Фудбал

16 причини според кои Величе Шумуликоски е подобар од Меси

Извесен Трајче ни коментира под објавата со голот на Пандев дека му фали Величе Шумуликоски. Извесен Илија му прави врхунски риплај и ни го разубавува денот со следната споредба која заслужува да се урами.

Зошто големиот Ван Бастен траеше толку кратко?

Роден во Утрехет на 31 октомври 1964, Ван Бастен почнал да игра во локалните клубови ЕДО, УВВ и УСВ Еливајк. На 16 години како голем талент доаѓа во фамозната школа на Ајакс и тука почнува неговата славна кариера.

Па што ако играм во одбрана, сите ќе ве поминам

Никитас Николис е член на Олимпијакос У19 за кој сите зборуваа викендов во грчкиот фудбал, а има и зошто. Па не гледаме секој ден како некој понижува пола тим. Па уште и дефанзивец е, па зидановка на последниот и на крај имаше душа и за силен и сигурен удар. Браво дете.

Како во Унгарија помагаат децата што собираат топки

И тоа во унгарски куп се случи ова, а не во некој аматерски ранг. Напрај му го на Златан ова или на Гатузо, па ќе јадеш ластици.

Алпака (мала лама) прекина фудбалски меч во Англија

Пониските лиги во Англија во кои се игра аматерси фудбал имаат свој препознатлив шмек. Потврда за ова стигна во саботата.

Твит од иднината за Пандев кој 17 сезони е стрелец во Серија А

Да не постоеше ќе требаше да го измислиме. Луѓе 17 години да просперираш во лига каде се мисли најмногу на одбрана, па уште и да освоиш 10 трофеи и пази да стрелаш во 17 сезони е за поклон до земја. Ќе доживее ли некогаш вакво нешто друг Македонец и општо странец?

Коментар на годината по повод изјавата на Мурињо за Македонија

Тотенхем помина тешко на гостувањето во Бугарија и со пресврт речиси на крајот од мечот го совлада Локомотив од Пловдив. Во четврток доаѓаат во Скопје и ќе играат против Шкендија во 3. квалификациско коло од ЛЕ. Жозе, ќе се стрпиш друже за еден ден, тоа е.

Кеса Аризабалага

Челси со задоволство објави дека потпишал договор со нов голман - Едуард Менди кој за 22 милиони фунти го купуваат од Рен. На Лампард и навивачите конечно ќе им олесни зошто најскапиот голман на сите времиња Кепа Аризабалага направи еден куп киксови и минатата сезона и сега.

Твит за големината на Јирген Клоп

Ливерпул по убедливо освоената титула минатата сезона, продолжува да гази и во новата. Го совладаа големиот ривал Челси со 0-2 со два гола на Садио Мане, откако домаќинот играше со играч помалку по црвениот картон на Кристенсен. Кога судијата го исклучи Данецот некои од клупата на Ливерпул аплаудирале, па Клоп им се свртел.

Робертсон го поништи Жоргињо со еден потег

Ливерпул го доби дербито на гостувањето против Челси со двата гола на Мане, а дуелот за кој сите зборуваат е овој на средина од теренот кога Робертсон го прати италијанскиот репрезентативец во пензија.

Левицата на Кулушевски проработи за 13 минути во дрес на Јуве

На само 20 години направи трансфер од соништата вреден 35 милиони евра, Пирло му даде шанса во прв тим уште во прво коло во тандем со Роналдо, а тој ладнокрвно и елегантно ја збрца во гол против Сампдорија.

Ве поздрави доктор Горан Пандев

Само 9 минути игра му требаа на мајсторот на фудбалската игра со гол да ја отвори новата сезона 2020/2021 во Серија А. Топ не го бие и дели лекции по фудбал и на 37 години. Погледнете ја оваа игра еден на еден со голманот на Кротоне кој Џенова го декласираше со 4:1.

Баерн е настинат, го шина Шалке 8:0 на старт на сезона

Само месец дена поминаа откако ја попарија Барселона со 8:2 во полуфиналето на ЛШ. Кога се одморија, кога се вратија на подготовки, кога истренираа за да се вратат во форма и повторно да експлодираат на ист начин.

Првиот тренер кој го ставил Меси во игра

Се вика Салвадор Апарисио, покоен е, а кога му го направиле интервјуто на тема Лео Меси го совладаа емоции. Плачел кога го гледал на натпревари за Барселона и Аргентина.

И од многу држење дистанца не е на арно, 37:0 се губи

Го имаме фудбалскиот натпревар меѓу највнимателните во време на корона кои дошле дефицитарни само да нема контакт, против немилосрдните и безосетните кои секој втор напад им давале гол.

Тимот од украинското село Ковалевка стана хит во Лига Европа

Покрај македонскиот претставник Шкендија, големи изненадувања во квалификациите за Лига Европа направија и неколку интересни анонимни клубови.

Англичаните го споредуваат стадионот во Тетово со Чернобил

Откако пред три години им се падна Милан, Шкендија повторно ќе нагости светски познат фудбалски тим кој лани беше финалист во ЛШ. Ама твитерџиите ги измешаа брзите со стадионот.

Изгледа стана модерно голмани да даваат гол

Во 3. коло од Копа Либертадорес, клубот Жуниор со 1-2 ја победи еквадорска Барселона. Првиот гол на мечот уште во 7' минута го даде Себастијан Виера, голманот на гостите кој ризикуваше евентуално одбиена топка да му отвори контра на празен гол.

Жозе Мурињо со 100 победи во еврокуповите ќе игра против Шкендија

Тотенхем ги почна квалификациите во Лига Европа од 2. коло. Првиот противник Локомотив Пловдив се покажа како многу тврд орев, па Спарс едвај се спасија од историска бламажа.

Где је лопта?

Локомотив Пловдив синоќа го изненади Тотенхем со водство во 71-ва минута, но големиот фаворит не дозволи резил и им ја сврте со головите на Кејн од пенал и Н'Домбеле во 80-та и 85-та. На овој вториот Бугарите како да не ја видоа топката.

Кој ајван не го призна овој гол во ЛЕ?

Се сеќавате на неправдата на Англичаните против Германија на СП 2010 кога на Лампард не му признаа чист гол така? Епа еве реприза од синоќа со тоа што сега на толку технологии нејасно е како може овој гол никој да не го види?

Мајсторија на Бесарт Ибраими ала Меси

Поранешниот македонски репрезентативец го постигна еден од најатрактивните голови синоќа во Лига Европа со кој го елиминираше романски Ботошани на гости за пласман во третото квалификациско коло. Лоб на Ибраими за сите пари.

Неверојатен гол на Бесард од своја половина

Синоќа по цел свет се одиграа стотици натпревари во разни натпреварувања и паднаа стотици голови. Еден од поубавите во шведската прва лига го даде Бесард Сабовиќ кој ги постави конечните 2-2 на мечот Елфсборг - Мјалби.

Што ветер ќе беше ова, да не можеш топка да шутнеш

Норвешки Розенборг со 1-5 го декласираше летонскиот Вентспилс и се пласираше во следна рунда од квалификациите во Лига Европа. Ај што паднаа 6 гола, туку таков ветер дуваше што чудно е како ја контролираа топката воопшто.