Во финишот на првиот дел на мега дербито Ливерпул - Манчестер Сити (1:4), гостинскиот стопер Рубен Диаз реши да го подмести колегата од одбрана Зинченко во живиот зид.
Од недела во недела нашиот најдобар фудбалер на сите времиња поставува нови достигнувања, рекорди и подвизи. На 37 години во една од трите најсилни лиги на светот.
Италијанците само паѓаат, ќе речат гласните критичарите против Серија А. Да, паѓаат, ама знаат и да признаат кога паѓаат сами. По извонредниот гест на Лацари од Лацио минатото коло, уште еден италијански репрезентативец се истакна за чиста 10-ка.
Уште неосвестени од голот на Пандев во 11 минута, фудбалерите примија и втор од нивниот поранешен напаѓач. Повторно направија слична грешна во додавање и Горан повторно ги казни. Овој пат со мајсторски ролинг на кој настрада Манолас. Топ не го бие капитенот на Македонија.
Горан Пандев и Елиф Елмас вечерва се соочуваат како стартери на дуелот Џенова - Наполи. Гостите киксираа во одбрана во 11 минута од средбата, а тоа најдобро го искористи Бадељ кој веднаш на тацна му ја даде на Пандев кој не греши со голман еден на еден. Ова е негов втор гол сезонава и реши да не се радува против својот поранешен клуб.
Емануел Нтим од Валенсиен должи многу објаснувања за потегов кој веројатно никогаш повеќе нема да му успее во кариерата. Со циркузантскиот автогол му подари 3 бода на гостинот Гренобл.
Фудбалскиот аудиториум во Австралија веројатно нема видено поатрактивна, пофраерска и помангупска асистенција од оваа. Авторот е Сајмон Кокс од Вестерн Сиднеј кој на прва личи дека ја смести во гол, но сепак асистираше.
Само Мурињо може да прекине интервју на ваков начин и да го ремети својот играч дека намерно добил жолт картон за следното коло да биде суспендиран и да оди да се одмори во Португалија. Снимката е од времето кога им беше тренер на Давид Луиз и Азар во Челси.
Човекот кој може да работи буквално сè во еден клуб: од тренер до фитнес-инструктор и скаут, направи првокласни чуда. Од непознати играчи створи ѕвезди кои подоцна им донесоа стотици милиони на клубовите.
Јануари беше месец во кој паднаа фантастични погодоци во најдобрата англиска лига. Осум врвни голови се најдоа во изборот за гол број 1. Да не знае човек за кој да гласа.
Комити не застануваат со донаторската кампања за спас на Вардар и секој ден испраќаат апели со порака за да се обезбеди иднината на македонскиот спортски бренд. Изработија и емотивно видео за тоа како почна нивната омилена фудбалска приказна која датира од црно белите времиња.
Миленко вели дека на тема фудбалски судии има случки за емисии со кои може да пополни четири сезони. Издвои две скандирања од мак фудбалот. Првото се однесува за судијата Васил Кировски - Џери на мечот Брегалница - Осогово, а второто за Ѕинго. Тоа се тие уникатни моменти од полните трибини во 90-те кои не се повторуваат. Абе зете, зете.
Холандскиот шампион дефинитивно го следи баксуз. Прво нивниот шпиц Квинси Промес беше уапсен зошто со нож нападнал роднина, после заборавија да го регистрираат нивното рекордно платено засилување, Себастијан Алер, а сега на 1 година им е суспендиран и првиот голман.
Единствен фудбалер со освоени три Мундијали. Спортист на векот прогласен од страна на МОК. Фудбалер на векот според ФИФА, заедно со Марадона. Еден од 100-те најважни луѓе на векот според Тајм. Гинисов рекорд: 1.283 гола на 1.363 натпревари.
Елитната англиска Премиер лига е основана на 20 февруари 1992 година, пред 29 години. Претходно се викала прва фудбалска дивизија. Од таа 1992-ра до денес се забележани 10 страшно убедливи победи.
Во 34. коло од бразилската Серија А, на мечот Форталеза - Коритиба гостите изгубија 3-1, добија 5 жолти и 2 црвени картони, а резултатот можеше да биде поубедлив ако во 90+8' минута гостинскиот центарфор Мартин Сарафиоре не одбренеше пенал.
Мислевме дека наш Марио Ѓуровски е најјак за прослави на гол. Уствари добро Марио пак си е најјак, а овој не му е конкуренција бидејќи спаѓа во друга категорија. Дечкото реши да оди на крај, ама онака хард кор како да е дома.
26 годишниот Нану доби лекарски третман на терен кој траеше околу 15 минути. На никој не му беше до фудбал после судирот, а Пепе се расплака од мака за својот соиграч.
Еден од најголемите и најизненадни трансфери во зимскиот преоден рок беше оној на Себастијан Алер во Ајакс кој за репрезентативецот на Брег на Слонова Коска плати 22,5 милиони евра.
Златан Ибрахимовиќ досега во кариерата играл против 250 клубови и репрезентации. Во клупскиот фудбал постигнал 499 гола и сега го чекаат противници против кои никогаш не играл.
Фактура на лицето еднаш, фактура на лицето два пати. А нели е наједноставно да се напише само дека ќе отсуствува поради повреда? Ај сега ќе им пратиме фактура.