади во нашиов регион. Кој игра и греши. Така и во најдобрата германска фудбалска лига има смешни киксови. Фали само уште музиката од Бени Хил во позадина за циркузот да биде поголем.

Големото срце на Гатузо кој прави повредни нешта од освојување трофеи

Остави белег во јавноста како пргав играч кој често влегуваше во кавги, а еднаш се случи противничкиот тренер да го фати за гуша. Темпераментен е и како тренер, но Рино мора да го знаете пред сè како човек.

Лука го изеде срамот а?

Не дека Бенфика синоќа имаше проблеми на Куп натпреварот на гости против третолигаш кој го доби со 0:4, ама сепак ова се дава со заврзани очи. Плус Лука Валдшмид е репрезентативец на Германија.

Види го ти мангуп романскиот голман на Милан

Го знаете ли вие Чиприан Татарушану кој Милан го купи сезонава од Лион за 500.000 евра? Замена му е на Донарума и ретко е меѓу стативите, а синоќа против Торино во Куп беше лабав по една корна со една рака.

Погба кога фаќа волеј нема промаш

Манчестер Јунајтед со евроголот на Погба го победи Барнли 0-1 на „Тафт Мур“ и со три бода го прескокна Ливерпул на првото место на табелата во Премиер лига пред големото нивно дерби во недела од 17:30 на „Енфилд“.