Фудбал

10 најсмешни прослави на гол

Хари Реднап потврди дека Сандро го пропуштил саботното реми на КПР против Стоук (2-2) поради повреда при прослава на гол на тренинг, а слични прослави имаше и за време на други натпревари.

Пеналџија кој не беше планиран

Видеото е старо, но неповторливо, а се случи во Русија на мечот меѓу Сатурн и Спартак Москва. 

Фудбалерка на Ливерпул погоди од 50 метри

Од далеку покажаа дека знаат да гаѓаат и фудбалерките на Бирминген кои израмнија на 1:1, но гостинките од Ливерпул веднаш им ја скратија радоста со голчиште на кое не и претходеше никаква акција, туку само едно додавање на центарот на игралиштето.

Петте минути на Падерборн, Еибар и Лестер

Германскиот клуб е првопласиран во дебитантската сезона во Бундеслигата, Еибар игра одлична сезона на малиот стадион, а Лестер ги запре Евертон, Арсенал и Јунајтед.

Голот на Лампард донесе рекорд, но и смрт

Поранешната икона на Челси си замина од Премиер лигата, после склоп на околности се врати, облече друг дрес и постигна гол против своите со кои се растажи самиот, своите навивачи, но “предизвика“ и смртен случај.

Како колегата на Новески ископа дупка

Фудбалерите на Мајнц имаат одличен старт во Бундес лигата со 4 одиграни кола без пораз. Жртва овој викенд беше Борусија Дортмунд, а мечот ќе биде запаметен по најлошо изведениот слободен удар.

Член на ФИФА: СП 2022 нема да се одржи во Катар

Турбуленциите околу одржувањето на Мундијалот стануваат уште поголеми, откако по Блатер, уште еден висок член на ФИФА го оспори местото на одржувањето на Светското за 8 години.

На 6 натпревари Ван Гал пробал 33 играчи

Неделниот пораз од 5:3 на гостувањето против Лестер Сити му зададе нови проблеми на холандскиот тренер кој уште ја бара правата постава.

Што му стана на Јаја Туре во тунелот?

Второто полувреме од вчерашното дерби меѓу Манчестер Сити и Челси (1-1) имаше своја увертира во подтрибинскиот простор.

Фудбалерка нападна судија па се соблече

Циркузијадата доаѓа од првата женска фудбалска лига во Романија, каде голманката доби црвен картон, се изнервира како Оливер Кан, а дресот и го даде на колешката која ќе мора да брани при извршени три измени.

Реал Мадрид за помалку од 100 часа постигна 13 голови

Најскапиот клуб во светот кој ги поместува границите во фудбалот во однос на трошењето пари, постојано ги напаѓа рекордите на Ференц Пушкаш и Алфредо Ди Стефано поставени во старата славна ера на кралскиот клуб.

Стадионите на кои ќе се игра Евро 2020

На свеченоста во Женева, европската фудбалска унија одреди 13 градови и стадиони на кои ќе се игра европското првенство 2020. година.

Руско тинејџерско млатење

Вакви слични видеа со насилство сме објавувале повеќе пати, но не се сеќаваме на таков Брус Ли како момакот со бел дрес со број 12. Актерите се инаку младински фудбалери на екипите на Днепр Смоленск и Локомотив Москва.

10 години без Клаф, фудбалскиот Робин Худ

На 20.септември 2004-та почина еден од најголемите тренери во историјата на англискиот фудбал, а неговата животна приказна го инспирираше Дејвид Пис да напише книга за него.

УЕФА ќе воведе пауза во играта за тешко повредените играчи

Целта е да не се враќаат во игра фудбалерите кои ќе добијат потрес на мозокот.

Македонија до Серија Д

Натпреварот од четвртата италијанска лига меѓу Мателика и Термоли го одбележаа (од наша гледна точка) гостинските навивачи, црвено-жолтите „Термолези“, кои во склад со клупските бои често веат и македонско знаме.

Карабах е тимот што игра само на гости

Азербејџанскиот фудбалски клуб Агдам Карабах за првпат во својата историја игра во Лига Европа, а вчера го „пречека“ Сент Етјен во Баку.

Арената Филип Втори не се најде меѓу домаќините за Европското

Како што и се очекуваше, Скопје и нашиот најголем стадион и покрај реновирањето, немаа капацитет да се борат во големата конкуренција за домаќини на континенталниот фудбалски собир во 2020 година.

Скопје отпаѓа, Лондон и Минхен се пазарат за ЕУРО 2020

Според пишувањата на Дојче Веле, главниот град на Македонија нема да се најде меѓу домаќините за Европското во фудбал, поради нестабилната политичка ситуација, слабата финансиска моќ и сиромашната кампања.

Шест месеци суспензија за скршениот нос на Мота

Скандалозниот настан во второто коло од Лига 1, фудбалерот на Бастија ќе го плати со неиграње фудбал до крајот на февруари.

Адеми убедлив со Динамо Загреб, Муарем ремизираше

Во првото коло од групната фаза на ЛЕ, македонските интернационалци имаа успешна вечер, откако Адеми го одигра целиот меч за „модрите“, а Муарем 80’ минути за Карабах.

Двајца наши претставници во поход на Лига Европа

По настапите на Пандев и Ибраими во најелитното клупско натпреварување, еден ранг подолу на европска сцена ќе се појават Ардијан Адеми и Муарем Муарем.

Кога навивачите на Звезда се поголеми Руси од Русите

На 5. септември Спартак Москва доби нов стадион, а на отворањето гостуваше белградска Црвена Звезда. Со нив дојдоа и Делиите.

Кристијано Роналдо е најголемата болка на Венгер

Интервјуто е напревено од чисто маркетиншки побуди, ама доаѓа со некои интересни прашања за Венгер. Прашањата му ги поставуваат блогери, твитерџии, славни личности и сл.