Offside

„Ја имав само таа дилема дали да и кажам на групата или не. Но на крајот од краиштата тие ми се како семејство и тоа им соопштив. Никогаш нема да заборавам како реагираа, многу сум среќен што работам со ваква екипа. Затоа никогаш нема да го заборавам овој ден. Горд сум на својот тим, на играчите, на управата, на претседателот“, рекол Ханси Флик.

„Јас дете од Маџир Маало, преку Скопје и Белград стигнав да играм против Пеле во Рио“

„Да кажеш дека си играл на Маракана, тоа е исто како Монт Еверест, нема повеќе, тоа е“, ќе каже покоен Кирил Дојчиновски. „Не очекував дека ќе бидам стартер, но одеднаш ми го прочитаа името. Се наежив“, рече Методија Спасовски.

Среќен роденден, Јута Лердам

Холандската лизгачка Јута Лердам, петкратна Светска шампионка, сребрен медал од Зимските Олимписки Игри 2022, трикратен европски првак и повеќекратна шампионка во јуниорска категорија денес на 30. декември слави 24 години. Важи за најубавата спортистка во Холандија, и пошироко.

Соло лудорија на Колашинац ала Пеле

Нека го видат Французите од неколку агли мајсторлуков на Сеад Колашинац, па нека размислат добро кој гол ќе го прогласат за број 1 во 2022-ра. Марсеј го потопи Тулуз со 6:1, а Босанецот одигра во напад нешто необично за дефанзивец играч. Ова ќе му биде гол на кариерата.

Пеле раскажува за мундијалските искуства, Мурињо не трепка

Гостувањето на великанот во БиБиСи е во 2005-та. Објаснува како првото Светско на 17 години му било како сон кој не може да го заборави и дека не очекувал да го освои. Последниот Мундијал му бил најтежок, бидејќи чувствувал голема одговорност што сите очекуваат од него.

Никогаш не го сакал прекарот Пеле, подраго му било Едсон од Томас Едисон

На 82 години после долго боледување во Сао Пауло почина легендарниот Бразилец кого цел свет го знае по краткото и симпатично име Пеле. Но зошто од Едсон Арантес ду Насименто го завикале Пеле?

Единствениот Македонец кој дал гол на Маракана против Бразил и Пеле

На 17 декември 1968-ма, Бразил на пријателска средба ја пречекува Југославија на која репрезентативно деби има вардаровата легенда, Методија Спасовски. Ама деби од соништата со какво што не може да се пофали друг Македонец. Против Бразил, на легендарната Маракана која крцала со 150.000 гледачи, а за противник на терен го има Пеле. Како поминува?

Сите најголеми рекорди на Пеле во кариерата: хет-трикови, асистенции, голови на Светско

Годината заврши со веста за заминување на еден од најголемите на сите времиња, ако не и најголемиот. Бразилецот Пеле во четвртокот вечер на 29-ти декември се збогува од овој свет. Ќе се паметат сите негови рекорди и остварувања.

Како Пеле го измести Бекенбауер и го легна на земја

Дуелот меѓу двајцата великани е одигран во 1968-ма. Двајца се обидуваат да му ја земат на Пеле, но ќе поминат многу лошо. Прво Франц Бекенбауер кој е со број 5, а потоа и другиот. За нивна среќа, ги извади голманот.

На 82 години се одјави големиот Пеле

После тешко боледување и откако со години страдаше од сериозни здравствени проблеми, Пеле во 3:27 часот напладне по локално време починал во болница во Сао Пауло каде бил хоспитализиран поради влошување на состојбата.

Побарај ја со ВАР

Овој решил да ја побара девојка му за жена во стилот на Нејмар.

„Намерно доби два жолти и црвен за една минута, за да не игра после Нова година“

Додека Лео Меси е на најзаслужен одмор по триумфот на Светско првенство, Нејмар и Мбапе веќе се фатија со клупски фудбал. Првпат по паузата, ПСЖ го пречека Стразбур и едвај го совлада со 2:1 со гол од пенал во судиско продолжение.

Во рок од три дена Индонезија нуди и втор кандидат за утка на годината

Само што го затворија конкурсот за најголемо промашување на 2022-ра, пак го отворија самите. Прво против Брунеи што би требало да се прогласи за утка број 1 на годината, а потоа и против Тајланд. Селекторот на колена падна и плус мечот заврши 1:1.

Каков Ленс, во сабота ќе се глави за дочек на Нова година

Не дека сугерираме со насловот, ама познат е дечкото по забави и непојавување на тренинг поради карневал во Бразил, роденден кај сестра му и слични неоправдани отсуства на работа. Твитерџиите со право го дупчат. 

Запознајте ги братучедите Роналдо и Меси кои сонуваат да заиграат за Хрватска

Двете врвни фудбалски имиња до толку создадоа култ во светот во изминативе 15 години, што деца крстат по нив. И тоа комплетно со се име и презиме.

Девет години од страшниот пад на Шумахер - каква му е сега состојбата?

Дваесет и деветти декември е жален датум за секој љубител и навивач на седумкратниот шампион од Формула 1 Михаел Шумахер кој на овој ден пред девет години доживеа тешка повреда при пад на скијање на француските Алпи.

Знамето на Џенова среде море поради кое се стигнало на суд

Ривалството меѓу најстариот клуб во Италија, Џенова, и нивниот градски ривал Сампдорија, датира многу одамна. Во реонот Бокадасе во Џенова, во морето скоро 50 години се веело знаме на фудбалскиот клуб Џенова.

Најдобрите стрелци во Премиер лига 2009 vs 2022

Ако на некој не му е јасно што значи тоа поместување граници во фудбалот, нека обрне внимание на следнава споредба. Како изгледа топ листата на стрелци во Премиер лигата после завршувањето на сезоната 2008/2009 и како изгледа сега, кога не е ниту до пола.

Голема гужва на меч во НБА, Вагнер сам влезе во неволја

На дуелот кој Детроит Пистонс го доби против Орландо 121:101, за малку не изби голема масовна тепачка. Пред крајот на вториот период, германскиот репрезентативец кој играше на Европско првенство изминатово лето, Мориц Вагнер го оттурна Килијан Хејнс кој после го нападна со соиграчите.

Никој како Халанд во Премиер лигата, 14 меча - 20 гола

Норвешкиот бомбардер постави нов рекорд во Премиер лигата на кој може да му подзавидат голгетеришта како Алан Ширер, Тиери Анри, Ван Нистелрој, Серхио Агуеро, Хари Кејн, Мохамед Салах, Луиз Суарез или во превод буквално сите од формирањето на лигата. Во моментов има повеќе голови од половина екипи во лигата. Нереално.

Нов делириум на Јокиќ, броеше до 40

Лука Дончиќ и Никола Јокиќ играат во транс. Откако словенечкиот ас блескаше со астрономски 60 поени, највисоки во неговата НБА кариера пред две вечери, синоќа Никола Јокиќ на мечот кој неговиот Денвер го загуби 127:126, постигна дури 40 поени со седум скока и шест асистенции, една блокада и една украдена топка.

Вокер се истепа со камерата

Манчестер Сити почна победнички после Светското со триумф од 1:3 против Лидс на гости. Имаме две циркузантски сцени од мечот. Кајл Вокер со камерата и Пеп Гвардиола со шишето.

Лео, врати си се ти во Париз со време

За Меси после Светското нема дерман во родната Аргентина. Откако доби продолжен одмор по големиот триумф на Мундијалот, Меси неколку дена е во роден Росарио. Тргнал синоќа да оди на 15-ти роденден кај внука, со жена му Антонела и трите деца. Комшиите дознале па уште малку да му влезат во џипот.

Пеп рогна шише па потрча да се извини во Лидс

Можеби намерата не му беше толку далеку да го шутне шишето во момент на нервоза, па кога виде дека заврши на противничка клупа, тргна да се извини коректно. На крај неговиот тим славеше 1:3 на гости кај Лидс Јунајтед и ја продолжи потрагата по првопласираниот Арсенал.

Брилијантни дриблинзи на Нејмар кој заврши со црвен за симулирање

Уште во првата партија после Светското, ново блесаво издание на Нејмар кој од една страна се истакнува со бразилски мајстории, а потоа се глупира и добива два жолти картони за две минути. Вториот откако се обиде да изглуми пенал.