37 годишниот ветеран од Бразил игра уште фудбал за Палмеирас каде е член од 2017-та. Го паметиме добро од Фиорентина, Јувентус, Галатасарај, Интер. Да, беше груб, ама за топка во среден ред.
Канте ли ова? Или па можеби Клод Макелеле? Не, туку Таигун Ндомбеле, Французинот кој летото 2019-та направи трансфер од Лион во Тотенхем, вреден 62 милиони евра. Мурињо минатата сезона го критикуваше за слабите партии, но сезонава е друг човек.
Ако на некои најмногу им фали посетата на стадиони тоа се сигурно навивачите на Наполи. „Сан Паоло“ не видел публика скоро 10 месеци. Којзнае како ќе биде кога еден ден ќе се врати публика на трибините. На времето грмеа за Пипита Игуаин кој имаше рекордна сезона со 36 постигнати голови во Серија А.
Шестолигашот Чорли го исфрли Виган од ФА Купот иако домаќинот водеше 2-0 на полувреме. Гостите израмнија и во 92' минута со супер гол на Конор Хал се пласираа во следната рунда. Понатаму го следиме Чорли и навиваме за нив да дотуркаат до Манчестер Сити, Јунајтед, Челси, Арсенал...
Ибрахимовиќ, Де Брујн, Варди...Што ли се случуваше викендов со пеналџиите кои промашуваа на ангро, а повеќето од нив можеа драстично да го сменат конечниот исход. Најдовме три средби на кои имаше дури и по две утки од 11 метри.
Македонската фудбалска репрезентација почна да се собира во Скопје во пресрет на исторскиот меч, а македонската јавност може да се смири, бидејќи попладне во Скопје пристигнува капитенот за кој синоќа се појави информација дека нема да го пуштат од Италија.
Никогаш поблиску, никогаш поважен и никогаш со поголема историска важност за нашиот репрезентативен фудбал. 27 години поминаа од првиот меч на Македонија, а тоа се скоро три децении исчекување. Изгоревме од желба и ние да заиграме на едно Европско првенство.
Вистинска реткост е некој врвен играч како Роналдо, Меси или Ибра, некој да го прати по бурек. Тоа му успеа синоќа на стоперот на Лацио, Луис Фелипе кој со само еден елегантен потег на смирен начин го исфрли од игра Кристијано.
Ако со години важеше за еден од поригорозните тренери кој конзервативно се држи до старите методи на работа, Жозе Мурињо откако е дојден во Тотенхем оди во чекор со модерните текови. Направи и Инстаграм профил на кој често објавуа сè она што објавуваат и младите.
Астон Вила синоќа му нанесе убедлив пораз на Арсенал од 0:3. Резултатот го отворија во 25-та минута по еден несфатлив млак начин на играње одбрана. Рос Баркли и Џек Грилиш си играа мајтап со одбраната за на крај 19 годишниот Бакајо Сака да си даде автогол
Иако беше голем фаворит на гостувањето на „Местаља“ пред сè зошто на Валенсија ѝ замина пола екипа пред почетокот на сезоната па тренерот едвај го убедија да остане, Реал Мадрид доживеа кошмар.
Мечот Арсенал - Астон Вила се игра само 15 минути, а Гери Линекер веќе објави видео на Твитер од оваа средба на кое како да ви кажеме. Левиот бек на Арсенал, Киран Тирни се самоуништи.
Баер Леверкузен и Борусија Менхенгладбах одиграа спектакл со 7 гола! Домаќинот славеше со 4-3, а конечниот резултат го постави гостинскиот фудбалер Валентино Лазаро со шкорпион-гол. Сигурно конкурент за гол на сезоната во Бундеслига.
Симоне Инѕаги важи за доста темпераментен тренер кој често скока и трча покрај аут линија. Денеска беше и во улога на асистент во играта на Лацио при изведениот аут на Марушиќ и тоа буквално, а од таа акција Лацио израмни во 95-та против Јуве со помош на неверојатниот џокер Фелипе Каиседо.
Просто нема коло во најдобрата македонска фудбалска лига а да не се појави некое видео со голмански кикс. До толку киксови што се направи и една компилација.
Џон Руни е шест години помлад од брат му Вејн. Игра за нисколигашот Стокпорт и денес го запозна фудбалскиот свет подобро со него. Во 1. рунда на ФА Купот постигна лудница од гол од пола терен против Рочдејл.
Вест Хем и Фулам 91 минута играа фудбал без ниеден гол, а тогаш домаќинот поведе преку Томаш Сучек. Во последните секунди од продолжението Фулам добива пенал кој запна да го изведе Адемола Лукман. И мангупот пробува паненка.
Коњаспор со 0:2 го совлада лидерот во Турција Фенербахче. Мрежата им ја начна Марко Јевтовиќ со фантастични „маказици“ кои уште долго ќе се вртат по хајлајтсите на сезоната во турската Суперлига.
Македонска фудбалска сцена = светска бламажа, ништо ново за мак фудбалот нели? Струга имаше 2:1 против Вардар, ама се до 96-та минута кога Дејан Блажевски изведе еден млак слободен удар, топка која голман треба со заби да ја фати. Урош Ѓуриќ интервенираше како од вчера да е голман.
Претседателот на Лацио дефинитивно може да се смета за Доналд Трамп меѓу претседателите на фудбалски клубови. Веќе неколку дена е карамкаша со тестовите во римскиот клуб.
На сите балкански лакрдии кои сме ги виделе до сега, ова е врвот. На нисколигашки меч меѓу Врело Спорт и Спартак Љиг гостите допатуваа со само 7 играчи и за да избегнат дебакл, најдоа начин како мечот веднаш да биде прекинат. Со лажење дека еден не може да продолжи.