Одамна немало вака бурна сезона во шпанска Ла Лига како 2020/2021. До самиот финиш за титулата се бореа Атлетико, Реал и Барселона, па на коло до крајот во игра се само мадридските гиганти.
Во август 2020-та Израел и ОАЕ (Обединети Арапски Емирати) потпишаа историски договор за целосна нормализација на односите (кои никогаш не биле нормални). Во Тел Авив слета прв комерцијален лет на компанијата Etihad и следен чекор беше соработка во спортот.
„Поставивме стандарди недостижни за нашата сцена, и сето тоа во време на пандемија, ограничувања, забрани. Пронајдовме начини да бидеме живи, иницијативни, енергични, иновативни, креативни, да ја развиваме колективната свест“.
Ова е тоа што фали едно 14 месеци во фудбалот. Крикот на навивачите кога ќе падне гол, посебно волку важен и тоа на голманот на Ливерпул во 95-та минута кој ги одржа шансите за ЛШ. Побудалеа од радост.
На 6 мај 2001-ва, навивачите на Интер ја направија најголемата будалаштина на стадион. Веројатно револтирани од слабата сезона, со сиот памет запалија скутер и го фрлија на трибина. Клубот беше казнет со 30.000 евра и две кола без публика, а за среќа никој не настрада.
Пред да стане шампион на Англија со Челси во Премиер лига 2016/2017, шпанскиот лев бек Маркос Алонсо избегнал затворска казна за убиство без умисла на девојка му.
На две кола до крајот на сезоната, ФК Вардар има само теоретски шанси дека ќе се спаси. Но Комити, кои со месеци бијат битки, не се загрижени за опстанокот во лигата, туку упорно бараат одговори за опстанокот на клубот, кој се чини дека никој не сака да го обезбеди.
Навивачите на шпанскиот второлигаш Рајо Ваљекано кои важат за ултра левичари и чиј регион се прославил во борбата против армијата на Франко, по мечот со Албасете кој заврши 2:2, решиле да го дезинфицираат стадионот со разни средства.
По мечот меѓу македонскиот клуб Рокдејл Сити Санс кој е основан од македонската дијаспора во Австралија и Сиднеј Јунајтед, клуб близок на хрватската заедница, хрватски навивачи жестоко нападнале македонски фанови.
По бурните протести на навивачите на Арсенал против претседателот на клубот Американецот Кроенке, денес и навивачите на Манчестер Јунајтед жестоко протестираа против американскиот сопственик Глејзер.
По цели 30 години во елитната Бундеслига, Шалке 04 испаѓа во втора лига. После катастрофални резултати тимот од Гелзенкирхен заслужено се сели во понизок ранг, ама навивачите не го примија тоа добро и ги нападнаа фудбалерите кои се враќале од гостувањето кај Ариминија Билефелд (пораз 1:0).
Фразата „Студена зимска ноќ во Стоук“ еднаш ја искористи коментаторот Енди Греј и таа е синоним за традиционален фудбал, со пивце, гостување, воз, другари и песна. Далеку од комфорот и удобноста на топлите ВИП ложи каде се гоштеваат бизнисмените кои не го чувствуваат фудбалот со душа, па би да прават пари од него.
Навивачите на Челси жестоко протестираа против Суперлигата и бараа нивниот клуб веднаш да се повлече. Излегоа на улица со димни бомби и разни пароли од кои дел беа упатени кон Роман Абрамович, а на протестите се појави и Петр Чех.
Србија и Португалија одиграа супер натпревар со 4 гола во квалификациите за Светско првенство. Во последните секунди од мечот Кристијано Роналдо постигна чист гол, ама линискиот и главниот судија проценија дека капитенот на Србите Стефан Митровиќ навремено ја исфрлил топката во аут. Роналдо нервозно тргна да го напушта теренот, пцуеше и ја фрли капитенската лента на земја.
„Нашето наследство е чисто македонско и нашата култура е македонска“, рече во едно неодамнешно интервју Жак Груевски, кој е претседателот на Престон Лајонс, клуб формиран од македонски иселеници во 1947-ма.
Се работи за мечот РК Вардар - Караш Северин од Романија одигран на 26 март 2011-та кој Црвено-црните го добија со 28:22. Шоуто на Комити стартува на улица со кортео и пиротехника, а продолжува со пеколно темпо во ракометниот храм. Многу јако навивачко издание.
Навивачите на Лидс често одат од една во друга крајност со однесувањето, а тоа го имаат покажано неколку пати, барем кога се во прашање настапите на Џани. Овој пат гневот кон најомразениот клуб го истурија врз македонскиот репрезентативец кој сè уште е нивен член.
Црвена Ѕвезда имаше посета од девојче од Косово, голем фан на клубот, особено на голманот Милан Борјан. Се стопи и се изнаплака кога го виде, но успеа и таа него да го расплаче кога му ја отпеа најпознатата изворна македонска песна. Доста топла и емотивна средба која заврши со шутирање пенали.
Навивачката група „Комити“ денес во Скопје на прес-конференција даде отчет за акцијата која што ја започна пред неколку недели а која беше иницирана за привремена помош на фудбалскиот клуб.
Пред неколку дена грчката полиција добила повик за интервенција во предградието на Атина, Неа Смирни каде не се почитувале задолжителните здравствени мерки. Подоцна излезе видео на кое се гледа како припадници на полицијата брутално тепаат млад човек само затоа што не носел маска. Тоа ги разгневи граѓаните на Атина кои излегоа на протест.
Оваа пракса да се лупа огномет сред длабока ноќ пред хотелот каде престојуваат противничките играчи, се повтори и во Париз. На првиот меч во Барселона Каталонците палеа огномет за гостите да немаат мирен сон, а сега се реваншираа и Парижаните.