Иако важат за најголеми фудбалски ривали во историјата, клубовите од Манчестер и Мадрид негуваат пријателски односи уште од 1958 година и трагичниот настан на аеродромот во тогашна Западна Германија.
Најпрвин не го препознаа на плоштадот Дуомо, па Бразилецот мораше да докаже дека навистина е мајсторот од „Сан Паоло“. Откако ги купи со неколку финти, изразија желба да се сликаат со него.
Откако пред два дена, менаџерот Карло Палавичино отворено го обвини тренерот на Наполи за заминувањето на Пандев од екипата, сега и Гоче покажа со прст кон шпанскиот стратег.
Освен што беше прогласен за еден од најбрзите голови во Англија, голот на Асмир Беговиќ лани против Саутемптон, од денес стана и погодок од најголема далечина на еден официјален натпревар.
Бразилецот Нејмар како да подзаборави дека не е на УС Опен и дека не смее да се потпишува на навивачите за време на загревањето, па радоста на фанот на Виљареал за добиениот автограм ќе ја плати 6 илјади евра.
Долгогодишниот агент на Горан Пандев, Карло Палавичино вербално го нападна шпанскиот тренер на Наполи, за кого вели дека е главен виновник што Македонецот не заработил повеќе пари во кариерата.
Скапи влезници и скапо сместување (а и патот зависи од каде доаѓаш) се главни проблеми за фановите пред секој Мундијал. За СП 2018-та, Русите во Саранск имаат поинакво решение.
Тимот од Санкт Петербург ја искористи брканицата на трансфер пазарот и во своите редови го доведе цртаниот лик, Барт Симпсон кој ќе биде официјална маскота на екипата, објави сајтот на рускиот клуб.
Голманот на Бенфика, Артур (33) со катастрофална интервенција замолкна 50 илјади луѓе на стадионот „Луж“ во Лисабон. Во градското дерби, Бенфика поведе во 12. минута преку Гаитан, а осум минути подоцна Спортинг израмни преку Алжирецот Слимани кој го искористи подарокот од Артур.
Диего Милито даде гол за водство на неговиот Расинг во дербито против Индепендиенте, па реши да се закача со домашната публика на која толку ѝ требаше да се распали. На крајот за две минути домашните дадоа два гола па Милито остана со празни раце.
Деветиот месец од годината ќе донесе богата спортска понуда, затоа што нè очекуваат градското дерби во Мадрид, Милан - Јуве, пријателски средби, квалификации за Европско првенство во фудбал, Лига на шампиони и Лига Европа.
Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев на крајот од преодниот рок најде нов клуб. Во пакет со струмичанецот во Галатасарај оди и неговиот тимски соиграч од Наполи, Блерим Џемаили.
Минатата година повеќе од половина играчи (52,7%) во италијанските клубови беа странци, а годинава фудбал на Апенините ќе играат уште 60 нови играчи кои дојдоа од други лиги. Повратници во прволигашкото друштво се Емполи, Палермо и Чезена.
Македонската фудбалска репрезентација, новиот квалификациски циклус за ЕУРО 2016 го започнува на 8 септември на Местаља. Шпанскиот селектор Висенте Дел Боске во составот не ги повика Фернандо Торес, Хуан Мата и Жерар Пике, додека Чаби Алонсо и Чави Хернандез се тазе повлечени од националниот тим.
На денешната ждрепка во Нион, нашите четворица претставници ги дознаа своите противници во групната фаза од второто по квалитет клупско европско натпреварување.
На 3 август наполни 17 години, а само еден ден по роденденот за поклон доби прв професионален догоров од Арсенал. Со талентот кој го има сигурно дека Даниел Кровли за кратко време ќе почне ваквите мајстории од слободен удар да ги прави за сениорскиот тим пред полн Емирати.