Најавата за вчерашниот меч од Лига Европа меѓу ЦСКА Софија и Рома ја направи Христо Стоичков, ама во сопствена режија на свој начин кој не им се допадна во Италија.
Фудбалерите на Милан стигнаа до неверојатна серија од 23 меча без пораз во сите натпреварувања (18 победи, 5 нерешени). Синоќа лагано со 3-0 ја победија Спарта Прага во Лига Европа и веќе имаат 6 бода. Брахим Диаз на 2 меча има 2 гола, а дојден е на позајмица од Реал Мадрид.
Дефинитивно нема коло од Премиер лига или Лига Европа а Португалецот да не направи шоу какво што изведе во Скопје. Синоќа во Белгија неговиот Тотенхем изгуби од Антверпен со 1:0 а Жозе од лежерен пред мечот стана потиштен после натпреварот.
Австриски Волфсберг направи најголемо изненадување во Лига Европа синоќа откако со 1-4 го потепа Феенорд среде Ротердам. Ама мечот имаше чуден тек зошто српскиот судија Срѓан Јовановиќ досуди 3 пенали за гостите, нешто што многу ретко се гледа во фудбалот, една екипа да добие толку казнени удари.
ПСВ синоќа славеше 1:2 на гостувањето против Омонија каде беше фаворит, но 29-та минута им се случи шок, откако фудбалерот на домаќините Жорди Гомез им ја фукна од слободен и тоа од негова половина, а со тоа постави и рекорд.
По лавината критики во јавноста за киксевите во дресот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски покажа дека не е баш таков голман како што многумина мислат кај нас. Рајо Валјекано славеше 2:0 над Фуенлабрада во втората шпанската лига, а Столе на 0:0 го спаси голот со прекрасна парада.
Македонскиот напаѓач, Адис Јаховиќ на кој му оди добро во турскиот фудбал, остро реагираше после објаснувањето на Игор Ангеловски за тоа зошто повеќе не е дел од репрезентацијата.
Несвесна во какви времиња проаѓа светот, фудбалската јавност на голема врата најавуваше мега-дуел Роналдо-Меси во рамки на дербито Јувентус - Барселона во Лига на шампиони. Како Меси и Кристијано да се отпорни на глобалниот вирус. Го немаше Роналдо, па Мората дојде во прв план.
Поранешниот италијански репрезентативец, Кристијан Виери даде свое видување за дербито на колото во ЛШ меѓу Јуве и Барса, со посебен акцент кон Лионел Меси.
Несреќникот доби употреблива топка, ама се постави со погрешна нога и несмасно со цеваница ја удри во спротивен правец од гол. Сето тоа го следеше неговиот чувар кој излезе двојно поголем несреќник од него.
Маркус Рашфорд одигра блескав меч против Лајпциг и го постигна најбрзиот хет-трик во ЛШ постигнат како резервен играч, кој му успеа за 27 минути. Но за влакно можеа да бидат и четири ако реализираше по овој прекрасен слалом.
Дејан има потекло од охридско и редовно кога може доаѓа во Македонија. За нашата репрезентација до 17 години одигра 5 меча и постигна 6 гола. Откако дојде во Јувентус стана еден од главните играчи на екипата и со и без Роналдо во тимот. Зошто не се решил да игра за сениорската репрезентација?
Костадин Захов - Дино бранеше за Беласица, Вардар, Турново, Брегалница, а од 2016-та е во Шкендија. Има и еден настан за Македонија на квалификациска против Албанија пред четири години, ама сега пазете му го овој настап.
И тоа каков гол даде Лук Копманс, чуварот на мрежата на Адо Ден Хаг во Холандија на мечот против Спарта Ротердам. Гостите водеа уште од 39' минута преку Дензел Гравенберх, ама домашниот голман во 90'+4 постигна фантастичен гол со глава.
Фудбалерите на Васко де Гама од утре веројатно ќе добијат задолжително правило да ги изведуваат корните директ во шеснаесетник, бидејќи ако го повторат уште еднаш овој имресивен начин на изведување, може од плата да им скинат.
Лионел Меси сезонава постигна 4 гола и сите 4 му се од пенал (3 за Барса против Виљареал, Ференцварош и Јувентус и 1 за Аргентина). Манчестер Јунајтед демонстрираше сила против германски Лајпциг и го потопи со 5 комада (Рашфорд влезе и даде 3)
На 26 октомври Жозеп Бартомеу изјавува: „Не сум помислил да дадам оставка“. На 27 откомври Жозеп Бартомеу дава оставка од местото претседател на Барселона.
Мурињо ни беше два пати во Скопје и во двата наврати направи шоу, особено вториот пат. Ама кој знае што ќе биде ако еден ден дојде царот меѓу тренерите. Погледнете колку е оригинален и природно комичен во дијалог со колумбиски новинар кој му заличи на Пабло Ескобар.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид секако е играч на мечот против Салцбург бидејќи по негатива од 1:2 им ја сврте со два комада, но постои ли играч кој не би жалел за ова? Сите ќе зборуваат за овој спектакл кој вака ќе остане заборавен.
Исланѓанецот Микаел Андерсон ги збуни синоќа сите кои го гледаа мечот Ливерпул - Мидтјиланд. 22-годишното крило во 66' минута беше спремен да влезе во игра наместо Авер Мабил, ама камерите го фатија како мака мачи да го облече дресот со број 34.
Додека вниманието беше вперено во Лига на шампиони, бразилскиот нисколигашки фудбал демонстрираше чудна кунг фу акробација во која играчот и се фрли на топката со две нозе. И за чудо му успеа.
На 20 февруари 2020-та, Ајакс потпишал 5-годишен договор со младиот 20-годишен напаѓач од Бразил, Антони кој на 42 меча за Сао Пауло постигнал 6 гола. Сега за Ајакс на 6 меча веќе има 4 гола.
Карим синоќа со нов гол влезе на вечната листа стрелци кои давале гол во 16 сезони од Лига на шампиони. Таму е со неприкосновениот Лионел Меси. Синоќа Реал спаси жива глава против Борусија Менхенгладбах и после 2:0 извади 2:2.