Фудбал

Јунакот на Милан кој го сруши Атлетико, на 25 години играл за годишна плата од 1.500 евра

Се вика Жуниор, како и еден куп Бразилци, а се превиза Месиас. Интересно презиме, особено ако ги прочитате одвоено првите четири и последните две букви. Каква бајка му се случува во животот. Па зарем успеал да склопи око синоќа?

Миралем Пјаниќ го има најсмешниот судар со соиграч во ЛШ

Босанецот доби удар со газ в лице од страна на Мехмед Топал и добро што стана и продолжи, бидејќи ова не изгледаше баш пријатно. Инаку Бешикташ има 0 бодови откако го загуби и петтиот меч во Лига на шампиони, овој пат дома од Ајакс со 1:2.

Сити со пресврт му се одмазди на ПСЖ, Милан во 87-ма минута го закопа Атлетико, а Бобан Николов продолжува во ЛЕ

Реал Мадрид, Интер, ПСЖ и Спортинг вечерва обезбедија осминафинале во ЛШ, каде таму од претходно патници се Сити, Ајакс и Ливерпул. Драматична стана ситуацијата во групата Б каде покрај Порто и Атлетико, во игра за втората позиција се приклучи и Милан.

Реакцијата на тренерот на Спартак Москва откако Спалети одби да се ракуваат

Фудбалерите на Наполи го загубија важното гостување од Лига Европа во Русија со 2:1. Стрелец на единствениот гол за Наполитанците беше Елиф Елмас. Руи Виторија после мечот сакаше да се поздрави со Лучано Спалети, но овој го одби, а потоа образложи дека не се ракувал, бидејќи најпрвин португалскиот стратег не го сторил тоа пред стартот.

Голот на Елмас против Спартак и големата двојна шанса

По одличната партија против Исланд, Елиф Елмас се истакна со нова голгетерска партија и во дресот на Наполи. Македонскиот репрезентативец биеше прецизно со глава, но само го ублажи поразот на својот тим во претпоследното коло од Лига Европа.

Топ 6 лудачки голови во ЛШ

Некои ремек дела не се повторуваат во Лига на шампиони. Такви се на пример оние на Жорж Веа, Зинедин Зидан, Дејан Станковиќ, Лео Меси, Кристијано Роналдо и Герет Бејл. Греота е човек да гласа само за еден.

Полицијата во Катар уапсила новинарска екипа од Норвешка која правела репортажа за Светското

Коруптивно до даска, за што призна и самиот Сеп Блатер, плус со нечовечно и дрско изживување врз илјадници работници кои починаа во голема бројка градејќи ги стадионите. Ама ене го ќе се игра, ова време следната година. Само да пазиме како ќе известуваме, да не почнат и од дома да не вадат со лисици, додека го гледаме со чварки и туршија.

Една година условна затворска казна за Бензема

Заврши долгата или предолгата сага за случајот со секс снимката на Валбуена, поради која Карим Бензема пет години беше суспендиран од француската репрезентација.

Ви текнува на Фабрицио Миколи? Ене го ќе оди во затвор, станал мафијаш

Ако Винченцо Јакинта, некогашниот фудбалер на Удинезе и Јувентус ја запрепасти јавноста откако беше приведен и затворен поради мафијашки дела, голем шок за носталгичарите на Серија А е и веста за пресудена затворска казна за некогашниот шпиц на Јувентус, Бенфика, Палермо.

Лудата реакција на Силва со која не дозволи гол-гол на Стемфорд Бриџ

Бразилскиот ветеран кој после толку освоени трофеи, пехари, медали, уште игра стабилно и добро за својата репрезентација и за Челси, синоќа на мечот со Јувентус командуваше со одбраната на сините. Во еден момент спаси чист гол на италијанскиот тим со реакција во која дури и се повреди.

Поништеното голчиште на Отаменди поради лошо изведен корнер

Барселона и Бенфика одиграа без голови, ама неколку пати го креваа адреналинот кај публиката на Камп Ноу. За играч на мечот е прогласен Отаменди поради одличните интервенции во одбрана, но Аргентинецот за малку и ќе го решеше мечот со атрактивен погодок.

Ај без карање дечки, ќе го решиме ова како мажи

Тројца го допревме дресот, кој тепа на лист, камен, ножички, негов си е, може така?

Без гајле момци, ќе ја шутирам директ во гол

Голејадата во Лига на шампиони се случи на мечот Јанг Бојс - Аталанта, конечни 3:3, а точка на мечот на 2 минути до крајот стави Луис Муриел. Многу мајсторски и штосно изведен слободен удар. Ем преку жив ѕид, ем ниска на гол линија, да тапне таму кај што не се брани.

Промашување на годината на сред „Камп Ноу“ во 93-та минута

Репрезентативецот на Швајцарија Харис Сеферовиќ можеше да се прослави и да биде главен јунак на вечерта во Лига на шампиони, но се посрамоти со неверојатен зицер против Барселона среде „Камп Ноу“. Барса и Бенфика одиграа без голови, патникот во следна фаза меѓу овие два тима ќе се решава во последно коло, а Сеферовиќ можеше на Португалците да им донесе голема предност.

Туку што беше со голот на Левандовски?

Во 5. коло од групната фаза во Лига на шампиони, гигантот Баерн Минхен ја преброди студената снежна вечер во Киев и со 1-2 го доби Динамо и Баварците со 15 бода (учинок 5-0-0) се апсолутни лидери на табелата. Роберт Левандовски даде страшен гол во 14' минута за 0-1, еврогол кој уште долго ќе се врти по најавни шпици.

Децата на Челси го растурија Јувентус, Барса пред амбис

Менаџерот на Челси Томас Тухел на преубав начин го одбележа јубилејот 50. меч на клупата на сините со убедлив триумф над Јувентус. Манчестер Јунајтед успешно го преброди гостувањето кај Виљареал, а Јанг Бојс и Аталанта одиграа луд меч со 6 гола.

Шведски снежни фудбалски моменти

Откако во градот Естерсунд и во други шведски градови напаѓал снег, а фудбалските првенства им се пред крај, мечот меѓу Естерсунд и Мјалби за малку ќе се одложел поради такви временски услови. Ама на крај одиграле, присутните навивачи уживале, а гостите победиле 0-2 и однеле три важни бода во борбата за опстанок. Естерсунд одамна е испаднат во втора лига како последен на табела.

1 минутно одлепување на босански коментатор

„Не знам кого би можеле да гледаат овие три девојки кои седат тука. Мене сигурно нема“.
„Мечка се жени“. Ова се само два од коментарите на Босанецот, опседнат со љубовниот живот на играчите. Не сте чуле полудачки пренос.

Каков е ритуалов што го вовел Чави во Барселона?

Новиот тренер на Барса, легендарниот Чави со победа ја тргна авантурата на „Камп Ноу“ и тоа во дерби против градскиот ривал Еспањол. Победија 1:0 со гол на Мемфис Депај од пенал во 48’ минута. Чави вовел некои новости во екипата, некои се строги принципи ама и некои невообичаени ритуали на тренинг за јачање на морал.

Евроголот на неделата стигна од Полска

Во меч од 15. коло на полската Екстракласа, Краковија прекина серија од два порази со триумф од 1:0 над Раков. Еврогол даде Отар Какабадзе со шут од далечина.

Голот број 1 на колото во Серија А е дело на Кеита

Се калеше во Ла Масија заедно со Давид Бабунски од каде направи трансфер во Лацио, каде играше четири сезони. Потоа настапуваше за Монако, а од таму беше позајмуван во Интер и Сампдорија. Ако сте го заборавиле, да знаете дека оваа сезона е член на Каљари, клуб кој и не е баш адекватен за неговите квалитети. Погледнете каква акробација изведе против Сасуоло. Маестрален потег.

Слабости кои може да доведат до катастрофално Светско првенство во Катар

Една од најбогатите земји на светот пред неколку години ја доби организацијата на вториот најголем настан на светот, фудбалскиот Мундијал. Домаќинството значи голема чест, но и голема одговорност.

Солскјер се враќа во своето рибарско место каде топло го пречекаа

Меѓу незадоволните навивачи на Манчестер Јунајтед кои со право беа фрустрирани поради катастрофалните резултати на скапата екипа, а на кои чашата им ја прелеа дебаклот од Вотфорд (4:1), имаше и такви кои пишуваа коментари „Солскјер да си оди по риба“. Интересно е што Оле стварно потекнува од рибарско место.

Циркузантски гол од карамбол и две мајстории во Торино

Фудбалерите на Торино понеделнички го совладаа Удинезе со 2:1, натпревар од кој вреди да се видат сите три гола. Илија Несторовски повторно беше во тим по долгата пауза, ама сè уште не добива шанса.