Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

A сега за една важна машка тема

Дечкото признава дека е можно дека за ова размислува премногу. Ама е можно и дека не размислува доволно. Секој да си размисли (за себе, немојте на меил за тоа).

Апдејт: Пластичните кеси и не се така штетни за околината

Ситуацијата е вонредно комплицирана, бидејќи пластичните кеси остануваат штетни, ама не толку штетни на пример како памучните торби или торбите за повеќе користења. Ама за ова да држи треба да се земе предвид која кеса / торба колку пати ќе биде искористена, и на крај што ќе се направи со неа, а и тогаш ќе треба малку штимање на равенката за да добиеш некој резултат.

Мис Стон пута илјада

Конзервативниот кандидат за претседател на Иран, Мохсен Резаеаи, има „веќе виден“ ама набилдан план за решавање на иранските економски проблеми. Со активно учество на Американците. Да киднапираат едно илјада комада и после да бараат пари. Јане Сандански би рекол, брат, многу малтретирање ти е тоа.

Секој познава некого како Марија

Задачата е да се процени интелигенцијата на другите во групата. Eдна од нив, Марија, вербално многу вешто, рационално и убедливо образложи зошто го смета Тајлер за најглуп. А потоа доаѓа вистинското рангирање.

Некој озбилно нè дупи

Погледнете колку и кринџ и монтипајтоновски изгледа ова Г7 видео. Како да не помислите дека некои од оние стварно моќните, уствари се имаат кладено (за симболична цена од еден долар) дека ќе ги натераат сите јавно познати големи фаци еден ден да се поздравуваат со лакти, како некои глупи?

Џандари, шарајте малку

Ќе се појават ли кај нас полицајци кои ќе се занимаваат со вакви ситуации, или сите ќе продолжат да кмишат со радари по сите можни патишта и автопатишта во земјава? Ние би станале полицајци само за да можеме по цели денови да ги пеналиме баш ваквите, најпаметните. Погледнете само какво убаво чувство за правда раѓа оваа полициска интервенција.

Јапонија има талент

На македонски натпревар за таленти, некој би свирел на шуплива тиква, некој би правел трикови со карти и сè ок. На јапонски, ти излегува нешто вакво и не знаеш дали да догледаш за да ја сфатиш финтата или да фаќаш магла дур е време.

Оди па објасни дома

На неброени метри квадратни, на неброени возила, на неборени милиони народ треба да си уникатен тип на баксуз ова на тебе да ти се случи. Снимката е од Мумбаи по неодамнешните обемни врнежи на дожд.

Френк Запа: Како ме одраа Ленон и Јоко

Запа раскажува како му е дрпната песната Кинг- Конг откако ја отсвириле на негов концерт ( а и пуста Јоко се качила на сцена, оти без неа свирка не бидува), но е мастрален со каква луцидност го затепа корпоративниот менталитет на МТВ. Дражесен момент и е самото запознавање на Запа и Ленон, кога Ленон му рекол дека не е грд како што мислел, по што Запа се посомневал во диоптерот на Ленон, пошто вика дека тој секогаш бил грд колку што може да се биде грд.  

Кинески татко на денот

Тежината што Гаокао испитот (кинескиот приемен за на факултет) го има во одредување на животот на Кинезите до сега е опишана на долго и на широко, меѓутоа речиси и да не постои текст кој може така успешно да го долови пеколот на овие три дена полагање како татко на средношколец што полага кој со сатар ги брка колите што свират на улица пред училиштето.

Јапанци!

Јапонски производител на сладолед на видео ги вади целиот свој менаџмент и вработени во знак на официјално извинување до сите свои муштерии за гревот што после 25 години морале да го поскапат сладоледот од 60 јени на 70 јени (од 28 на 32 денари).

10 песни инспирирани од Лондон

На ваков наслов ние би трзнале на химничната London Calling на Клеш, на меланхолијата на ‘A Rainy Night In Soho’ од Пoугс и евентуално на Џем. Ама има уште, и тоа добри. Напомена: „Hong Kong Garden“ na Сијукси ен д Баншис не е грешка, инспирирана е од ќумез за брза кинеска храна од лондонското предградие Чизлхрст.

Зошто бе затераа во овој правец?

Сè што треба да знаете за нумерата „Кокаина“ е содржано во еден Јутјуб коментар: "Доста ставате хејт коментари, не можу сви да ги лајкну“.

Камала била-не била Харис

Ја прашуваат кога ќе одите на граница. „Ние сме биле на граница, сме биле на граница...“ повторува таа. „Ама вие лично не сте биле,“ ја потсетува новинарот а Харис, мртва-ладна, одговара во стилот „е добро де, јас не сум била ни во Сарамзалино, па што?“ Ете, и тоа еден ден ќе стане претседател на Америка.

1130 години оправданија за неносење кацига

Советот за безбедност на данските патишта ви порачува дека ве разбира и дека никој никогаш не сакал да носи кацига, ама тоа е и кацига мора да се носи.

Шеќерната бајка на мама

Мајка им уште кога биле мали им рекла дека ако јадат шеќер а после се напијат Диет Кола, шеќерот се поништува. Добро, да го видиме резултатот од таа мајчинска поука.

Колку само фали Луи

Едно старо парче од лустрираниот махер, овојпат со девојка која го преведува скечот со знаковен јазик. А скечот, за пушење. Ама, добра и таа. Ќе видите дека и вие делумно гои знаете тој јазик.

Кој не си ги познава другарите, скапо ги плаќа

Има една заебанција, вика, денеска отидов на состанок на сапорт група за предвремена ејакулација; испадна дека состанокот е утре. Е,па, дечково е за таму.

Мачето доби засилување

Мислевме еден читател не ни ја видел статијата „Има ли песна“ па ни го праќа видеото со измузичареното маче кое го имаме преслушано катаљарда пати. Ама не, ни пратил како тоа изгледа со засилување од неколкумина музичари од различни страни на светот. Прејако. Ни следуваат нова катаљарда слушања.

Мајтап со времето

Кога би знаеле да си играме со времето, вака би изгледало тоа. Пошто не знаеме, мора да се учат видео техники.

Виљушкар за секој дебармаалец

Некој на некого во Британија му паркира на влез во фарма. За несреќа на некој, некого има виљушкар ама нема некои дебели нерви.

Најточната и најбавна дефиниција на демократијата

„Демократијата во основа значи владеење од луѓето, на луѓето, за луѓето. Меѓутоа....“

Тони Пајк, хедонистичкиот крал на Ибица

Еден од оние луѓе за кои, макар чуле само дел од неговата биографија, би рекле: ех, тој да отвори уста... Дискретно, ама денес 83 годишниот Пајк и тоа како  отвора уста, за Фреди Меркјури, Грејс Џонс, Џорџ Мајкл како и за органското оправдување на неговата кого-удрам- не- жалам сексуална зависност. 

Дошло гадно време па се прашуваме

„Дали вреди да се бориме или треба сите да исполегнеме и да поцркаме?“ Убави 23 минути на таа тема со професорот по филозофија, Борис Братина, кој зборува за тоа дали самата околина го одредува животот на човекот или пак самите бираме да му робуваме на напредокот и на сопствената желба за поседување.