Фудбал

Виера: Срамен избор во италијанскиот фудбал

Легендарниот француски фудбалер го искажа својот револт во врска со назначувањето на новиот претседател на италијанската фудбалска федерација, контроверзниот Карло Тавекио.

Како се загрева новиот пулен на Венгер

Пред почетокот на Комјунити Шилд натпреварот против Манчестер Сити, новиот играч на Арсенал, 19 - годишниот Калум Чемберс покажа зошто Арсенал за него летово одвои 11 милиони фунти.

10 дијаманти скриени на пазарот во Премиер лигата

Во англиската Премиер лига летово најмногу се зборуваше за скапите Диего Коста, Фабрегас, Мангала и Алексис Санчез, а постојат играчи кои од сенка може да бидат добитна комбинација за клубовите кои ги ангажираа, а малку се фалеа со нив.

Нема снимање на Олд Трафорд со Ајпад

Манчестер Јунајтед донесе нови правила за навивачите кои одат со уреди за снимање на стадион, но тоа не важи за мобилни телефони.

Странските утки на голот на Милан

Во последните 20 години, голот на Милан го бранеа Бразилец, Грк, Австралиец со хрватско потекло, специфичен Германец, а сега им дојде Шпанец од кој се очекува многу повеќе од претходниве. Скоро сите беа тотално промашување со исклучок на корпулентниот Дида кој си замина со еден куп трофеи.

Островот на кој беснеат француските навивачи

Новата сезона во Лига 1 почна многу неславно. Монако загуби пред своја публика, Ибрахимовиќ промаши пенал, а на Корзика беа повредени 44 полицајци. 

На Адебајор и Того не им е до фудбал

Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) има сè поголеми потешкотии во организацијата на квалификациите за Африканскиот Куп на нациите. По Сејшелите, сега и Того одбива да игра фудбал во време на епидемија од Ебола.

Кинески ножички

Лу Лин од Гвангжу Фули, кинески клуб предводен од Свен Горан Ериксон се најде на листата на мајстории кои вреди да се издвојат деновиве. Класичните ножички со прием на гради кои на времето му успеваа само на Пеле, сега ги прави кој стигне.

Од Мајна до Арно, Марин повторно ќе игра покрај река

Некогашниот голем талент во Бундеслигата, Марко Марин не ги исполни очекувањата како неговиот другар и соиграч од Вердер, Месут Озил. Бегалецот од војната во Босна, сега добива шанса во амбициозната Фиорентина каде ќе се обиде да блесне.

Миланистите ја бараат среќата во Бразил

Робињо е последната ѕвезда која деновиве се врати дома како позајмен играч на Милан. Се појави здебелен, без тренинзи и ангажмани за време на летото, но статусот ѕвезда не го загуби кај навивачите со кои се среќава по трет пат. Неговиот матичен клуб Сантос загуби од Коринтијанс, а Робињо одигра солиден меч. Поранешните клупски колеги Кака и Пато имаа победничко коло со Сао Паоло и славеа против Виториа со 3:1. Во одлична форма игра Паперо кој постигна два гола.

Барселона “плати“ една третина за „Емирати“

Арсен Венгер редовно продава скапи играчи од својот состав, а со тоа темпо ќе им помогне на „Арапите“ да го исплатат стадионот кој го изградија во Лондон.

Свадба е свадба, но Фулам ти е првата љубов

Управата на англискиот второлигаш Фулам, на необичен начин му го честитала бракот на еден од своите верни навивачи. Марк Вилби секоја година имал сезонска карта за натпреварите на неговиот омилен тим, а по оваа телеграма сигурно уште повеќе ќе го засака клубот од Лондон и веќе следната сабота ќе се нацрта на „Кревин Котиџ“.

Комјунити Шилд увертира за Премиер лигата

Во традиционалниот натпревар кој го означува стартот на сезоната во англискиот фудбал, секој август играат освојувачот на Премиер лигата и победникот во ФА купот. На Вембли во недела ќе се судрат Манчестер Сити и Арсенал.

Развојот на фудбалската тактика

Замислете си натпревар на кој голманот постојано рога, а сите други се напред и се тепаат кој да даде гол. Епа така било пред повеќе од 150 години кога имало многу необични правила за офсајд. Сега тренерите користат гугл очила и го мерат секој можен потег.

Тргнале во Шведска, а Торино играл на Олимпико

Неколку навивачи на италијанскиот фудбалски клуб ја оплескале работата, откако прерано резервирале авионски карти за Стокхолм, град во кој биковите гостуваа пред една недела.

Јаховиќ со повеќе среќа од Крсте

Екипата на Сараево каде настапува нашиот Крсте Велковски ќе се мачи со противник од Бундеслигата, додека македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ со Ријека има полесна пречка против претставник од Молдавија.

Пандев против Билбао, Ибраими со Селтик

Двајцата наши единствени претставници во Лигата на шампиони добија тешки противници во плеј-оф фазата од најквалитетното клупско европско натпреварување. 

Четири минути ја чинат Легија Варшава елиминација од ЛШ

Полскиот претставник е исфрлен од квалификациите за ЛШ, поради тоа што во претходното коло против Селтик, во Глазгов настапил играч кој не бил претходно регистриран.

Кралот и лажниот мит за 1281 гол

Во ситуација кога никој не може да му ги оспори трите освоени Мундијали (Купот Риме, наречен поради Жил Риме), фамозниот гол против Шведска, големата љубов кон фудбалот, техниката и професионалноста, спорна е тежината на вкупниот број голови кои ги постигнал Пеле.

Риболовска прослава на гол

Видеово со Исланѓаниве е старо, но не можевме да го видиме, а да не го споделиме.

Три футсал магии во 6 секунди

Сите вие кои долго време држите термини за фудбал по балоните и салите, нема шанси вакво нешто да ви успеало. Ако не сме во право, пратете ни видео па ќе го објавиме.

Англичаните нарачаа 2.000 спрејови

Успешното тестирање на спрејот за време на Светското првенство во Бразил ги натера фудбалски тела во Европа да ги воведат во повеќе натпреварувања.

Ќе го внесе ли Биг Семи, Брајтон во Премиер лигата?

Конечно најдовме фаворит во кладилница. Нема да спасуваме никој до мај следната година, ама ќе го носиме Брајтон во елитната англиска лига кој ќе го води поранешениот славен фудбалер на Ливерпул.

ФИФА 2015, сериозно набилдана ФИФА

Со новите елементи за фудбалчето, ЕА Спортс конечно ги замолчи и најупорните критичари. Меѓу новитетите во ФИФА 2015 најголем впечаток оставаат дури 600 природни емоционални реакции на играчите по секој фаул, промашена шанса, лизгачки старт и лошо додавање. Говорот на телото на фудбалерите ќе биде најреален досега, затоа што сите 22 играчи на теренот ќе покажуваат разни емоции во однос на играта. Новост е и употребата на модерната технологија за проверување дали топката ја минала гол линијата.