Фудбал

Кога Анри им вадеше душа на Неста, Малдини и Канаваро

Со плус Јулијано и Песото, тоа беше екстра силна италијанска одбрана, но сепак недоволно спремна да се прави со тогаш актуелниот светски првак Франција, предводен од Зидан. Финалето на ЕП 2000 го загубија со златниот гол на Давид Трезеге во 103-та минута. Погледнете што им правеше 22 годишниот Тјери Анри. Не можеа да го сопрат.

23 години од денот кога Мартин Палермо промаши три пенали на еден меч

На 4 јули 1999-та година во парагвајскиот град Лука се одигра легендарен меч од Копа Америка меѓу репрезентациите на Аргентина и Колумбија. На овој натпревар, аргентинскиот шпиц Мартин Палермо, најдобриот фудбалер во Јужна Америка за 1998-ма и еден од најпопуларните во негово време, промаши дури 3 пенали!

Клубови со официјално најголема посета во ХХI век

Без разлика на тоа во каква состојба е нивниот сакан клуб, дали се бори за титула, дали игра за еврокупови или минува низ тежок период, навивачите на овие 40 клубови, во XXI век биле најверни и секогаш го исполнувале домашниот стадион за голема поддршка.

Ова на видео игра ФИФА падна гол или во реалност?

Сан Хозе Ертквејкс е претпоследен во Западна конференција од МЛС лигата. На 17 меча имаат само 4 победи, а една од нив им беше против Чикаго благодарение на два гола на Бенјамин Кикановиќ. Едниот погодок падна после комична ситуација со неколку удари во пречка и статива.

Царевите на денот ни доаѓаат од тренингот на Витезе

Два гола еден спроти друг, два велемајсторски голчишта, две прекрасни асистенции, двајца јунаци и тоа еден по друг. На крај се радуваа како да стрелале во финале.

Најсрамно задржување време некогаш видено

Пред две години на меч од фудбалското првенство на Јужна Африка меѓу екипите на Мамелоди Сандонс и Блоем Селтик, домашните во финишот водеа 2-1. При ден корнер толку долго задржуваа време што оваа епизода е прогласена за најсрамна во историјата на фудбалот.

А да се сокриете сите тројца?

Автори на најјакото понижување на сезоната се Емре Мор (24 години) и Арда Гулер (17 години) од Фенербахче. Зошто најјако? Не еден или двајца, на тројца им ја протнаа низ нозе, како да играат против првоодделенци.

Рома му го донесе евро пехарот на најстариот свој навивач и го изненади дедо Џорџо

Дедо Џорџо има 96 години и важи за највозрасниот сезонец на Рома. Скоро цел свој живот поседува сезонска карта и ја бодри „римската волчица“ откако знае за себе. Клубот сега реши да му го разубави летото и го изненади со домашна посета со највредниот пехар, освоен во Лига Конференции, прв евро трофеј на Рома во клупската историја.

Стар ама врвен сеирџија

Плус спремен. Ама никогаш не се пофали што успеал да фати со апаратот.

Кога Роналдињо заигра футсал во Индија и направи шоу

Една година по пензионирањето, во 2016-та, фудбалскиот волшебник заигра футсал во индискиот тим Гоа, заедно со Гигс, Сколс, Салгадо, Креспо и футсал ѕвездата Фалкао. И? И што и, видеово не треба да трае само 1 минута. Перверзии.

На СП 2022 најспорните офсајди ќе ги гледаме со 3Д анимација

ВАР технологијата која помогна многу, ама не успеа целосно со 100% успешност да им ги скрати маките на судиите околу тој пусти офсајд, добива ново засилување.

Има ли идеален пречка-гол? Има

Американската МЛС се игра веќе активно во новата сезона. После 17 кола Монреал е прв со 29 бода пред Њујорк Ред Булс кој има исто бодови но послаба гол разлика и меч повеќе. Остин освои важни 3 бода на гости кај Шарлот и е втор во Западната конференција. Победата им ја донесе младиот Даниел Переира (21) од Венецуела со прекрасен погодок.

10 години откако Шпанија ја расканта Италија во финале на Европско

Сосема е оправдано тврдењето дека таа генерација шпански фудбалери беше најдобра во историјата. Не само што во финалето на Евро 2012 ја згромија Италија, туку и по вторпат станаа европски шампиони и станаа прва селекција која ја одбранила европската титула. Касиљас, Арбелоа, Пике, Рамос, Алба, Бускетц, Чави, Чаби Алонсо, Фабрегас, Давид Силва, Андрес Иниеста, Педро, Фернандо Торес, Хуан Мата. Селектор Дел Боске.

Амбасадорот на Катар ги нападнал Ѓорги Христов и Миле Крстев

Славниот македонски напаѓач Ѓорги Христов бил еден од двајцата тренери кои биле нападнати за време на инцидентот во ФК Парк, заедно со неговиот поранешен репрезентативен колега Миле Крстев. Децата се извадиле од памет.

Првиот тренинг на Бојан Миовски во клубот на Сер Алекс Фергусон

Абердин со право може да се нарече трет најголем клуб во Шкотска. Донси редовно им пркосат на Ренџерс и Селтик. Во клупската историја имаат и трофеи од Куп на Куп победници и УЕФА Супер Куп. Освоиле 4 титули, 7 Купа и 6 Лига Куп трофеи. Сер Алекс Фергусон од таму почнува со сериозна тренерска кариера и под негово водство освојуваат евро пехар (1978–1986).

Пази сега како им ја крадам на центар, па се претворам во Меси

Јунакот полн со самодоверба дека ќе ја реши сам, се вика Марван Хамди и е член на тимот по име Смуха. Се работи за египетскиот шампионат, а противник им е Ал Ахли. Коментаторот некако додава хумор со тоа јазикот, а спомнува и неколку пати Марадони, Марадони.

Амбасадорот на Катар во Македонија со шипка ги напаѓал тренерите затоа што го искарале син му на тренинг?

Според видеото објавено на Твитер, амбасадорот Јасим Бин Хамад Ал-Тани предизвикал инцидент и повредил еден од тренерите на Академијата Парк, која се наоѓа до Градски стадион.

Како Меси го добил прекарот гном што во превод значи митско суштество

Гном е измислено митско суштество кое често се појавува во фантастичните романи и бајки а во митологијата означуваат суштества кои ги населуваат шумите, реките и ридовите.

Ромарио - какво беше тоа играчиште

Предвесник, учител и ментор за плажи, ноќен живот и бурни пијанства на Роналдо, Роналдињо и сите големи мангупи на бразилскиот фудбал. Стариот добар Ромарио постави многу рекорди за постигнати голови. За неговиот Бразил играше скоро 18 години и на 70 меча постигна 55 гола. Во кариерата топка шутираше од Васко да Гама преку ПСВ Ајндховен до Барселона, Валенсија, Фламенго, Мајами, Флуминенсе.

Ја имаме хероината на годината која заигра фудбал со хендикеп со дозвола на македонски тренер

Карсон Пикет е првата фудбалерка која настапи за женската сениорска репрезентација на САД, родена без дел од левата рака.

Како газдата на Интер го најави кам бекот на Лукаку?

Грамадата од човек кој беше тешко да се задржи и кој практично на Конте му беше клучен играч за титулата, се врати онаму каде што растури со 64 гола за две сезони. Ветува повторно многу погодоци за Интер.

Фил Фоден го изеде срамот од жена му на плажа во Грција

Додека 22 годишната ѕвезда на Манчестер Сити бил да се олади во море, жена му нашла пораки од девојка со која се допишувал, па до толку станало напето, што морало да реагира и обезбедувањето кое им помагнало околу децата. Англиските медиуми пишуваат дека кавгата се случила на плажата Глифада на островот Крф. Налет семејниот одмор.

Убавината на шведското дерби снимено со дрон

Во 12. коло од фудбалската лига на Шведска, Малме со гол во 90+1’ минута го совлада големиот ривал Хелсинборг со 2-1. Навивачите направија феноменален амбиент кој бил сниман и со дрон. Малмо после 12 одиграни кола има 21 бод и е на 5. место на табела.

Сантијаго Бернабеу ќе стане најспектакуларниот стадион за четири спортови

Во 2023-та, Мадрид ќе го добие првиот стадион на планетава на кој покрај фудбал, ќе може да се игра и кошарка, тенис и рагби.