Фудбал

Јунус од каде ја извади левицава?

Погледнете какво голчиште падна во Куп натпревар во Турција и тоа меѓу четвртлигаши. Како ли успеа толку прецизно да го погоди ќошот на аголот и потоа таков необичен пад да фати топката? Еднаш во кариера се дава ова.

Италијанец го имитираше Роналдо, па заврши на ренген

Маалската будалаштина се случува во градот Козенца во јужна Италија, траума која на крај мораше достојно да се излечи.

Koј е Шешко, детето по кое урлаше словенечкиот коментатор?

Го споредуваат со Халанд, бидејќи имаат слична конституција, координација, инстинкт и сличен пат и велат дека веќе излегол од неговата сенка. 

Студениот туш на Бугарија на Градски кога дојде како четврта во свет

Сурфајќи периодов на оваа тема, ни излезе видео кое не можевме да не го споделиме. Треба да знаат помладите дека Бугарите предводени од легендарниот Христо Стоичков, на Мундијалот во САД 1994 стигнаа до сензационално полуфинале и како такви ги совладавме во Скопје.

Што сè нема да види човек во Африка

Вакви трикови може да се видат само и само на црниот континент каде фудбалот се игра со голема веселба.

Данците ќе играле на Светско во црни дресови од жал за човекови права

Дискусиите, нападите и борбата за човекови права против организаторите на Светското не стивнуаат.

Ај па да го видиме мајсторов на подиум за Пушкаш наградата

Чудесијата од гол ни доаѓа од нисколигашкиот фудбал во Боливија. ФИФА бери памет. Ова мора да се награди некако.

Фудбалери од Италија го прославија голот во кола

Катанѕаро ја победува Месина со 3:0 во меч од Серија Ц и во еден момент се случува веројатно досега невиден начин на прослава на гол во историјата на фудбалот. 

Јохан Кројф да беше жив да ја види акцијава на Холандија

Мирно, трпеливо, 1 минута ја градеа со 20 додавања за на крај да ја завршат како што ја почнаа, со мозок. Видеото е против Полска која ја совладаа на гости 0:2 и ја завршија групата со 16 бода од можни 18, каде беа уште Белгија и Велс. Фантастично одиграно.

Чудните коментари на коментаторот на РТС

Александар Аца Стојановиќ веќе подолго време е главен уредник на спортската редакција на РТС а воедно и водечки фудбалски коментатор на српската државна телевизија. Тој повеќе од десет години работи преноси а голем дел од гледачите го одбиваат неговиот стил на коментирање.

И ко ќе ги местите прскалките, гледајте да не направите бербат на терен

Ширум светот деновиве се одиграа еден куп фудбалски натпревари, што во Лига Нации, што пријателски средби како подготовка за Мундијалот во Катар. На еден таков меч, Јапонија и Еквадор во Германија, на Меркур Шпил Арена во Дизелдорф одиграа без голови. Мечот дури три-четири пати бил прекинуван поради тоа што на сред игра се активирале прскалките на теренот.

Дојди кај чичо на една воспитна за да ви тргнат пеналите

Селекцијата на Израел за играчи до 21 година ја доби Ирска на пенали и се пласираше на ЕП У-21. Селекторот им беше бајаги наапан, до таа мерка што се реши да додели шамар на еден од своите играчи. Некои медиуми ова го нарекоа дека е мега скандал, а тој одговори дека тоа го сторил од љубов.

Костас Манолас се стресе на промоцијата на новиот клуб поради лав

Познатиот дефанзивец кој играше за Рома и Наполи, после кусиот престој во Олимпијакос се реши за авантура во Обединетите Арапски Емирати. Се работи за клубот Ал Шарџа кој со Костас ангажира трето звучно засилување после Миралем Пјаниќ и Пако Алкасер. На промоцијата не мина баш опуштено.

Што тоа се случува во Иран и зошто најдобриот играч кренал бунт пред Светско?

Од 16-ти септември во Иран се одржуваат протести. Повод за општествена бура станала веста за смрттта на младата 22-годишна Махша Амини, приведена во полиција поради „неправилно носење хиџаб“ во Техеран. Студентката паднала во кома во полициската станица а после три дена починала во болница.

Волеј на вечерта што ги фрли во транс Колумбијците и коментаторот

На пријателска средба во рамки од подготовките за Светско првенство, Мексико и Колумбија одиграа меч со 5 гола во Санта Клара (САД). На преполн стадион пред околу 70.000 гледачи, Колумбијците славеа 2:3 и тоа со чудесниот гол на Вилмар Бариос.

Србите го кренаа Пикси во вис, а тој па му најде прекар на Митро

Селекцијата на Србија предводена од легендарниот Драган Стојковиќ игра како по ноти. По триумфот над Шведска од 4:1, во директен дуел за првата позиција ја доби Норвешка во Осло со 0:2. Стрелци на головите Влаховиќ и Митровиќ кој стигна до гол број 50 за Србија.

Гол шоу на Меси со два комада за три минути

На неутрален терен, на Ред Бул арената во САД, Аргентина водеше 1:0 на пријателски дуел против Јамајка. Меси влезе во игра во 56-та минута и за 3 минути покажа кој е дојден на гости во Њу Џерси. 10 гола и 8 асистенции на последните 13 меча за дечкото кој има 35 години. Во моментов има 90 гола за Аргентина, далеку пред вториот кој е пензиониран, а тоа е Габриел Батистута со 55.

Химната на Бразил исвиркана во Париз, Ришарлисон гаѓан со банана

Еден ден после мечот во Скопје, извиркување на национална химна се случи и на Паркот на принцовите каде Бразил на пријателска го декласираше Тунис со 5:1. Маркињос како член на ПСЖ, климаше со главата и не можеше да поверува што доживува на стадионот каде игра скоро 10 години. Навивачите на Тунис освен што ја свиреа химната, го гаѓаа Ришарлисон со банана.

Падна евроголот на сезоната во Лига на нации, го даде 19 годишен Словенец

Шведска и Словенија одиграа 1:1, во натпревар кој немаше големо резултатско значење, но затоа ќе остане запаметено ова ремек дело на 19 годишниот Бенџамин Шешко кој настапува за Салцбург. Коментаторот го спореди со оној на Марко ван Бастен, постигнат на ЕП 1988.

Решавачката битка на Југославија против Бугарија и прославениот коментар „Људи мои, је ли то могуќе?“

Спомнете му го мечов на фудбалски југоносталгичар и ти сецка салата со ракија, одма на лице место. Плус кога ќе се сети кој коментираше, нема станување.

Топката не ја нагазија како што треба, ама химната ја изгазија

Со самиот факт што Македонија успеа да победи земји како Германија и Италија, да се носи и надигрува со посилни репрезентации, а и да стигне до Европско, овие момци имаат обврска да го одржуваат реномето на репрезентацијата на исто, па и на подобро ниво. И секогаш да играат со иста сраст како што ја пејат химната.

Јако друштво на фудбалски легенди за мечот на Македонија против Бугарија

Дел играа во Бундеслига, еден во Премиер лига, потоа имаме европски првак, а тука е и стрелецот на првиот гол на Македонија. Она што ги поврзува е што сите го носеа дресот на македонската репрезентација.

Кој ли смислува вакви работи?

Поранешниот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид, Луис Фиго, бил учесник на еден настан организиран од корпорацијата Mastercard која организирала фудбалски меч во воздух на висина од 6.166 метри надморска висина во практично невозможни услови. За овој експеримент бил монтиран и терен од 75 квадратни метри. Фиго дал гол на овој меч за кој не знаеме што да мислиме.

Пусти Мегваер и за репрезентација ја оплеска во шеснаесетник

Англија и Германија одиграа спектакуларно реми од 3:3 и сите голови паднаа во второто полувреме. Хари Мегваер на ниво, како за Манчестер Јунајтед, така и за репрезентација. Погледне го што направи генијалецот од 87 милиони евра.