Почетокот на првенството во Израел беше закажан за викендов, но е одложен од безбедносни причини, поради неодамнешниот воен конфликт во појасот Газа, соопшти израелскиот портал Махарив онлајн.
Израелската фудбалска власт ја донела одлуката за пролонгирање на стартот на сезоната, веднаш по заканите од портпаролот на Хамас, Абу Обеида, кој изјавил дека нивната војска нема да ги поштеди ниту големите објекти во Израел, меѓу кои и фудбалските стадиони.
Актуелниот шампион на Изаерл, Макаби Тел Авив натпреварите од квалификациите за ЛШ ги играше на Кипар, а по испаѓањето, се решија и плеј-оф дуелот од Лига Европа против Астерас да го имаат во кипарскиот град Ларнака.
Дислокација на Кипар ќе има и за нашите фудбалери до 21 година кои својот последен натпревар од квалификациите за Евро 2015 против Израел ќе го игра на стадионот на кипарскиот прволигаш Анортозис.