Фудбал

Сантијаго Бернабеу ќе стане најспектакуларниот стадион за четири спортови

Во 2023-та, Мадрид ќе го добие првиот стадион на планетава на кој покрај фудбал, ќе може да се игра и кошарка, тенис и рагби.

Гол на вечерта во Јужна Америка

Во Јужна Америка се игра завршница на двата најголеми турнири, Копа Либертадорес и Копа Судамерикана. Во второто по ранг натпреварување, уругвајскиот Насионал со 2-0 го совлада аргентинскиот Унион на првиот меч пред реваншот. Во 21’ минута Леандро Лозано зголеми на 2-0 со прекрасен волеј.

Абердин го пречека Бојан Миовски во Шпанија

Шкотскиот прволигаш кој има освоено 10 трофеи под водство на Сер Алекс Фергусон, организираше пречек за македонскиот репрезентативец во Шпанија, каде клубот почнува со подготовки за новата сезона. Трансферот на Миовски од МТК Будимпешта, каде ја заврши сезоната со 9 голови, чини 624.000 евра. 23 годишниот центарфор овој месец ги постигна првите два гола за Македонија на мечот против Гибралтар. Фино видео му направиле.

Да не треба човек за НБА драфт?

Братот покажува дека не мора да си професионален кошаркар за да го имаш осетот и вештините. Со ваква контрола комотно би можел да игра баскет во нашиве лиги.

Ајде Елиф Елмааааас

Се ожени Мумин Елмас, братучедот на Елиф кој беше во елемент заедно со Гавазова. Што ти значи кога имаш добар везњак.

Малдини не се бунеше за фаул

Прво Турам го удри со лакт во глава, а потоа Каморанези намерно му влезе од позади. Паоло смирен, професионален и ладен како шприцер. Фаул е фаул. Ќе остане поим за тоа како се игра во одбрана.

Видео за уживање: 10 најдобри асистенции во Бундеслига

Фантастичните голови секогаш одат заедно со врвни асистенции. Така беше и изминатава сезона во германска Бундеслига. Топ 10 за прави фудбалски гурмани.

Голман знае да биде пола екипа, ама знае да и да биде дрво

Во 5. коло од аргентинската Примера дивизион, Патронато на домашен терен со 3-1 го совлада Индепендиенте. Иако играа со црвен картон уште од 16’ минута, домашните ги растурија гостите чиј голман беше патарушка.

Само Симеоне може да игра фудбал без напаѓач и шах без крал

Ел Чоло на одмор игра шах со син му, а фотографијата е хит, бидејќи стратегот на Атлетико Мадрид има кралица, ама не и крал. На социјалните мрежи се водат битки меѓу мајтапџиите. Еден вели дека го пратил кралот да го паркира автобусот, друг дека оди на 0:0, трет дека игра без крал за инат на Реал, а четврти тоа што го искористивме како наслов.

10 години од најпрочуената прослава на Балотели кога го матираше Ноер за финале на ЕП

Селекцијата на Италија на ЕП 2012 во Полска и Украина, под водство на Чезаре Прандели стигна до финале кое го загуби од моќната Шпанија. Во четвртфинале ја елиминираа Англија, а во полуфинале Германија, благодарение на двата гола на 21 годишниот Супер Марио, кој тогаш играше за Манчестер Сити. На денешен ден пред точно 10 години се случи неговата најпозната прослава.

Му е гајле што прекина контра, па голманка мораше да го игра

На пријателскиот натпревар меѓу женските фудбалски репрезентации на Чиле и Венецуела кој заврши со победа на гостинките 0-1 на кратко беше прекинат откако некое залутано куче реши да влета на терен за да го погалат.

Стефан Ристовски: Кој е следен моја жална Македонијо?

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација реагираше на Инстаграм по повод новите случувања во РК Вардар кој е исклучен од Лига на шампиони и е во потрага на пари за да обезбеди иднина. Првиот човек на клубот Михајло Михајловски денеска соопшти дека побарале спонзорство од 37 компании.

Секој голман би посакал барем еднаш ваква радост во напад

Екипите не ви значат ништо, бидејќи во прашање е третолигашки фудбал во Норвешка. Поентата е да видите што направи јунаков во 95-та минута за израмнување.

Ѕидарот што дојде во Јувентус како наследник на Кјелини

Жесток изглед со свиреп израз на лице и Вотсап статус „Јас последен ќе умрам“. Ова не е опис на Џорџо Кјелини, вечниот фајтер на Старата дама, туку илустрација на Федерико Гати, нов касапин кој го наследува славниот Џорџоне во одбраната на Јувентус и на Италија.

Еве сме со Халанд на плажа да поиграме фудбал, па ќе видиме

Најголемата ѕвезда на трансфер преодниот рок, норвешкиот ѕвер Ерлинг Халанд кој премина од Борусија Дортмунд во Сити за преку 75 милиони евра, во моментов ужива на плажа на Мајорка каде се заиграл слободно фудбал со некои присутни дечки.

Како тоа црвен картон за физиотерапевтот?

Утрово ни тргна со необични фудбалски сцени. Во Африка газда на клуб му удри бокс на судијата бидејќи израмниле гостите, а во Америка физиотерапевтот на Филаделфија доби црвен картон затоа што турнал играч на Њујорк. Коментатор вели дека прв пат гледа вакво нешто, а и ние богами.

Ова го има само во Африка

Претседателот на Кано незадоволен што гостите израмниле, му влегува на линискиот судија со бокс. Како одговор на тоа, судиите го поништуваат голот за да се вратат дома читави. Самоволие кое го има само во најбофал лиги како што е очигледно нигериската.

Има ли јунак кој би му бранел еден на еден после овој клип?

15 пати го изгледавме за да сконтаме што му направи. Јасно ни е (веројатно), ама никогаш нема да ни стане јасно како да го повториме, тоест да се обидеме да го повториме.

Анегдотата на Зидан кој за трансферот во Реал се договарал со Перез преку салфетки

L’Equipe објави интервју со еден од најголемите уметници со топка, кој синоќа наполни 50 години. Се наврати на 2001-ва кога го направи трансферот во Реал кој му фалел во кариерата како предизвик, а раскажа и колку му било тешко да го повтори успехот во ЛШ, како тренер.

Па каква мајка си ти?

Мајка Јап Стам, која не им се дава на машките на фудбал и по цена на детето.

На Бруно му прекипе, па им се сипа на двајца соиграчи од Манчестер Јунајтед

Португалскиот ас им се пушти на двајцата бразилски репрезентативци Фред и Алекс Тељеш зошто повеќе се снимале отколку што мислеле на фудбал.

Пред 20 години падна последниот мундијалски златен гол вреден полуфинале за Турција

Светското првенство 2002-ра на Турците ќе им остане вечно во срце. За тие што можеби не знаат, завршија трети, што е многу тешко да го повторат. Имаа јаки играчи како Хакан Шукур, Емре Белозоглу, Окан Бурук, Хасан Шаш, Нихат Кавечи, Умит Давала. Во осминафинале ја минаа Јапонија, а во четвртфиналето против Сенегал, го постигнаа последниот златен гол кој потоа беше укинат како правило. Го даде Илхан Мансиз во 4 минута од продолженијата. Во полуфинале беа елиминирани од Бразил, но го добија мечот за трето место против Јужна Кореја.

Дошол Галијани во куќата на Интер, приемот очекуван

„Не ме примаат зошто сум миланиста“, вели стариот лисец кој во домот на Интер дошол да преговара за двајца фудбалери кои би ги довел во Монца на која со Берлускони ѝ го овозможија првиот историски пласман во Серија А после 100 и кусур години.

Кога Џани асистира, пасот е мајсторски

Македонскиот репрезентативец му даде топка со очи на Карлос Едуардо на дуелот против Ал Раед кој неговиот тим го загуби со 3:1. Со овој пораз Ал Ахли е блиску до испаѓање, а Алиоски кој сезонава бележи 6 голови и 8 асистенции, по само една сезона во Саудиска Арабија, веројатно ќе се спрема за нов трансфер. Се шпекулира дека ќе оди во Трабзон.