Лозари се мобилизираат за финалето во Скопје и сонуваат за прв трофеј
Тиквеш и Воска Спорт се екипите кои вечерва со почеток од 19 часот на Градски во Скопје ќе се соочат во 31-то финале од Купот на Македонија. Лозари се загреваат уште од синоќа и најавија голема поддршка во битката за нивниот прв пехар во клупската историја и можноста за прв пат да излезат во Европа.