Баерн Минхен ја доби дерби пресметката против Барселона, а германските навивачи испратија порака до УЕФА која се однесува на одложувањата на натпреварите поради смртта на Елизабета.
Минатиот викенд на меч меѓу Плитвице и Соколац кои се натпреваруваат во пониските хрватски лиги, некој навивач, веројатно презаситен од бакљи и топовски удари, реши да ги помести границите на навивачката сцена. Гранатата падна на само пар метри од играчите.
Со голот на ветеранот Дарио Бенедето во 65’ минута, Бока Јуниорс го доби дербито со Ривер Плјет во аргентинската Примера Дивизион. Со овој триумф тимот од Ла Бомобнера е на 4. место со 32 бода после 18 кола, само два бода зад лидерот Атлетико Тукуман. Ривер е шести со 29 бода.
Кога на крајот од јули Динамо Киев гостуваше во Истанбул во квалификациите за ЛШ, домаќините провоцираа со скандирања за Путин. Но на синоќешниот меч од ЛЕ им дојде памет и сфатија дека нема зошто да мешаат фудбал со болни теми за гостите. Напротив, навивачите победија на трибина, исто како и нивниот тим кој славеше 2:1 со гол во 92-ра минута. Алиоски беше стартер.
Навивачите на Ница и Келн не отидоа синоќа на стадион за да ги бодрат своите екипи, туку да водат војна. Еден навивач е избоден со нож, а друг паднал од трибини.
Вест Хем со пресврт и триумф од 3:1 над Стеауа Букурешт ја отвори европската сезона во Конференциската лига. Навивачите на свој начин и оддадоа почит на Кралицата Елизабета која почина синоќа на 96 години.
По три сезони во Париз и 38 постигнати голови, Мауро Икарди се пресели во Истанбул каде ќе го носи дресот на Галатасарај. Веројатно му објасниле добро како таму навивачите пречекуваат ѕвезди, бидејќи човек ова мора да го знае за да не се измоча во гаќи.
Фудбалерите на Динамо Загреб и Бед Блу Бојс дишат како едно. Синоќа имаа ноќ за паметење и гордеење која ја славеа заедно, а најдобар потсетник ќе им биде овој емотивен и извонредно изработен клип. Максимир експлодираше со преку 20.000 публика против големиот Челси.
Сè уште се раскажува анегдотата кога еден некогашен македонски репрезентативец бил на проба во белградски Партизан. На првото излегување на тренинг дошол со црвен шорц па тренерите му рекле моментално да се пресоблече зошто тие ни домати не јадат поради црвената боја на големиот градски ривал а не па шорцеви такви да носат. Слично е и со навивачите на Лион во Франција.
Евертон ремизираше 1-1 кај Лидс на гости а стрелец на голот за „карамелите“ беше најголемото изненадување сезонава, одличниот 21-годишен Ентони Гордон за кого Челси е спремен да даде преку 60 милиони фунти. По крајот од мечот Гордон отиде да го подари дресот кај навивачите, а еден од нив го испушти синот од раце само за да стигне до вредниот предмет.
На стадионот Пољуд, на пресметката Хајдук - Виљареал од плејофот во Конференциска лига, имаше убав избор на црвена боја. Секој со својот вкус, се разбира.
Македонските репрезентативци Џани Алиоски (Фенербахче) и Иван Тричковски (АЕК Ларнака) денес на ждрепката за групите во Лига Европа се паднаа во иста група, така што ќе гледаме мини-македонско дерби. Во оваа група е и Динамо Киев кој е во лоши односи со навивачите на Фенербахче.
Дефинитивно никаде на свет нема таква страст за фудбал како во Аргентина. Пазете, градско дерби меѓу Белграно и Институто, два второлигашки клуба од градот Кордоба. Коментаторот тргнува со најава на мечот и во еден момент вика: „Во времиња како овие, коментаторот треба да замолчи. Уживајте во неверојатната атмосфера“.
Во тоа 24. коло од Серија А на 15 февруѕари 2009-та се судрија Интер и Милан во градското дерби кое никогаш претходно и никогаш после не видело такви состави. Трибините крцаа, прекрасни кореографии на двете страни а на терен страшни состави.
На три месеци до Мундијалот во Катар, некои дечки веќе почнаа да се загреваат, а генералната проба ја одржаа во домашна атмосфера. Со бајраци, тапани, па дури и пехарот доделија на крај. Какви цареви, сите сте вие за пехар. Вака се живее.
Девет години без титула во Премиер лига, седум тренерски смени после заминувањето на незаменливниот Ферги. Со осмиот почнаа вака: Манчестер Јунајтед - Брајтон 1:2 и Брентфорд - Манчестер Јунајтед 4:0. Бедотија отсликана во клип од 8 секунди.