Канада разгледувала сценарио за воена инвазија од САД
25 September 2026
- Канадскиот премиер Марк Карни „внимателно го разгледувал“ и екстремното сценарио за американска воена инвазија врз неговата земја, откако претседателот Доналд Трамп почна да говори за Канада како 51-ва американска држава.
- „На оваа позиција имате одговорност да ги разгледате екстремните ризици, колку и да се малку веројатни. Тоа е едноставно управување со ризик. Не е основно сценарио, но би било неодговорно да не се подготвите за такво нешто“, изјави Карни во интервју за Њујорк тајмс.
- Премиерот не прецизираше што точно истражувала неговата влада ниту какви подготовки биле направени.
- И покрај несогласувањата, Карни вели дека често разговара со Трамп и сè уште гледа можност за продолжување на блокираните трговски преговори со САД.
- „Имаме добар однос во смисла на тоа дека можеме да се слушнеме и да разговараме за одредени прашања. Тој е директен. И јас сум директен. Така е многу поефикасно и знаеме дека тоа ќе продолжи“, изјави Карни.