Фудбал

Кој е јунакот кој го прослави Мароко?

Репрезентацијата на Мароко одигра одлична групна фаза и заврши прва во група пред силните Белгија и Хрватска. Во осминафиналето на пенали ја урнаа и големата Шпанија, а херој на бајката беше голманот на Мароканците Јасин Буну.

Љоренте понижен до даска во дуел со Мароканец

Ако треба да бираат најјак дриблинг на првенството, тоа нека биде оној на Буфал кој си поигра со Маркос Љоренте, како со мало дете. Тешко дека некој шпански репрезентативец до волку наседнал на Светско.

Реакцијата на Роналдо кога требаше да влезе на решен меч

Со изоставувањето на најголемата ѕвезда од стартните 11, селекторот на Португалија Фернандо Сантош направи многу смел потег кој сигурно на големо ќе се коментира и ќе се пофали со оглед на резултатот. А како тоа го поднесе самиот Роналдо, само тој си знае. Темата во медиумите и социјалните мрежи е неизбежна: Јасно ли му е дека селекторската одлука беше ептен од корист за сите или не му е по ќеиф?

Леао е претплатен само на мајсторски голови

Опасно делува оваа селекција на Португалија. Ја потопи Швајцарија 6:1 со Роналдо и Леао на клупа. Ѕвездата на Милан влезе во 87-ма минута и направи соло масторија за спектаклот да биде уште поголем.

Португалско гол шоу за дебакл на Швајцарија, падна и првиот хет-трик

Селекцијата на Португалија во голем стил ја заокружи осминафиналната фаза на Мундијалот во Катар, откако ја декласираше Швајцарија со 6:1. Играч на мечот е 21 годишниот Гонсало Рамос кој експлодираше со незаборавно мундијалско деби: Три гола, за прв хет-трик на ова Светско.

Неверојатното промашување на Шпанците во 123 минута вредно четвртфинале

Пабло Сарабиа е човекот кој ќе сака што побрзо да го заборави ова Светско првенство. Тој е еден од тројцата репрезентативци на Шпанија кој промаши во пенал серијата, а на само неколку секунди до финишот на продолженијата утна зицер и ја погоди стативата, без никој да му смета.

Историско четвртфинале за Мароко, капитулација на Шпанија на пенали

По шестмината фаворити кои успеаа да ја минат осминафиналната фаза во Катар, селекцијата на Шпанија е прва од рангот на тие селекции која заминува дома предвреме. Шпаниците се посрамотија од белата точка и не успеаа да погодат ниту еднаш.

Здравко Мамиќ за успехот на Хрватска

Веќе неколку години се води како бегалец во БиХ, но кога ќе се изјасни за некоја фудбалска тема, влече еден куп внимание. Скоро 20.000 лајкови и 1.000 коментари собра неговиот последен статус.

Корејскиот голман проба со маалска финта да брани пенал

Бразил - Јужна Кореја 4:1. Првиот гол на мечот го даде Винисиус во 7’ минута а набрзо во 13’ минута од пенал Нејмар зголеми на 2-0.  32-годишниот корејски голман Ким Сјонг-гју кој брани во арапскиот клуб Ал Шабаб, проба да го дефокусира Нејмар со тоа што цупкаше во место до едната статива.

Пенал во српска селска лига кој судијата е пишман што го досуди

Од Катар се селиме во војводинската фудбалска лига Север, четврта по ранг. Судијата досуди пенал кој веројатно само тој го виде, а потоа играчите на ФК Младост Турија реагираа како што обично се реагира на таквите, секогаш ризични средби, за тој што ќе се обиде да дели правда.

Шпанскиот селектор Енрике каков што не го знаете: сурфер, маратонец, триатлонец со 250 км преку Сахара

Шпанската фудбалска репрезентација попладнево ја чека тежок испит. Во осминафинале на Светското играат против разгоропадениот Мароко кој заврши прв во група пред силните Белгија и Хрватска. Селекторот Луис Енрике има спремна, млада, желна за победи екипа.

Возбудата на Хрватите со српски, босански и хрватски коментатор

Разликата е повеќе од јасна и евидентна, кој на кого му стало за Хрватска да оди во четвртфинале.

Емоции, солзи и возбуда до небо за деби голот на бато Винисиус на Светско

Пред три години дебитираше за сениорскиот тим на Бразил. На 24 март годинава го постигна првиот гол на Маракана против Чиле на квалификациски меч за Светско. 22 годишната ѕвезда на Реал Мадрид синоќа почуствува што значи да се даде гол на Мундијал. Брат му плачеше од радост.

Едно историско фото за величината на Пеле

Во деновите кога неговиот Бразил игра прекрасен фудбал и јуриша кон нова, рекордна, шеста светска титула, 82-годишниот Пеле се бори со сериозни здравствени маки. Во негова чест бразилските фудбалери и навивачи по големиот триумф од 4:1 над Јужна Кореја, држеа банер со неговиот лик.

Бразилскиот селектор е класа: го стави резервниот голман во 80-та минута од почит

Атмосферата во бразилската фудбалска репрезентација, најтрофејна селекција на светот, е прекрасна. Доказ за тоа е и потегот, гестот кој го направи селекторот Тите во финишот од мечот со Јужна Кореја.

Роналдо го имитира Ришарлисон

А по тоа и Ришарлисон во стилот на Родриго ги подмачка нозете со шампионска маст.

Инцидент во Катар, Самуел Ето му влезе на снимател со нога во глава

Легендарниот камерунски напаѓач кој со Пандев ја славеа тројната круна во Интер, се посрамоти на Светското за сите пари. Прво се сликаше со група навивачи, а во еден момент нападна снимател и му влезе дрско со колено во глава. Не можеа да го задржат.

Селекторот на Јапонија им се поклони на навивачите за поддршката

Ако некоја земја има посебен стил и начин на однесување, тоа сигурно е Јапонија. Освен што одржа фудбалска лекција на многу поголеми селекции, држеше разни часови и по култура.

Бразил е страшен - фудбалска самба за четвртфинале

Сè почести се констатациите меѓу гледачите дека Бразил не бил вака силен во својата историја. Состав од кој стравува секој ривал. „Кариоките“ вечерва за 36 минути до врв ја наполнија мрежата на Ј. Кореја. 4-0 од шега како на тренинг.

Мундијалската коинциденција на португалскиот селекторот на Јужна Кореја

Од славната генерација на Португалија предводена од Фиго, Руи Коста, Консеисао, Нуњо Гомеш, можеби малку подзаборавен лик е Пауло Бенто. Пред 20 години како репрезентативец на Португалија остана без пласман во нокаут фаза поради домаќинот Јужна Кореа, а 20 години подоцна ја победи својата земја и стигна до нокаут фаза, како селектор токму на азиската селекција.

Панчев: Неопходна е промена во балканскиот менталитет, Пикси треба да остане уште најмалку 4-5 години

„Никако да не фрламе дрва и камења по тимот, на работата на тимот. Зарем секоја втора година ќе го менуваме селекторот? Сè она што се случи во Катар, ќе има прилика да се поправи и да оди во историјата. Капацитетот на Србија на СП беше значително поголем од она што беше демонстриран“.

Уникатно видео со Пеле и наследниците

82 годишната фудбалска икона кој лани беше опериран од тумор и кој повторно се наоѓа во болница, доби голема поддршка за што побрзо заздравување. На трикратниот светски првак некој седнал сериозно да му ја анализира играта до степен да го заклучи следново: Пеле го предвиди секој мајсторски потег во светот на фудбалот.

Кои се најважни рекорди на сите Светски првенства?

Во натпревар од 1/8 финале против Полска, Килијан Мбапе направи шоу: му асистираше на Жиру, а во вториот дел даде и два убави гола, со што стана прв фудбалер кој постигнал 9 гола на Светски првенства до 24 години.

Фасцинантните бројки на Килијан Мбапе во репрезентација

Франција за сега ја оправдува титулата актуелен светски шампион. Триколорите предводени од одличните Мбапе, Жиру и Гризман фатија одличен залет за завршницата. Следен предизвик им е Англија.