Фудбал

Ти мислиш да играш фудбал или ќе ја пењавиш во место?

Фрустрирачки е кога губиш 4:0, па уште и да гледаш како противникот си игра мајтап, со понижувачки однос. Фудбалерите на Сантос не можеа повеќе да го толерираат Адсон од Коринтијас кој по високото водство ја гњавеше топката, па му се сипаа.

Големи градови кои никогаш немале прволигаш, тука е и еден македонски

Саранда со отприлика 20.000 жители, Добој со 71.000 жители, Радовиш со околу 16.000 жители, Панчево со 90.000 се само некои од градовите во Европа кои никогаш немале фудбалски прволигаш. Има градови и со по 214.000 и 188.000 жители кои никогаш не виделе прволигашки фудбал.

Пад на Македонија на ранг листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација падна две места на најновото рангирање на ФИФА, објавено денеска.

Даде гол од преку пола терен на дерби и го фрли стадионот во транс

Во дербито на колумбиското првенство, Атлетико Насионал со 3-1 ја совлада Депортес Толима. Од трите гола, вториот кој падна во 71’ минута беше чудо невидено. Јерсон Кандело од преку пола терен го изненади гостинскиот голман и го распали цел стадион.

Мајсторски и многу паметен потег на Хулк еден на еден со голман

Атлетико Минеиро го совлада Фламенго со 2:1 во осминафиналето од Купот на Бразил. Уште по 7 минути игра, Хулк ги збесна навивачите со ретко виден лоб. На голманот нема да му текне друг пат да прави вакви излети.

Како изгледа сонот за секој колекционер на дресови?

Да влезе тука, со можност да го остават едно две недели.

Одбрана ќе играат Шутало и Шутало

Динамо Загреб успеа потајно без голема помпа да го доведе најголемиот хрватски талент во моментов, младиот стопер Бошко Шутало од Аталанта за 3 милиони евра. Интересно, во тимот на нашите Ристовски и Адеми веќе игра еден друг фудбалер со презиме Шутало. И Бошко и Јосип Шутало се стопери. И двајцата се високи 1.88 см, двајцата ги почнале кариерите во ФК Неретва, а немаат никаква роднинска врска.

Генијалниот лоб на Меси од шест агли

Од 672 комада постигнати за Барселона на сите натпреварувања, секогаш ќе биде тешко да се состави најатрактивна компилација. Ако треба да бираме меѓу лоб ударите, нека биде оваа мајсторија меѓу најдобрите, ако не и најдобра. Сезона 2018/2019 против Бетис, со одличен коментатор и музика за морници. Едноставно најнормално е секој голман да биде неспремен на каков брилијантен потег на прва.

Некој има нешто против одморот на Тер Штеген?

Лоши страни: Нема море и плажа. Добри страни: УЖИВА.

Роналдо стариот и дебел ќе те суреди еден на еден

Да видиме како на 45 години дрибла двократниот светски првак со Бразил и два пати освојувач на Златната топка. Ги има и техниката и потезите по кои беше препознатлив, без разлика што не може да си ја среди линијата. Каква легенда.

Мамиќ до Уставен и Врховен суд: Вие се најлоша колера и полоши сте од земјотрес, корона, птичји и свински грип

По една година пауза, Здравко Мамиќ закажа прес конференција на која во негов стил, како бегалец од Бих, го отера по ѓаволите цело хрватско правосудство до седмо колено. Насловот е само мал дел од неговиот арсенал на напади и вулгарности.

Бомбастичен шут за еврогол на ѕвезда на Бока

Во 4. коло од аргентинската Примера дивизион Бока продолжи со добрите игри и со 1-3 го совлада Сентрал на гости. Домаќините прв ги начна Себастиан Виља со невозможен шут во 42’ минута.

Роналдињо го има осетот и на 42 години, на ревијален меч направи шоу

Во Мајами на стадионот на новиот клуб Интер чиј сопственик е Дејвид Бекам, се одиграл ревијален натпревар: Тим Роналдињо против Тим Роберто Карлос. На куп собрани големи фудбалски имиња.

Алармантен твит за тоа каде оди фудбалот

Под новиот формат кој УЕФА веќе го усвои и треба да стапи на сила од сезоната 2024/2025, ќе има дури 64 повеќе натпревари во Лига на шампиони (од 125 сега до 189 тогаш). Ќе има 48 повеќе дуели во Лига Европа (над 141) и 12 повеќе средби во Конференциска Лига (од 141 на 153). Севкупна бројка од 531 натпревари во една сезона. Што е многу многу е. А никој не ги прашал навивачите за ова.

Неповторливиот дуел на Видал кој се истепа со теренот на Реал Мадрид

Некои фудбалски сцени се уникатни и непоновливи. Налетавме на еден циркузантски момент од ЛШ, кога Артуро Видал направи салто и ископа нафта на Бернабеу.

Дечки собрани од пивница, сега ќе играат квалификации за Лига Конференции

Еден анонимен клуб од Гибралтар, основан на шала и смеа од група другари кои излегувале во истоимениот бар, обезбеди пласман во 1. коло од предквалификациите во УЕФА Конференциска Лига.

Садио Мане играше во кал во своето родно село: „Не ми треба жена која виси по социјални мрежи“

Најголемата ѕвезда на Ливерпул и најсакан африкански фудбалер, Садио Мане одигра фудбал во своето родно село Бамбали. Играше на игралиште по дожд и кал, но тоа не му сметаше да ги израдува неговите соселани.

Кој пие на аут не мисли

Додека за време на прекин играчите се освежуваат со студена вода, еден стар, искусен линиски судија се освежува на свој начин.

Е Донарума, Донарума, јавноста памти повеќе

Голманот на Пари Сен Жермен и репрезентацијата на Италија се најде на удар на италијанската јавност откако по дебаклот со Германија на кој направи голем кикс, арогантно со прашање одговори на една водителка: „Грешки? Кои грешки, кога се случило? Со Реал Мадрид под фаул? Ако сакате да правиме полемика од ова, ќе правиме“

Најјакиот колекционер на дресови од Серија А е од Шкотска

Неил Андерсон за себе вели дека е навивач на Абердин и колекционер на дресови од Италија. Чуден спој. Ако има некој Италијанец вакво богатство дома, нека ни пише.

Стара, ама многу јака преписка меѓу Ибра и Рамос

Не паѓаат секој ден вакви муабети на Твитер меѓу големите фудбалски имиња, па затоа одиме со едно не баш далечно ретро, а тоа е финалето од ЛШ меѓу Реал и Ливерпул 2018-та. Тепаа кралевите со 3:1, ама тепаше и Рамос во негов стил и ако се сеќавате во еден момент рамо му исчаши на Салах. Потегот го искоментираа и од Европската џудо унија, а исто и Златан, дрско во свој стил. Серхио му го спушти елегантно.

Каков е клубот Фатих Карагумрук каде Пирло стана нов тренер

Андреа Пирло ја продолжува тренерската кариера на неочекувано место. Добил супер понуда која не се одбива од турски Фатих Карагумрук. Според Corriere dello Sport, некогашниот тренер на Јувентус ќе добива 1,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Кој е поголем трошаџија: Пеп или Клоп?

Познатиот твитер акаунт Свис Рамбл, посветен на хируршки прецизни статистички податоци од светот на фудбалот, излезе со најнова пресметка за тоа кој тренер троши повеќе, оној на Ливерпул или оној на Манчестер Сити.

Приклучете се да си поиграме со редарите

Немој некој да рекол дека му здосади секој ден Лига на нации. Имаш дерби Германија - Италија со резултат 5:2, па детски брканици за пукање сеир. Него зошто редарите се скоро секогаш толку спори?