Offside

Сезоната 2026/2027 ќе брои пет шпански претставници во Лига на шампиони. Работата ја заврши Рајо Ваљекано, а најмногу се радува Бетис.

Левандовски ти е роден шампион

573 гола за клуб и 78 за репрезентација. Има ли напаѓач во светот кои не би ги посакал овие бројки или има ли тренер кој не би го посакал Роберт во тим и на 34 години? Знаете ли кој е прв стрелец во Ла Лига сезонава? Роберт Левандовски со 23 комада. Пазете го ова. Девет сезони по ред го крева пехарот, оној за кој е потребна макотрпна работа во текот на цела година. 12 од 14. Каква кариера има овој човек.

Роналдињо дошол во Замбија и направил шоу

На ревијален натпревар меѓу фудбалери од Замбија и ветераните на Барселона, на стадионот „Херои“ во оваа африканска земја дошле околу 55.000 гледачи. Пред мечот фудбалерите ги поздравил претседателот Хакаинде Хичилема, а Роналдињо го продолжил шоуто. На 43 години уште го има феноменалниот дриблинг.

Ѓоковиќ стигна и тренираше на Шатрие, објавени се и коефицентите за фаворити

Светскиот рекет број 3 во моментов, двократен шампион на Ролан Гарос стигнал денес во Париз и тренирал околу два часа на култниот Филип-Шатрие. Ѓоковиќ во недела го очекува дуел од првата рунда на Ролан Гарос против 24-годишниот Александар Ковачевиќ кој е роден во Њујорк и игра за САД.

Проблематичната скала на Сан Сиро

Или Џузепе Меаца, како сакате. Сепак се работи за истиот стадион на кој навивачите и на двете екипи го имаат истиот проблем. Некој па немал попаметна работа, па фатил да снима за да докаже.

Омилениот гол на Халанд во Премиер лигата

35 меча - 36 гола во Премиер лига, што е рекорд и тоа на дебито во Премиер лигата. Ако се бројат од сите натпреварувања излегуваат 52 на 51 средба. Го прашаа кој му е омилен.

Нов македонски дрес во колекцијата на Ѓоковиќ

Еден од најверните навивачи на македонската репрезентација во фудбал, кошарка, ракомет, ватерполо...знае многу добро кого да дарува и со тоа да го испромовира нашиот национален тим и општо Македонија. Кој друг ако не Кипре.

Многу оригинален подарок добил Милнер од вработените на Енфилд Роуд

Ветеранот кој на 37 години го одигра последниот, проштален натпревар пред навивачите на „Енфилд Роуд“, добил многу интересен и необичен подарок од вработените на стадионот и задолжените за одржување на теренот. Парче тревник од белата точка на култниот стадион и му напишале во честитката: „За Џејмс, после 8 години како ја уништуваше нашата бела точка! Сега е време ти лично да се погрижиш за неа! Многу среќа во иднина, тимот на Енфилд Роуд“

Легендата Мортен Гамст Педерсен направи мајсторија од корна

Четириесет и едно годишниот норвешки ветеран кој на времето важеше за најталентиран фудбалер од оваа земја, а стана клупска легенда на англиски Блекбурн Роверс, сега игра во норвешкиот второлигаш Ранхајм. На дуел од тамошниот Куп против нисколигашот Вердал Педерсен покажал дека класата е вечна.

Еврогол од корнер во финалето на Купот на Србија

Чукарички поведе со 0-1 против Црвена звезда на стадионот „Рајко Митиќ“ во големото финале на српскиот Куп по фантастичниот гол на капитенот на гостите Марко Доциќ директно од корнер. До крајот на мечот црвено-белите кои играа пред своите навивачи направија пресврт и со два гола на Александар Пешиќ стигнаа до Куп трофејот и двојна круна во домашните натпреварувања. Црвена звезда во новата сезона ќе игра директно во групна фаза на Лига на шампиони.

Се спрема ли историски пресврт во НБА? Бостон намали на 2:3 со Мајами

Откако Мајами Хит поведе со убедливи и речиси недостижни 3:0 во финалето на Истокот, сите ги видоа Џими Батлер и другарите во ново големо НБА финале каде ги чека Денвер. Сите освен Бостон.

Тиери Анри ги дрибла и сред емисија

Тоа, е фудбалот му е доручек, ручек и вечера. Човекот просто ужива во стручните коментари по разни тв станици. Сега на еден француски репортер му ја протна топката низ нозе и направи смешна реакција.

Како изгледал скаутингот за Јокиќ кога бил избран во НБА?

Проценките се ужасно лоши, посебно ако се земе предвид што им прави на Американците изминативе три сезони. Го опишале како просечен спортист.

Пред пет години падна еден од најјаките голови во финале на ЛШ

Киев, 26 мај 2018. Реал под водство на Зидан брка хет-трик во Лига на шампиони. Прво во финале паѓа Атлетико Мадрид, па Јувентус и на крај Ливерпул со 3:1. Дечкото кој на моменти повеќе му се посветуваше на голфот откако на фудбалот и кој никогаш не стана миленик на навивачите во Мадрид, направи потег по кој Зидан се држеше за глава.

Специјалистот за Куп и Супер трофеи се вика Симоне Инѕаги

Како играч секогаш во сенка на брат му Пипо, но како тренер приказната е сосема поинаква. Кој би рекол дека сезонава ќе ги вкрсти копјата во финале на ЛШ?

Најнепосетеното фудбалско финале сезонава го имаат Бугарите

Лудогорец ја совлада ЦСКА со 3:1 во финалето на бугарскиот Куп и стигна до првиот ваков трофеј по пауза од 9 години и трет во историјата. На трибини двајца без тројца.

Автогол на сезоната од кој боли образ и зуе уво

Несреќа во Купот на Литванија. Да не знаеш кого повеќе да жалиш.

Роџер Федерер со анегдота за просечен љубител на спорт во САД

Четириесет и едно годишниот велемајстор и легенда на белиот спорт кој освои 20 Гренд слем трофеи, слободното време по крајот на кариерата го користи за шетање и забава по друштвените мрежи. Во еден твит раскажа интересна анегдота.

Њукасл ќе игра во Лига на шампиони после 21 година, каков им беше претходниот настап?

Благодарение на ремито 0:0 со Лестер, Њукасл и официјално и теоретски обезбеди пласман во групна фаза од Лига на шампиони. Првпат ќе играат еврокуп од сезоната 2003/2004 кога испаднаа во баражот од белградски Партизан на пенали на својот стадион.

Забавната страна на НБА финалистот Никола

Кевин Дурант за него изјави дека ќе стане еден од најдобрите центри што некогаш допрел баскет, а Леброн го нарече ѕвер и рече дека е посебен. А тоа е едно така едноставно и скромно момче, што сака да јава коњи и да се забавува под кошевите. 

Најјакото голчиште кое го прими Сити сезонава го даде 19 годишен Парагваец

Шампионот на Англија си дозволи реми 1:1 против Брајтон, кој пак со овој бод и математички го обезбеди учеството во Лига Европа, на едно коло од крајот на сезоната во Премиер лигата. Обрнете внимание на шутот на Хулио Енсисо, роден 2004-та. Страшен гол му даде на финалистот во ЛШ.

Тренер во Јапонија не го играл Иниеста, Андрес во солзи си заминува

Некогашниот најдобар фудбалер од среден ред на светот, човек кој во 2010-та со златен гол ѝ донесе светска шампионска титула на Шпанија со која освои и Европско првенство и жива легенда на Барселона, пет години е во јапонскиот Висел Кобе.

Цел Бернабеу му даде поддршка на Винисиус, од играчи до навивачи

Со головите на Бензема и Родриго, Реал Мадрид го совлада Рајо Ваљекано 2:1 во 36. коло од Ла Лига. Мечот мина во знак на Винисиус кој седеше во ложа.

Го искрши рекетот од судиско столче па прекинаа меч

На тенискиот турнир во Лион се случи не баш често виден инцидент. На мечот меѓу Микел Имер и Французинот Филс, овој првиот, 24-годишен тенисер роден во Шведска од родители од Етиопија, направи невиден скандал. Откако по еден загубен поен почна налудничаво да го удира рекетот од судиското столче, главниот судија го прекина мечот во корист на Филс при резултат 6-5 во првиот сет.

Убиствен инстинкт на Лаутаро Мартинез кој му донесе нов трофеј на Интер

И покрај тоа што делуваше млитаво и несигурно на Мундијалот, аргентинскиот напаѓач сепак одигра одлична клупска сезона и со помош на неговите два гола од кои еден мајсторски, Интер го освои Купот на Италија.