Ако на еден натпревар има насилство и скандирање на национална основа и ако во тоа учествуваат навивачите и на двете екипи, МВР само на клубовите може да им напише казни до 30.000 евра.
Неверојатниот кам-бек на Швајцарија против светскиот шампион Франција направи и Швајцарците на трибините да поминуваат низ права емотивна вртелешка. Од солзи и плачење до солзи радосници во само 1 минута.
Хрватската фудбалска репрезентација има огромна поддршка каде и да игра. Така беше и во понеделникот во Копенхаген каде илјадници навивачи во коцкести дресови ги бодреа фудбалерите кои направија епски кам-бек во самиот финиш од мечот со Шпанија.
Македонската навивачка треска од Букурешт се префрли во Амстердам. Атмосферата е на ниво. Се пее, се навива и се наздравува, а таму е и царот со новиот тапан. Му посакуваме да го дупне со гол на Пандев, по можност победнички.
Романските кафанџии од центарот на Букурешт сигурно се во очај што заврши македонската треска и што Македонија не го игра барем и третиот меч на нивни терен. Прометот за четири дена престој од нашите им е фантазија.
Македонските навивачи се хит на Европското по многу основи, а еден од оние кои привлече внимание на социјалните мрежи е тој со тапанот кој го дупна за Македонија.
Хит сме на Европсково. Го запоседнавме градот со песни и ора, се дружиме со Украинците, а грмиме гордо и од трибини. Па почнавме и женски да бркаме, а во меѓувреме и тапаните издишаа.
Пријателски почнаа, пријателски се разделија. Ете тоа е убавината на фудбалот. Македонија и Украина синоќа играа меч вреден осминафинале, а нивните навивачи покажаа како се слави еден фудбалски празник наречен Европско првенство. Респект момци за скандирањево.
Во Букурешт утринава е фудбалски празник за Македонија, а после фотографиите и снимкиве ќе помислите дека ние сме домаќини, а не Романците. Синоќа журката беше на дожд, а денеска огреа сонце, па редот е да се угаси жедта и тоа на шампионски начин.
Стигна конкуренцијата на македонските навивачки на ЕП и тоа доста силна од две манекенки кои беа сериозна пречка да не може да се следи раат дербито Франција - Германија од трибини.
Португалија на чело со Кристијано Роналдо ја започна одбараната на титулата во Будимпешта. Прекрасниот стадион „Ференц Пушкаш“ во унгарската престолнина крцаше како во убавите времиња пред пандемија.
На една од најпознатите улици на светот, Виа Деи Фиори во Рим каде што се наоѓа една од фан зоните за Евро-2020, на голем видео бим беа прикажани и навивачките на Македонија кои му дадоа убава нота на ова Европско.
Македонските навивачи кои според некои проценки ги има околу 4.000 на Европското, веќе имаат стаж од три - четири дена таму, па споделуваат корисни информации и совети за некој што ќе се реши да патува за мечот Македонија - Украина. Фрлете око.
Познат италијански инфлуенсер во северниот дел од Италија, собира македонска екипа на заедничко следење на деби настапот на нашата репрезентација на ЕП во туристичкото место Лидо ди Есоло. Резултатот не им се посреќи, ама барем виде како пееме и кога губиме, плус си доби ајвар и ракија. Домашни.
Лоши вести за македонските навивачи кои веќе се обезбедени со карти и превоз за третиот меч на македонската репрезентација кој го играме во Амстердам. Домаќините не нè примаат.
За време на четвртиот меч меѓу Визардс и Сиксерс во НБА плејофот еден гледач упадна на паркет па службите го совладаа. Ова е четврти испад на навивач во плејофот а слично е и во НФЛ.
Навивачката група „Лозари“ од Кавадарци на неверојатен начин го прослави 30-от роденден на групата. Точно во 22:10 часот навивачите на Тиквеш распалија бакљи и огномети а локалната ТВ РТК го пренесе спектаклот во живо.
Во ситуација кога љубителите на фудбалот од земјава се обидуваат да направат нацрт план како би требало да изгледа нивната екскурзија во Букурешт каде ќе игра македонската репрезентација, Владата назначи координативно тело кое би ги „олеснило“ тие обиди.
Во финале кое ќе се памети уште долги години, Виљареал празнува голема победа над Манчестер Јунајтед и највреден освоен трофеј во 98-годишната историја на клубот!
До стартот на Европското 2020 кое од познати причини ќе се игра во 2021, останаа нешто помалку од месец дена. Да ги погледнеме арените на кои летово ќе се игра најдобриот европски репрезентативен фудбал.