Самбата на Родриго пред гневните навивачи на Атлетико од друг агол
Пред големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал, се отвори голема дебата зошто капитенот на домашните, Коке изјави дека Винисиус Жуниор би можел да има неволја ако реши евентуален гол да слави како што слави со танц. А менаџерот Педро Браво рекол: „Во Шпанија ти треба да ги почитуваш ривалите и да не изигруваш мајмун“. На ова скокнаа сите Бразилци, се огласи и Нејмар, му дадоа поддршка на Винисиус.
Реал Мадрид со 1-2 го победи големиот градски ривал. Стрелци на головите беа Родриго и Федерико Валверде. Првиов танцуваше бразилска самба при прославата, а навивачите му се пуштија од трибините.