Топџиите во Премиер лигата ја имаат деветтата најдобра одбрана според примени голови, а главниот проблем не е слабата одбрана, туку раштиманиот среден ред каде недостасува цврстина.
Мароканецот Ел Кадури од Торино денес на Твитер постираше слика преку која се обиде да покаже дека луѓето треба да ја сфатат разликата меѓу религијата и теророт.
Барселона, Манчестер, Евертон, Неапол и Рим викендов ќе бидат градовите во кои ќе се играат дерби натпревари. Конкурентноста за врвот ги прави овие средби уште поголеми и потензични.
Откако објави дека на лето го напушта Ливерпул и преоѓа во ЛА Галакси, Стивен Џерард ги смрзна сите навивачи на Енфилд. Голов на тренинг можеби малку ќе ги расположи.
Напаѓачот на Манчестер Сити има близу осум милиони следбеници на Твитер, твитнал околу 3.700 Твита и следи околу 116 луѓе на оваа мрежа. Од почетокот, па до сега фејвнал само еднаш и тоа вчера.
Во вид на компензација за настап на нивните играчи, од островот најмногу инкасираше Челси, 1,2 милиони долари, додека двете екипи од Манчестер и Арсенал добија по нешто повеќе од милион долари.
Ниту еден клуб не сака да загуби некој од своите фудбалери во зимскиот преоден рок и да нема доволно време да најде соодветна замена за вториот дел од сезоната. Најскапиот трансфер во историјата на зимскиот преоден рок е оној на Фернандо Торес од Ливерпул во Челси.
Карло Анчелоти градското дерби од купот го почна без Кристијано Роналдо, а за тоа што губеше, на Португалецот изгледа крив му беше камерманот на кој му се обрати со зборовите: Немаш попаметна работа.
Азискиот куп започнува утре, а оној на Црниот континент стартува на 17. јануари, по што многу англиски клубови ќе останат без клучните играчи во своите состави пред одлучувачките натпревари во сезоната.
Освојувањето на ФА купот, потпишувањето на Алексис Санчез, откривањето на статуата од Денис Беркамп, меѓусебните дружби, средбите со навивачите, пеењето на Божиќ се дел од убавите работи кои им се случуваа на Топџиите во 2014-та.
Искусниот ќелавко кој е махер за тоа како треба да се игра умно за време на трансфер периодите, во овој јануарски преоден рок веќе направи зделка по своја мерка. За време на пазарењето понекогаш чува и резервни играчи кои го чекаат “затворени“ во хотел, но не му секогаш исплатливи.
По терористичките напади во парискиот сатиричен магазин, француската фудбалска федерација соопшти дека сите натпревари во првенството и купот викендов ќе почнат со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите. Вчера се молчеше на дуелот Лил - Евијан, а веднаш потоа загрме и Марселеза, француската химна.
Пред неколку сезони, каталонскиот клуб беше модел за атрактивен и отворен стил на игра, а трофеите се редеа еден по друг. Сега Каталонците се на насловните страни од многу поразлични причини.
Во првиот натпревар од 1/8 финалето на Кралскиот Куп, Атлетико Мадрид го победи Реал Мадрид 2:0. Торес повторно дебитираше за „јорганџиите", Роналдо влезе во второто полувреме, а Диего Симеоне славеше со син му, кој собираше топки.
Титулата во Премиер лигата веројатно ќе остане само сон за капитенот на Ливерпул кој по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти „Енфилд Роуд“. Големите ривали од „Олд Трафорд“, навивачите на Јунајтед тоа го искористија и направија сеирџиско, но емотивно видео.
Предвидувањата ги прави италијанскиот портал marte.com врз база на хумор, малку глупирање, можни реални и нереални случувања, а вметнува и научна фантастика како на пример војна меѓу Џон Конор и судии терминатори кои ќе летаат со дрон.
Само пет дена беа доволни од новата година, за да ја имаме и првата топ 10 листа на најубави голови од натпревари кои се играа изминатиов прв спортски викенд во 2015-та.
Аргентинецот и Португалецот имаа богата година и срушија неколку рекорди во шпанската лига и во Европа. Во 24-минутна емисија под наслов „A golden rivalry“ , англискиот Скај спортс нè наврати на сите нивни достигнувања во 2014-та година.
Марио не е еден и единствен, во Еквадор има дупликат. Се работи за 29 годишниот Коб Хуртадо, фудбалер со ист имиџ кој исто се радува на гол, а според изгледов, веројатно и исто реагира кога е лут. Разликата е само што игра во одбрана.
Агресивниот пресинг на половината на противникот беше клучна стратегија на Нуно Еспирито Санто во големиот триумф на „лилјаците" со кој Реал Мадрид ја заврши непобедливата серија.