Фудбал

Откажи се од боксување

Голманот на Израел, Ариел Харуш поради финансиски проблеми нема земено плата од својот клуб Беитар Јерусалем, но тоа не е причина да киксира за репрезентација. Неговата селекција загуби од Мексико со 3:0, а по катастрофалната проценка на првиот гол, среќата не го посака на вториот. 

Офсајд лик на денот: Анри Бел

Камерунецот од редовите на хрватскиот клуб Сплит, Анри Бел бил излажан дека е повикан на поширокиот список на репрезентацијата за Светското првенство. Кога се појавил на подготовките во Австрија никој не знаел кој е тој и од тогаш му се губи секоја трага.

Најдобрите 100 сезонски голови

Компилацијата ја правел мераклија кој ги одбрал најатрактивни погодоци од изминатава сезона, но без анонимни играчи и клубови. Почнува со голчиште на Кака, а завршува со акција од учебниците во изведба на Арсенал. 

Новинарите предвидоа: Бразил ќе биде шампион

Водечкиот аргентински спортски магазин El Grafico анкетираше 95 фудбалски коментатори од целиот свет кои ги дадоа своите предвидувања за Светското првенство во Бразил.

Ексел за Светското првенство

Како што е редот, објавуваме распореди за сите големи спортски натпреварувања во Ексел формат, па еве го фајлот што го чекавте и за Светското фудбалско првенство во Бразил.

Идеалните 11 кои Светското ќе го гледаат на ТВ

На Светското првенство има место само за 32 екипи, па некои репрезентации не се пласираа и Мундијалот во Бразил ќе биде осиромашен за неколкумина од најдобрите фудбалери.

Среќа што не се збореше дека е местена

Пред пријателскиот натпревар помеѓу Шкотска и Нигерија се раширија гласини дека дуелот можеби ќе биде наместен, а истрага започна и британската полиција. Актерите на теренот не беа многу убедливи во нивните намери да ги демантираат гласините.

Сите тренери во ерата на Берлускони

Со неговото доаѓање во Милан во 1986 година, уште веднаш за потпретседател го назначи Адријано Галијани кој е задолжен да брка засилувања, но како газда на клубот тој влијаеше во изборот на тренерите, а на некои им солеше памет за тактика.

Роналдо е најславна и најпрепознатлива фудбалска фигура

Според светското маркетинг истражување на Repucom базирано на 6.500 луѓе во 13 земји, 72% од луѓето кои го знаат, рекле дека им се допаѓа.

Идеалните 11 во форма за Бразил

Велат дека формата е привремена, но кога станува збор за натпреварување како Светското првенство кое трае неколку недели, тогаш овој фактор може да биде клучен за успех.

Фак ју ФИФА

Бразилците се поделени околу одржувањето на Мундијалот. Едните ќе урлаат од радост на 12 јуни, а другите можно е да урлаат на протести. Едни прават графити за потребите на репрезентацијата, а другите за да и кажат на ФИФА дека наместо стадиони, попаметно е со милијардите да се намали сиромаштијата и да се градат болници и школи.

Бабата и храмот на бразилскиот фудбал

Марилза Гимараеш да Силва својот дом го претвори во храм на бразилскиот фудбал. 63-годишната навивачка го има обоено својот автомобил, целиот дом, па дури и тоалетот во боите на Бразил.

Над милијарда евра за да се стигне до „La decima“

Рекордерот по освоени титули во Лигата на шампионите мораше многу да чека, да менува, но најмногу да купува за да стигне до јубилејната 10-ка. Двајцата претседатели Флорентино Перез и Рамон Калдерон таа ги чинеше 1,1 милијарда евра за засилувања.

Што сè прават фудбалерите за пари

Големите спортски ѕвезди имаат огромни плати, но некои од нив заработуваат многу повеќе надвор од терените прифаќајќи секакви понуди за да рекламираат сè и сешто.

Офсајд навивачи на денот

Навивачите на колумбискиот клуб Хуниор по грешка излегоа на улиците на Баранкиља да ја прослават титулата која не ја освоија.

Да се заборави Светското и автобусот на Франција

Бразилците се спремија за Мундијалот со атрактивен шарен Боинг, а Французите ги мачат лоши спомени од Јужна Африка и се обидуваат да ги избришат, па се решија да го уништат автобусот за да не им носи малер.

Роналд Куман, ти си?

Да дојдеше барем до половина терен некако ќе разберевме, ама вака некако премногу е. Се работи за најдобриот аматерски голмански топовски удар.

Уметнички авион за Бразил

Лудилото почнува за 16 дена, а креативните домаќини од превозот си направија неочекувана атракција. Боингот 737 со кој ќе летаат, го бојадисаа како детска играчка. Целта им било да ја претстават културата во Бразил преку најразлични лица, а делото е на двајца махери за уметнички дела кои работата ја завршиле за една недела со 1200 лименки спреј.

Ќе се распадне ли шампионот на Шпанија?

Многу неутрални навивачи имаат симпатии спрема помалку моќните клубови, кои со срце, многу работа и тимска игра стигнуваат далеку, како што беше случајот со Атлетико. Но оваа шпанска приказна која е удавена во долгови, тешко дека ќе ја видиме во исто руво и наредната сезона.

Сулејманов го надмина Пандев

Таулант Сулејманов влезе во историјата на македонскиот фудбал како најмлад играч кој дебитирал за сениорската репрезентација на Македонија.

Трансферот на Годин за 27 евра

Еден од најдобрите дефанзивци на планетата, Диего Годин од Атлетико Мадрид кој во моментов е проценет на преку 20 милиони евра, пред 11 години како неталентиран фудбалер бил продаден за само 1.600 денари.

Финалето во Лисабон од мој агол

Лисабон ми беше трето финале, ама неколку месеци уназад, уште пред да се знаат финалистите имав некој осеќај дека ќе биде посебно.

Продолжи лошата серија против африканските лавови

Фудбалската репрезентација на Македонија по бледо издание загуби на пријателски натпревар во Австрија против репрезентацијата на Камерун која ќе учествува на Светското првенство во Бразил.

Кејхил го натскока голманот

Со скокот на Роналдо мислевме дека не може никој, но пазете го сега поранешниот фудбалер на Евертон кој успеа со глава да се одрази повеќе од голманот на Јужна Африка со раце.