Фудбал

Најгласниот навивачки хор се наоѓа во Мароко

Ако сте на слушалки, појачајте го звукот, ама не до крај за да не ви се оштети слухот. Раја Казабланка од Мароко кој во 21 век е најтрофеен клуб со 14 трофеи, има посебни навивачи со невидена фудбалска страст.

Костарика оди на Светско првенство благодарение на одлична работа со ВАР

Последната триесет и втора репрезентација што се избори за учество на Мундијал 2022 во Катар е Костарика. Костариканците во интерконтинентален бараж го совладаа Нов Зеланд со 1-0. Благодарение на одлични судиски проценки по гледање ВАР, се избегнаа контроверзи.

Има ли место во театар за Хари Кејн?

Хари со право важи за Топ5 шпиц во цела Европа. Растура со голови и за Тотенхем и за Англија. Во репрезентацијата му фалат уште три гола да го надмине Вејн Руни на вечната листа голгетери. Ама против Унгарија и тој се вклопи во целото сивило. Кај изгубија 0-4 и го претрпеа најтешкиот пораз во последните 94 години, кај проба да глуми пенал и се обрука.

Шамар каков што Англија одамна не добила, Унгарија им го оцрвени образот

На 12 средби во вторникот во Лига Нации имаше крајно луди резултати, како и од почетокот на новото издание на овој турнир. Германија ја расканта Италија 5-2, а Унгарија ја понижи Англија среде Англија со 0-4 на неколку месеци пред стартот на Светско првенство.

Германците си играа мајтап на прва со европскиот првак

Двата светски фудбалски гиганти кои ги тепавме на гости во рок од една година, приредија голеада во Лига на нации која и припадна на Германија. Италијанците понижени.

Па невозможно е ова што го стигна Ноер

Само три дена откако ја спаси Германија од пораз во Будимпешта, неприкосновениот Мануел Ноер правеше чуда и против Италија. Имаме две луди одбрани, првата најлуда на свет.

Шпанците направија драма во студио зашто Модриќ му го побарал дресот на Мбапе

Ако човек не разбира шпански, а на видеото нема превод на англиски, некој ќе помисли дека Модриќ го избодел Мбапе со нож. Па само музиката да ја чуете во позадина, смак света. Инаку случајот во шпанска серија го претвора водителов со мала помош на Гути, кој во еден момент се додава дека тој дрес треба да го запалат.

Кога ти е досадно во школо

Професорот по математика објаснува за синус, косинус, тангенс, котангенс, а ти се правиш дека го слушаш и фаќаш белешки на свој начин.

Спектаклот на Градски со Панчев и Пикси во чест на југословенската титула на Вардар

ФК Вардар денеска одбележува 35 години од освојувањето на прочуената титула во југословенскиот шампионат. Успех кој беше мотивација за јунаците 15 години подоцна да организираат незаборавна вечер во Скопје и тоа сами.

Модриќ: „Ова што ни го направија е нехумано и ненормално“

Хрватската фудбалска репрезентација ја совлада Франција 0-1 среде Париз, ја забележа првата победа во историјата против светскиот шампион со кого имаат многу меѓусебни дуели и ги закова „триколорите“ на дно на табелата во Лига Нации.

Канаѓани му лупаа на судијата на врата како во селска трета лига

Фрустрирани од поразот 2-1 од Хондурас во КОНКАКАФ Лига Нации турнирот каде Хондурас сега е прв во групата со 6 бода а Канаѓаните имаат само 6, фудбалерите кои неодамна како први од Северна Америка се пласираа на Светско првенство, со сета сила удираа по вратата на судиите незадоволни од нивното судење.

Луд голман ја носи Австралија на Светско првенство преку пенали

Австралија е уште еден учесник на Мундијалот 2022 во Катар, 31-ва репрезентација која обезбеди пласман. Австралијците на пенали 5:4 во интерконтиненталниот бараж го совладаа Перу.

Стигнуваат нови промени во фудбалот, за измени, за нов офсајд, голманска позиција

Највисокото судиско тело на светот, IFAB, се состанува во понеделник со цел да ги одобри и воведе новите промени во фудбалот.

Матеус до Матеус со прекрасна петица на колото

На турнирот Еспирито Санто на кој играат млади фудбалери до 20 години, има фантастични таленти. Еден од најголемите е Бразилецот Матеус Нашименто кој на мечот со Уругвај имаше асистенција како неговите повозрасни колеги Роналдињо, Роналдо, Денилсон и Ривалдо.

20 години од брилијантниот потег на Едмилсон на Светско

Се сеќавате ли на овој подзаборавен лик кој играше за Бразил во време на Роналдо, Ривалдо, Роналдињо? Освои ЛШ со Барселона во 2006. На денешен ден на СП 2002 против Коста Рика, Едмилсон изведе акробативно ремек дело во стилот на Ибра и тоа остана негов единствен гол за репрезентација на 39 настапи.

Објаснување зошто Мбапе не отиде во Реал Мадрид

Иако навивачите на европскиот шампион самоуверено и надмено уште од февруари/март месец тврдеа дека работата околу најдобриот млад напаѓач на светот е веќе готова и завршена работа, сепак Килиан одигра поинаку и остана во ПСЖ кој реши да го злати со злато и вреќи пари.

Сити на мангупски начин го претстави Халанд

Најголемата и најперспективна норвешка фудбалска ѕвезда потпиша верност со Манчестер Сити на 5 години и тоа на истиот датум како потпишал неговиот татко, Алфи Халанд пред 22 години. На клубот му текна како да го претстави, а тоа да биде кратко и едноставно, без многу перипетии.

Перу игра бараж за Светско, прогласен неработен ден, шаманите прават ритуали

Владата на јужноамериканската земја решила понеделник 13. јуни да биде неработен ден. Целата нација сонува пласман на Светско првенство, а за такво нешто ќе треба да се победи Австралија вечерва.

Феноменалната контрола на Асенсио за учебници

Со головите на Солер и Сарабија, Шпанија ја победи Чешка 2-0 и се издвои на прво место во групата 2 од Лига А во Лига Нации. Играч на мечот беше Марко Асенсио со неколку феноменални потези. Како на пример овој прием на топка и асистенција.

Македонија рутински ги реши аматерите од Гибралтар

Македонската фудбалска репрезентација уште во прво полувреме го затвори најлесниот меч во групната фаза од Лига на нации. Конечниот резултат е 4:0, односно убедливата предност која ја стекнаа уште по првите половина час игра. Милевски им даде шанса на четворица дебитанти.

Велемајсторија на Барди од слободен удар

Само 4 минути и беа потребни на Македонија да го најдат патот до голот против аутсајдерот Гибралтар. Поатрактивно не можеше да биде. Уживајте во атракцијата на специјалистот за слободни фрлања, Енис Барди.

Ноер со гимнастичарски потег ја спаси Германија во Будимпешта

Германците како да се претплатени на резултат 1-1. Дури четврти пат по ред, а трет во Лига Нации завршуваат натпревар со поделба на бодови 1-1. Така беше и против Италија, и против Англија и сега против Унгарија во Будимпешта. Ама да не беше капитенот Ноер, трите бода ќе останеа во Будимпешта.