Фудбал

Обамејанг друже, што направи?

Скоро 300.000 евра му е плата. Неделно.

Дејверон од Палмеирас е врвот за глума во фудбалот

Мислевме дека сме ги виделе сите можни смешни или патетични обиди за да се дојде до еден фаул или фаул за пенал, ама ќе се појави некој ваков лик и ќе те демантира. Го имаме херојот на колото, кој истовремено е и тежок пациент.

Виница на полувреме

ФК Слога 1934 од Виница против ФК Локомотива 2018 од Градско, македонска втора лига. Викенд е време за фудбал, а фудбалот е забава. Само весело дечки и честитки за победата и првото место.

Спремни за Италија? Спремни

Не дека за смеење е работава, нормално дека сакавме полесна ждрепка, ама па Пикси го слушнавте што кажа „Што Португалците крилја да не имаат“? Па ајде и ние со таков став, баш како соседите и објавата на нивната најпопуларна Фејсбук страна за нас.

Малиот ја добил битката на Енфилд, се појави видео од друг агол

На мечот Ливерпул - Порто во средата, на терен се случи една необична брканица во која редарите бркаа две мали деца, кои храбро и пожртвувано се симнаа во лов на топката. На крајот победија со одлична поддршка од трибина.

Џани Инфантино е ова или Чиро Имобиле?

Првиот човек на ФИФА изгледа од 11 метри го копира напаѓачот на Лацио, кој два пати даде ваков гол против Локомотив Москва во Лига Европа. Силна и ниска по страна, да не може да ја фати.

На Матеус му зариба топчето кога ја влечеше Македонија

„Не сакаат да играат“, рече водителот додека германската легенда Лотар Матеус се мачеше да го отвори топчето од каде се појави Македонија, која налета на немилосрдна ждрепка.

Што рече селекторот на Италија за Македонија?

Предводникот на златната генерација италијански фудбалери кои минатото лето блеснаа во полн сјај и среде преполн „Вембли“ во Лондон ја победија Англија и станаа европски шампиони, имаше пофални зборови за нашата репрезентација.

Пеколно тешка ждрепка за Македонија на патот до Светско првенство

Македонската фудбалска репрезентација во март следната година ќе гостува кај европскиот шампион Италија во полуфинале на баражот, плејофот за пласман на Мундијалот во Катар догодина.

Џеј Џеј Окоча и Тимо Вернер во едно

Густав Исаксен од Митјиланд е младо дете, 2001-ва родено и се гледа дека му фали искуство во напад. Махерски им го сврте паметот и на голманот и на дефанзивецот на Брага, ама чуму со пуна на крај? Тренерот клекна на земја од мака кога ја виде утката.

Снимка од соблекувалната на Јуве во која Роналдо урла кога беа елиминирани од Порто

Серијалот на Амазон, насловен како „Juventus All or Nothing“ ја открива напнатата атмосфера во соблекувалната на Јувентус, кога минатата сезона не успеаа да го минат осминафиналето во ЛШ. Роналдо вика по сите и само Квадрадо му се спротивставува.

Мура од Словенија го урна големиот Тотенхем и тоа е најубава фудбалска бајка

Новиот тренер на Тотенхем, Антонио Конте кој донесе голем ентузијазам на „Вајт Харт Лејн“, синоќа го доживеа првиот пораз на новото работно место. Спарс изгубија 2:1 во Мура со гол примен во 90+4’ минута од последниот шут на мечот. Неверојатна радост за малиот и анонимен клуб од Словенија.

И навивачите на Ривер пееа за Марадона, цел Монументал во чест на Диего

Толку беше голем што го сакаа буквално сите, и противнички навивачи и противнички играчи и тренери. Можеби најголем доказ за тоа е што во негова чест името му го скандираа и најлутите ривали, оние со кои се бореше на терен и надвор од него.

Кога на Раџа ќе му легне, џабе го блокирате

Еден од најјаките, а можеби и гол број 1 на синоќешните средби во Лига Европа е оваа бомба на Раџа Наинголан, кој летоска се врати во родниот Антверпен. 2:2 одиграа со Ајнтрахт Франкфурт.

Во Конференциска лига да се немало осет од 50 метри

На Лазарос Кристодулопулос од Анортозис и Жорди Гомез од Омонија Никозија, не е човек да им даде топка на центар. Сите од таму организираат напад, а они директ во гол. Првиот за победа од 1:0 против Гент, а вториот за реми 2:2 во 90-та минута против Карабах.

„Ла Мано де Диос“ за годишнината од смртта на Марадона

На 25 ноември 2020-та се одјави уметникот со топка, идолот на многу генерации и душата на Аргентина кој во својата земја го поистоветуваа со господ. Музичкава точка, која е дел од документарецот на Кустурица ја изведува со толкава страст и жар, исто како што го живееше цел живот до 60 години. Рефренот е кулминација на емоциите. Морници.

Селекторот на Швајцарија пратил 9 кила чоколадо за Северно Ирците што ја скротија Италија

Пред мечот во Белфаст меѓу С. Ирска и Италија, навивачите на Северна Ирска и на Швајцарија во шега коментираа што вториве би им дале на првиве во случај Северно Ирците во последно коло од квалификации да не изгубат од европскиот шампион Италија.

Салемакерс е фудбалер или магионичар?

Не преовеличуваме ако ви кажеме дека го пуштивме преку 10 пати, а за да сконтаме што уствари направи фудбалерот на Милан, почнавме да го гледаме со стопирање и во забавена снимка.

Нафрли пиво на втора статива

Хрватскиот репрезентативен бек Јошко Гвардиол со 19 години веќе е меѓу главните играчи во Хрватска и во РБ Лајпциг каде дојде во јули годинава од Динамо Загреб за 18.8 милиони евра. На мечот Клуб Бриж - РБ Лајпциг кој заврши 0:5 за гостите, при една прослава на гол Гвардиол удри со рамо полна пластична чаша пиво која долета од трибините.

Сите комбинаторики за Милан или Атлетико Мадрид да стигне до осминафинале

Само Б групата од синоќешните четири ќе добие разврска во последното коло од ЛШ. Таму Ливерпул е сигурен патник, а битка за втората позиција ќе бијат сите останати екипи. Многу е тесно и неизвесно.

Хит видео со две деца кои влегоа на терен на Енфилд Роуд

Ова во Англија е реткост, бидејќи тој што прескокнува ограда, свесен е дека после само во паб може да гледа фудбал. Ваков случај пак со мали деца, речиси и да немало до сега. Целта им беше да си одат дома и да се фалат по другари со топка од ЛШ. Крајот е пожртвувачки.

Клоп во жестока дискусија со новинар зошто рекол мал турнир во Африка

Ливерпул е немилосрден и меле во Лига на шампиони. Дури и во ситуација кога се пласирани понатаму во следна фаза, играат со речиси прв тим и најголемите ѕвезди Салах и Мане. Синоќа го добија Порто со 2:0. И сè беше добро по Клоп до прес-конференцијата после мечот.

Шајката на Алкантара и мајсторскиот гол на Салах кој го седна противникот на газ

23 гола паднаа синоќа во Лига на шампиони, а за издвојување се двата од Енфилд Роуд, каде Ливерпул и пласиран го доби Порто. Тијаго Алкантара и Мохамед Салах приредија шоу за навивачите.

Холандски коментатор со луд коментар за Домагој Вида

Во претпоследното, петто коло од групната фаза на Лига на шампиони Ајакс со пресврт 1-2 славеше во Истанбул против Бешикташ и има 100% учинок со сите 5 победи во групата.