Навивачи

Албанци направија прекин на мечот со Италија

Во 55’ минута од дуелот од нашата квалификациска група меѓу Италија и Албанија (2:0), гостинските навивачи кои допатуваа во Палермо фрлаа голем број бакљи и петарди на теренот поради што судијата мораше да го прекине дуелот на десетина минути. Во гостинскиот сектор била навивачката група Плисат од Приштина.

Навивачите на Спартак му одговорија на БиБиСи

Дебатата на релација БиБиСи - руски навивачи продолжува. Откако британскиот канал сними документарка во која неколку маскирани навивачи зборуваат за спартанските тренинзи а БиБиСи ги прикажа како хулигани кои се спремаат за војна со противничките ултраси на Светското, одговор стигна изворно од трибината.

Барам оштета од 120.000 евра, ми падна Англичанец на глава

Навивач на Баерн Минхен го тужи клубот со образложение дека не му пружил сигурност, а тој уредно си платил влезница. И по три години оди со штаки од еден наводум глупав, ама по се изгледа сериозен инцидент.

Црвено – бел шал на седиштето на убиениот навивач во терористичките напади во Лондон

Tерористичките напади пред парламентот во Лондон вчера однесоа вкупно четири жртви, а меѓу нив и еден полицаец кој беше голем навивач на Чарлтон. Клубот веднаш му оддаде почит на начин кој го заслужува еден ваков верен навивач.

Навивачите на Баерн може да зборуваат за верност

Темата на муабетов е 10 клубови со најголема посетеност оваа сезона во Европа. Tронот го држи екипа од Бундеслигата пред сè поради политиката во германскиот фудбал на навивачот да му се даде цена на влезница пристојна или поточно ефтина за негов џеб. Се разбира дека Германците важат за верни навивачи, исто како Англичаните, со таа разлика што вториве плаќаа изгор скапи карти.

Нарачуваш помфрит, седнуваш и Рафиња прави курцшлус

На полувремето од мечот Борусија Менхенгладбах - Баерн Минхен, фудбалерот на Баварците додека се загреваше реши ноншалантно да ја шутне топката во воздух, а таа заврши во оброкот на еден навивач на Баерн.

Навивачка некултура

Фудбалер на Брајтон ни крив ни должен упадна во непријатно друштво кај навивачите на Лидс. Човекот едноставно беше приморан да ја скокне оградата за да избегне евентуална повреда, а тие го пречекаа како да им е најголем душман.

Турските навивачи направија спектакл со сиртаки прослава

Олимпијакос претрпе тежок пораз од 4:1 на гостувањето против Бешикташ, а по четвртиот погодок домаќините направија шоу и со препознатливата грчка музика го тролаа противникот за елиминацијата во Лига Европа. 

Конфликтот на Ердоган со Холандија можен проблем за УЕФА

Во случај вечерва Бешикташ да го мине Олимпијакос (1:1) и Ајакс Копенхаген (1:2), УЕФА ја разгледува можноста да спречи евентуална средба на турскиот и холандскиот тим во четвртфиналето.

Како тоа изгледа кога ќе гостуваат 60.000 навивачи

Во декември 2010-та година Трабзонспор гостуваше во Истанбул против истоимената екипа и играше пред 60.000 свои навивачи кои пропатувале 1.100 километри колку што е дистанцата помеѓу двата града. Победија 1-3 и правеа синхронизирана кореографија.

Ултрасите на Порто и Јуве си поделија шалови

Торинезите ја оправдаа улогата фаворит и го поминаа Порто во Лигата на шампионите, а двомечот помина во другарска атмосфера меѓу навивачите на двата тима. На крајот водачот на гостинските навивачи Фернандо Мадуреира прескокна ограда за да им го даде својот шал на домашните навивачи.

Најлудиот пресврт во ЛШ раскажан од неутрален италијански навивач

Дечкото уствари навива за Јуве, тимот кој пред две години загуби во финале во ЛШ од Барса, но тоа не му било пречка до рано сабајле да биде дел од големото славје во центарот на Барселона. Не планирал да оди на Камп Ноу, ама сепак пресуден бил веројатно неговиот прекар.

Деца ај у школо

На градското дерби меѓу Челси и Вест Хем падна одлично тролање, откако неколку млади фанови на Вест Хем кои уште не се бричат се јачаа преку обезбедувањето. 

Доаѓањето на Армада со траект во Сплит

Викендов се одигра големото јадранско дерби меѓу Хајдук и Ријека (1:1). Како што најавија, навивачите на Ријека, околу 1.000 души со траект цели 12 часа патувале до сплитскиот брег. Дербито го одбележаа неколку бакљади, пароли, прекини.

Не се закачај со Милволци

Во големото градско дерби, Тотенхем до врв ја наполни мрежата на Милвол во ФА Купот, а дуелот помина во нереди околу стадионот ’Вајт Харт Лејн’ каде стигнаа 3.689 навивачи на гостите.

Мерките за спречување инциденти на најголемото шкотско дерби

Селтик и Глазгов Ренџерс кои заедно тежат 101 титула само во домашното првенство, денеска ја имаа 405-та меѓусебна пресметка која заврши 1:1. Се разбира дека во едно вакво градско дерби, навивачите секогаш завршуваат во новинарските извештаи, но таму за разлика од кај нас, надлежните за воведување ред и мир знаат да спречат како да не падне крв.

Најдобрата навивачка компилација во епскиот финиш на Барселона

Ако не се сте виделе што правеле по дома навивачите на Барселона во онаа историска 95-та минута од мечот против ПСЖ, еве и такво видео кое се опишува со еден збор: ЛУДНИЦА.

Навивач влета на терен и реши натпревар

Носи ист дрес како другите, ама за разлика од нив нема бројка. Влезе, начека изведена топка од аут и го реши мечот во последна минута, а најјакиот момент е што сите му се фрлија на радување.

Од Русија со љубов - ќебе

За разлика од московските хулигани кои лани во Марсеј линчуваа Англичани, овојпат градот Ростов се покажа како гостопримлив домаќин и на навивачите на Манчестер кој допатуваа на дуелот од Лига Европа им дадоа ќебе. Температурите во Ростов се под нулата во овој период од годината, така што на гостите им годел подарокот.

Крикот на Наполитанците кој се слушна во цел град

Навивачите на Наполи се “болни“ за фудбал и ако се случеше да го урнат Европскиот фудбал ќе го превртеа градот наопаку. Без разлика дали ги сакате или не, пуштете ги звучките троа посилно и слушнете ја химната на ЛШ, а особено онаа ерупција од Сан Паоло на вчерашното четвртфинале. Да се наежи човек.

Американско навивање на фудбал

Во моментот кога стоперот на Њујорк Сити, Шано се жалеше на повреда, навивачите на Орландо пееја «Move, bitch, get off the pitch!» рефрен од песната Move Bitch од Ludacris.

Пушти ги нека се тепаат навивачите

Познат руски пратеник даде необично решение за проблемите на земјата со фудбалскиот хулиганизам во пресрет на Мундијалот наредната година. Легализација за тепачките.