Прекрасна кореографија на Олимпико и грмотевици на химната на Рома

Рома под водство на Жозе Мурињо игра топло-ладно сезонава, исто како и лани. После 7 кола имаат 4 победи, 1 нерешена и 2 порази со гол разлика 8:7 и 13 освоени од можни 21 бод. Заостануваат 4 бода зад лидерот Наполи. Во неделата на мечот Рома - Аталанта (0-1) на ниво беа само навивачите на „волчицата“. Преку 70.000 грла ја викнаа клупската химна а трибините беа обоени во боите на Рома.

 

19 септември 2022 - 14:22