Навивачи

Парфемиран дрес за вас госпоѓо од ѕвездата на Дортмунд

Борусија Дортмунд растура на стартот на новата сезона па по триумфот во Купот на Германија против Минхен 1860 на гости, забележа две победи во Бундеслига против Баер Леверкузен и Фрајбург.

Иско пречекан во Севиља ко Тито во Либија

Големата надеж на Реал Мадрид кој со „кралскиот клуб“ освои неколку шампионски трофеи во Лига на шампиони, во Ла Лига, во шпанскиот Копа дел Реј, но во последните две сезони беше подзаборавен на клупата за резерви, реши да смени средина за да игра повеќе. Се реши за Севиља а навивачите на стадионот „Санчез Писхуан“ го пречкаа величествено.

Стара добра најава за Серија А од времето која ја изнасмеела цела Италија

Новата сезона во италијанското калчо ќе започне викендов. Шампионот Милан одбраната на скудетото ќе ја започне со Удинезе на „Сан Сиро“. Интер гостува кај Лече, Мурињо со екстра засилувања ќе отвори во Салерно а Јувентус го пречекува Сасуоло. Еве една интересна најава за Серија А уште од времето.

Ете кај лежи зајакот на „Олд Трафорд“

Акциите на Манчестер Јунајтед првпат на слободен пазар се појавиле во 1990-та година. Во 2003-та американскиот бизнисмен Малколм Глејзер со неговите браќа купува 3,17% од акциите. Со текот на годините тој само ја засилувал контролата а на 14 јуни 2005-та завладеа со дури 98% од акциите.

Јас на стадион најмногу уживам во сладолед на стапче

Ама друг пат голем корнет ќе си земам, уствари во чашка. Не за друго, кој ќе се објаснува со другарите. Снимаат и ти вадат муабет.

Нов неверојатен пречек на навивачите на Рома за Вајналдум

После шоуто со Дибала кој имаше кралевски пречек од тифозите на Рома и Џини Вајналдум на аеродром, сега Холанѓанецот на претставување на новиот тим на „Олимпико“ беше примен со песна во негов ритам.

Таа што ќе те чека како навивачите на Рома, е таа е права

По неверојатниот пречек на новото засилување Пауло Дибала кој дојде од Јувентус, тифозите на Рома синоќа го пречекаа и холандскиот репрезентативец Џеорџино Џини Вајналдум. Мурињо прави сериозна екипа, а навивачите сонуваат борба за скудето.

Навивачите на Шкендија во Шведска со транспарент: „Косово е Албанија“

Тетовска Шкендија успеа да извлече одличен резултат 1:1 на гостување против големиот фаворит АИК од Шведска. Македонскиот тим поведе многу рано, уште во 26’ секунда со голот на Ферхан „Буба“ Хасани кој искористи една кардинална грешка на домашните фудбалери.

Навивачи на Фенербахче скандираа за Владимир Путин на меч против Динамо Киев

Навивачите на Фенербахче ги провоцираа симпатизерите, фудбалерите и стручниот штаб на украинскиот Динамо Киев во рамки од квалификациите за Лига на шампиони.

Навивачите на Шкупи одново ширеа омраза

Откако на првиот натпревар во Загреб навивачите на Динамо и на Шкупи, Бед Блу Бојс и Шверцери скандираа погрдно на сметка на Србите, иста сцена следуваше и на реваншот одигран во Скопје. И двата инциденти останаа незабележани од УЕФА, барем за сега.

Адеми и Ристовски се сретнаа со најголемиот навивач на Динамо од земјата кој доби дрес со посвета

По освоената титула во хрватската првенство, Динамо Загреб сега јуриша на нов пласман во групна фаза на некој од европските турнири. Вечерва во Скопје „модрите“ играат реванш меч против шампионот на Македонија, Шкупи, од 21 часот на арена „Тодор Проески“.

Навивачко беснило во Ријека, Армада нападнала шведски навивачи

Во пресрет на квалификацискиот меч од Лига Конференции меѓу Ријека и Дјургарден, хрватските навивачи нападнале гости кои седеле во локалите во самиот центар на градот. Ова е веќе четврт инцидент на Балканот од почетокот на еврокуповите по оние во Загреб, Тирана и Софија.

ОВК знаме на меч од Лига на шампиони, парола за Цуфи Кока, УЕФА ни да зуцне

За време на натпреварот Динамо Загреб - Шкупи во рамки на 2. квалификациско коло за Лига на шампиони, гостинските навивачи на „Максимир“ мавтаа со знаме на терористичката ОВК.

Прв и последен пат те носам на стадион

Можеше да се стрпиш до полувреме, да му се сневиди.

Неверојатни сцени од Бомбонера, пукна дел од жестоката трибина

Ла Бомбонера е најкултен стадион на светот. Атмосферата која што таму ја прават навивачите на Бока е приказна за себе. Но стадионот очигледно е веќе дотраен и му треба реновирање, ако не и целосна реконструкција. На толку грмотевици трибините веќе не издржуваат.

Жесток судир и прекин на мечот Лехија Гдањск - Академија Пандев

Македонскиот вицешампион Академија Пандев убедливо со 4-1 изгуби од полска Лехија Гдањск во првото коло од квалификациите за Лига Конференции и е на прагот од рано испаѓање и елиминација од еврокупови.

Ди Марија манија меѓу навивачите на Јуве

Најтрофејниот италијански клуб го доби првото големо засилување ова лето. Во Торино слета Анхел Ди Марија од ПСЖ како слободен играч за годишна плата од 7 милиони евра. Навивачите беа во транс кога пристигна аргентинската звезда. Следен е Погба.

Маскирани хулигани во Љубљана избркаа поранешен играч на Ливерпул од промоција

Олимпија Љубљана веќе неколку години не може да го најде правиот пат до успехот. Менуваат управи, тренери, сопственици и пак ништо. Сега после само три месеци откако го доведоа, решија да го избркаат легендарниот Роберт Просинечки и на негово место за нов тренер да го постават Шпанецот Алберт Риера кој на времето играше во Ливерпул.

Фанови на СД Вардар: Самсоненко ни остави две титули во ЛШ и пласман во ЛЕ во фудбал, но ги запусти двата клуба долгорочно

РК Вардар нема никаква реакција до јавноста за егзодусот кој му се случи на европска сцена, па како и во сите претходни тешки мигови за клубот, со свој став се изјаснуваат нивните најверни навивачи. Прстот го вперуваат на две страни.

12 километарската баклијада на Комити снимена со дрон

Скопје на почетокот на овој месец беше сведок на фешта каква што до сега не направила ниту една друга навивачка група. За 35 години од формирањето на Комити, 75 години Вардар и 5 години од освојувањето на ЛШ, реката Вардар светеше со 500 факели од мостот Близнак во Хром до Ново Лисиче.

На Светско првенство во Катар ќе нема трте-мрте, за прекршоци се лежи и 7 години затвор

Мундијалот во Катар, прв во овој дел од светот и прв во историјата кој ќе се игра во ноември поради огромните температури преку лето, ќе биде чуден за многу навивачи кои ќе допатуваат да ги бодрат своите земји.

Тунис, на стадион

Во големото дерби од туниската лига меѓу Есперанс Тунис и Клуб Африкан, домаќините победија 3-1 и се први на табела. Домашните навивачи направија атмосфера својствена само за Тунис, Мароко и Египет.

Ултрасите на Тотенхем во 70-те

Да не ги сретне човек овие страшила преку ден, а па навечер никако.

Полски навивачи се млатеа меѓу себе на трибина

Можеби прво ќе ви избега погледот кај тие двајцата во црно кои имаат обид за тепачка на ограда. Баталете ги, не успеаа ни еднаш да се погодат. Дилемата ни е следна: Што е со тој глупиот со црното капче, што јаде боксови во тил и упорно не се врти да врати?