Offside

Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.

Сириецот од Динамо Дрезден кој слави два родендени

Иако организацијата на германскиот фудбал и надлежните служби за мигрантите кои доаѓаат во оваа земја се познати како беспрекорни, еден случај со фудбалер на Динамо Дрезден ја збуни јавноста.

Осврт на единаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Со 11 коло од Бизнис Лигата на Македонија започна и пролетниот дел, во кое беа одиграни 9 натпревари, а за екипа на колото е прогладена Пекабеско.

На 35 години не е само Ибра во топ форма

Го следите ли Давид Виља во САД? Дечкото во 2016-та изгази за Њујорк Сити, постигна 22 гола и ја освои наградата за МВП играч на сезоната. Сите негови најдобри потези и голови од минатата година се спакувани во едно видео.

Падот на Клаудио Раниери во Лестер

Во една евидентна ситуација во која се гледа дека Лестер не е истиот без Канте, а Марез и Варди заедно не можат да стигнат до двоцифрен број на голови, управата на клубот не мрдна со мал прст на трансфер пазарот и се реши за најлесниот потег кога се лоши резултатите. Отказ за тренерот.

Борусија Менхенгладбах по негатива од 2:0 броеше до 4 во Фиренца

По елиминациите на Зенит и Атлетик Билбао, уште две изненадуваа се случија на вечерашните реванш средби во Лига Европа. Борусија со пресврт ја потопи Фиорентина, а Тотенхем се посрамоти со Гент. Селта со пенал во 90-та минута се избори за продолженија.

Зенит во 90-та минута остана без осминафинале, Баскијците изгореа на Кипар

Олимпијакос, АПОЕЛ, Ајакс, Бешикташ, Рома и Андерлехт се изборија за топ 16 фазата во Лига Европа. Зенит имаше 3:0 за осминафинале, но одбраната им попушти во финишот, а изненадување направи и Апоел откако ја анулираше предноста на Атлетик Билбао.

Што има во англиска шеста лига никаде нема

Во судиско продолжение: 3 гола, пенал и црвен картон за тотален пресврт во две минути. Дуелот е од шестата англиска дивизија а победник е домаќинот Бат Сити.

Еден од најлудачките голови во кариерата на Роберто Карлос

Во идентична ваква ситуација сите други фудбалери би се обиделе да ја нафрлат топката во шеснаесетник. На денешен ден пред точно 19 години против Тенерифе, бекот на Реал Мадрид имал други планови.

Кошмарот во Неапол низ кој поминал Фабио Кваљарела

Роден е во Неапол и животна желба на италијанскиот репрезентативец му била да игра за тимот од родниот град. Не само што заигра туку и даваше важни голови за пласман во Европа, но никој не знаел дека надвор од теренот поминува низ пекол со морбидни писма за педофилија и уцени.

Јувентус по примерот на Реал, Барса и Милан кои со навала од петмина станаа шампиони

Масимилијано Алегри синоќа во Порто играше офанзивно со Пјаниќ, Квадрадо, Дибала, Манџукиќ и Игуаин во прв состав. Храбар потег за гостување во нокаут фаза од ЛШ, но и исплатлив за големите екипи кои знаат како до европскиот пехар.

Најновите поетски стихови на Златко Калински

Со породилни маки Арсенал успеа да изедначи против Баерн Минхен, рече Калински за време на осминафиналниот дуел од ЛШ минатата недела. Синоќа ја коментираше Порто - Јувентус со што ја надополни Фејсбук страницата која прави компилација од неговите легендарни коментари.

Најсмешниот нордиски скијач на сите времиња

На Светското првенство во нордиско скијање во финскиот град Лахти, натпреварувачот Адриан Солано од Венецуела ги изнасмеа сите присутни затоа што делуваше како Чарли Чаплин на скии.

Меси запознај си го наследникот

Барселона славеше 4:1 против Борусија Дортмунд во осминафиналето од младинската Лига на шампиони, а голот на сезоната го постигна 17 годишниот Жорди Мбоула кој им го помати умот на двајца гостински играчи.

ЕЛЕМ и Аџибадем Систина ги поделија бодовите

Екипите на НЛБ Банка и Гранит со пресврти славеа победи во третиот ден од 11. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Андора лудо ја прослави првата победа после Македонија

Фудбалерите на Андора синоќа ја прекинаа серијата од 86 меча и дури 4.515 дена (12 години и 4 месеци) без победа и славеа абнормално еуфорично. Не е на одмет да потсетиме дека последен пат ја победија Македонија со 1:0 во 2004-та.

Икер Касиљас во маало е познат како Википедија

Го прашуваат Икер што направи Реал Мадрид против Атлетик Билбао на 6 октомври 2001-ва, а тој одговара: тепавме 2:0, мислам дека стрелци беа Салгадо и Солари. Во опуштена атмосфера пред тренинг во друштво на Јеро, луѓево ја тестираат меморијата на тогашниот голман на Реал Мадрид и го бомбардираат со прашања, а тој им докажува дека ги памети сите натпревари на кој настапил. Епа нема појак.

Јувентус рутински, Лестер уште е жив

На резервистите Марко Пјаца и Дани Алвеш им требаше само две минути да му донесат на Јуве голема победа кај Порто кој играше со играч помалку поради идиотлукот на Тељес кој доби два жолти за две минути. Варди со втор гол после 27 меча.

Килиан Мбапè - Наследникот на Анри што ја воодушеви Европа

И покрај тоа што го барале најголемите европски клубови, родителите на малиот Килиан решиле дека најдобро за него е да остане во земјата затоа што било прерано да замине во странство и го одбиле Зинедин Зидан за во Реал Мадрид.

Сане му должи 34.200 евра на малерот на сезоната

Обложувач во Дизелдорф синоќа уплатил тикет со два точни резултати: Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид 2:4 и Манчестер Сити - Монако 4:3, но во 82 минута Сане на Етихад ги постави конечните 5:3, а малериштево само тој си знае како му било.

Исповед на жена судија во селскиот фудбал во Србија

Која е најлошата пцовка која сум ја чула за мене? Подобро знамето да си го бутнеш во...Тоа не е пцовка која ти излетува во афект, туку такво нешто мора да смислиш, што значи треба да ти помине низ неколку филтри во мозокот.

Загревањето е мајка на знаењето

Атлетико со 4-2 го победи Баер во Леверкузен а еден од головите даде Торес кој уште на загревањето пред мечот покажа што може да направи.

Како чичко Тони Надал направи шампион од Рафа

Кога го видел 3-годишниот внук Рафа дека од сите играчки најмногу го сака рекетот, братот на татко му на Надал, Тони одлучил целосно да се посвети на воспитувањето и тениските тренинзи на малиот кој стана непобедлив светски шампион и освои сè.

Натпреварот кој тежи 4 победи (една против Македонија) и 257 порази

На нешто повеќе од два часа пред вечерашните средби во ЛШ, ќе се сретнат две земји кои заедно имаат околу 120.000 жители и традиција за фудбал колку што ние имаме за тенис и пинг понг.