Во еден пријатен, релаксиран меч во 3. коло од Лига Нации, Црна Гора и Босна и Херцеговина одиграа 1:1 и си поделија по бод. Гостите поведоа, домаќините израмнија а хит на мечот беше прозивката на домашните навивачи до гостинските. Поради фактот што Босанците признаваат само бурек со месо и никаков друг, Црногорците ги зафркаваа.