Почина Мишо Ковач
- Легендарниот далматински и хрватски пејач Мишо Ковач почина на 85 години.
- Роден е во 1941 година во Шибеник и растен на истата улица од која се дојдени уште двајца хрватски музички великани, Арсен Дедиќ и Вице Вуков.
- Со над 20 милиони продадени плочи и куп хитови кои уште се пејат, животот на Мишо Ковач беше испреплатен со спектакуларна слава, преполни стадиони и тешки семејни трагедии.
- Се женеше три пати, еднаш со една од најубавите жени во државата, Мис на Југославија, Анита Бутурина.
- Во 1992 година неговиот 16 годишен син Еди го губи животот под докрај неразјаснети околности. Мишо никогаш не ја прифати официјалната верзија дека се работи за несреќно самоубиство.
- Подоцна Мишо Ковач ги губи и мајка му и брат му. После неколкугодишна депресија, во 1999 година се обидува да се самоубие, пукајќи си во гради. Преживува.
- Разгрлена кошула, наочари, мустаќ, златни ланчиња и дигнати раце. Доволен му беше еден замав со раката за цел стадион да ја допее песната.
- „Има луѓе кои и за време на животот станале поголеми од себе, од збирот на сите свои плусеви и минуси.
Дали и колку нивните дела ви биле битни, што мислите за нивниот стил и слични, во други случаи обично важни работи, за таквите калибри не важат. Таквите се баждарени поинаку и не се судат со овоземни мерки.
Од таквите Хајлендери, ние го имавме Гоце Арнаудов, а Далмација го има Мишо Ковач.
Повеќекратен шампион во областа на музиката и повеќекратен губитник во областа на животот, Мишо е некој за кој ви е јасно дека колку и да мислите дека грешел, за тоа можат да судат само виши инстанци“, пишавме во воведот на неговото интервју за Оффнет кое го водеше Ноне Ноциќ (види: Моите песни можете да ги игнорирате, сè додека не се вљубите).
Оди сега биди паметен па реши која песна да ја одбереш од него: