Фудбал

Две ѕвезди од Премиер лигата стануваат соиграчи на Алиоски и Велковски

Се шири европската колонија во Саудиска Арабија со звучни фудбалски имиња од најсилните лиги. Последните двајца се од Манчестер Сити и Ливерпул.

Лоб на Жезус ала Меси, страшен пас на Одегард и деби гол на Хаверц

Засилените Топџии тргнаа убедливо уште на подготовките пред новата сезона која ја стартуваат за три недели. 5:0 ги декласираа ѕвездите на МЛС со убавина од потези и голови.

Да не ви се гледа епското мундијалско финале на Твитер?

Поминаа седум месеци, а ко вчера да беше. Катар 2022, најкритикувано Светско, а можеби најдобро или едно од најдобрите со најјако и најстресно сценарио во финале по кое се оди на кардиологија. 2:0 за Аргентина во прво со головите на Меси и Ди Марија, па 2:2 во рок од 2 минути, дело на Мбапе. За да продолжи драмата во продолженијата, се погрижија Меси и Мбапе во 108 и 118 минута. На крај 4:2 на пенали. Многу лудо финале и незаборавно.

Каи Хаверц 0/15

Арсенал летово се засили многу. Во клубот дојдоа скапо платените ѕвезди Деклан Рајс од Вест Хем кој влезе на листата Топ10 најскапо платени фудбалери на светот како и Каи Хаверц кој доаѓа од главниот ривал Челси. Хаверц на турнејата на Арсенал во САД синоќа бил „хит“ со промашени 15 обиди да даде гол на турнирот МЛС Ол Старс.

Голчиште од паркинг

Во 2. коло од парагвајската лига Клаузура, Насионал и Такуари одиграле 1-1. Гостите први дошле во водство со неверојатниот гол на Хорхе Ортега од пола терен.

Првиот тренинг на Меси за Интер Мајами

Светскиот шампион првпат тренираше со новите соиграчи со кои се запознал пред неколку дена. Тренирал и Серхио Бускетс. Навивачите на Интер Мајами ќе можат да го видат величествениот Лео во ноќта меѓу петок и сабота кога треба да дебитира за тимот од Флорида во таканаречениот Лига Куп за тимови од САД и Мексико.

Купишта навивачи во битка за автограм од Елмас

Летниот распуст не трае долго за фудбалерите кои веќе се на строј во базите на клубовите. За точно еден месец Наполи игра против Фрозиноне на гости во првото коло од новата сезона во Серија А. Шампионите се фатија за работа.

Најголемите трансфери од Серија А летово

Преодниот рок во Италија е отворен од 1-ви јули до 1-ви септември. За сега италијанските клубови направија неколку големи појдовни и дојдовни трансфери, а се очекува да има уште договори.

Ал Наср демолиран од Селта Виго, Роналдо со еден вреден потег

На стадионот Алгарве во Португалија каде што тимот на Роналдо Ал Наср се подготвува за новата сезона, Селта Виго победила 5:0 во пријателски меч. Брозовиќ дебитирал, Кристијано одиграл 45 минути и имал една голема шанса за гол и еден добар потег со раме.

„Верноста“ на Лукаку - од дете е за Манчестер, Интер и Челси

Веќе подолго време се зборуваше а од летово е и јасно дека Ромелу Лукаку никако да фати ориентир во кариерата, па додека преговарал да остане со Интер, зад грб се договарал и со Јувентус, најголемиот ривал на нераѕурите кои кренаа раце од него.

Ви текнува ли на Оскар Кардозо? Ене го на 40 години растура со голови

Одамна беше кога високиот Парагваец Оскар Кардозо беше еден од најдобрите центарфори на светот. Се изнадава голови во Њуелс Олд Бојс, после стана миленик на навивачите на Бенфика каде постигна неверојатни 112 гола на 175 меча, а растураше и во Трабзонспор и кратко во Олимпијакос. Веќе неколку години е во татковината каде игра за родниот Либертад.

Сите киксови на Онана кои изгледа не ги виделе на Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед му плати на Интер 50+ милиони евра за камерунскиот голман Андре Онана кој се сели на „Олд Трафорд“. Договорот му е до 2028-ма година. Во дресот на Интер на 41 меч прими 31 гол и на 19 натпревари ја сочувал мрежата. Ама има и слаби страни.

МЛС го пречека Бускетс со слика од Арбелоа

Синоќа во Мајами клубот Интер ги претставил двете најголеми засилувања, Лионел Меси и Серхио Бускетс, двајца другари уште од Барселона. Па и админот на МЛС лигата на Твитер да не остане покус, да го промовира Бускетс, објавил слика од Алваро Арбелоа. Му личел на Бускетс.

Најскапо платени играчи во историјата, меѓу нив и Мегваер

Летово 2023 на листата Топ 20 најскапо платени фудбалери во историјата влегоа две нови имиња. Џуд Белингем кој дојде за астрономска сума во Реал Мадрид „падна“ од 13. на 14. место а место меѓу најскапо платените добива и Деклан Рајс кој оди во Арсенал за страшни 116,6 милиони евра!

Меси претставен во Мајами, полн стадион дојден за него на дожд

Интер Мајами за кратко време го прошири капацитетот на својот стадион кој собира 18.000 гледачи и се спреми за промоцијата на Лионел Меси и Серхио Бускетс, двајцата добри другари уште од Барселона. На Флорида врнело дожд вечерта но тоа не ги спречило илјадниците навивачи да дојдат да го поздрават големиот Лео.

Спектакл на Монументал, Ривер славеше титула

По 38-ми пат во својата историја Ривер Плејт, славниот клуб од Буенос Аирес е шампион на Аргентина. По заминувањето на врвниот тренер Марсело Гаљардо кој им донесе неколку трофеи, сите очекуваа благ пад на екипата, но Мартин Демикелис докажа дека е способен да стигне до нова титула. На 3 кола пред крајот од првенството, Ривер прослави шампионско одличје на меч со Естудиантес Ла Плата пред 80.000 свои навивачи.

Мајсторија на Барди од слободен

Турските суперлигаши на големо се подготвуваат за стартот на новата сезона. Така Трабзонспор на нашиот Енис Барди одигра пријателски меч против унгарски Фехервар кој заврши 2:2. Вториот гол за турскиот тим е дело на македонскиот репрезентативец од слободен удар.

Првпат во 45 години во Милан нема да има никој од династија Малдини

Навивачите на Милан бурно реагираа на веста дека претседателот на клубот Кардинале со соработниците решиле да им врачат отказ на техничкиот и спортски директор Паоло Малдини и Масара, тандем најзаслужен што росонерите полека се вратија на најголема сцена.

Хари Кејн во емисија јадеше крилца со оган лути сосови

Најдобриот англиски центарфор и капитен на репрезентацијата на Англија, деновиве чека екстремно голем трансфер вреден преку 100 милиони евра. За него најзаинтересирани се ПСЖ и Баерн Минхен и останува да се види каде ќе продолжи. Додека биде трансферот, тој во студио пробуваше крилца со разни лути сосови.

Дедо Јирген Клоп

Германскиот тренер по враќање од одмор, за клупскиот тв канал на Ливерпул раскажал дека станал дедо и дека тоа е најсреќна вест за него во последните 30 години. Неговиот посинок Денис станал татко.

Центрирал или шутирал, еврогол е еврогол

Во реванш меч од 1/4 финале на Куп на Бразил, во дербито Сао Пауло на гости со 1-2 го совлада вечниот ривал Палмеираш. Домаќините први поведоа во 34’ минута но во вториот дел примиле два гола па гостите со вкупен резултат 1-3 одат во полуфинале. Муабетот ни беше за голот на Уругваецот Хоакин Пикерез од Палмеираш.

Најубава промоција на нов дрес стигнува од холандското градче Волендам

Летово јавноста гледа разни претставувања на новите дресови за новата сезона во разни првенства. Има секакви идеи, а најинтересна е онаа од холандски Волендам. Рибарско градче со 22.000 жители, излегува на езерото Маркермер во кое истоимениот фудбалски клуб реши да се пофали со јагулата како симбол на клубот.

Претседателот на Баерн инкогнито пазари во фан-шопот, за да го провери квалитетот

Интересна вест од баварскиот гигант. Почесниот претседател на клубот Ули Хенес таинствено купува разни работи од официјалните клупски продавници и од некои не бил задоволен.