Најголем договор во историјата: Никола Јокиќ има луда цифра на маса
28 September 2026
- Најдобриот кошаркар на денешницата, Никола Јокиќ, следното лето би можел да стане сопственик на највредниот договор во историјата на НБА лигата. Доколку остане во Денвер Нагетс, српскиот центар според актуелните проекции би можел да потпише петгодишен договор вреден околу 360 милиони долари.
- Иако ова лето имаше можност да потпише продолжување на соработката вредно 278 милиони долари за четири сезони, Јокиќ одлучи да почека уште една година. Со таков потег, тој си отвора можност за значително побогат договор во 2027 година. Самиот Јокиќ неодамна потврди дека неговата желба е да остане во Денвер и кариерата да ја заврши во клубот со кој ги постигна најголемите успеси.
- „Планот е следното лето да потпишам нов договор и да останам во Денвер до крајот на кариерата“, изјави српскиот ас.
- Сепак, НБА аналитичарот Кевин О'Конор смета дека Нагетс не треба целосно да бидат сигурни во неговото останување, иако засега сите сигнали укажуваат на продолжување на соработката.
- Јокиќ веќе испиша историја во најсилната кошаркарска лига во светот. Тој е трикратен МВП на регуларниот дел од сезоната, а во 2023 година го предводеше Денвер до првата шампионска титула во историјата на франшизата. Тогаш беше прогласен и за најкорисен играч на финалната серија, дополнително зацврстувајќи го својот статус како еден од најдоминантните кошаркари на својата генерација.